Производи на попуст. Овде можете да најдете производи по намалени цени како и производи намалени заради нивниот пократок рок. Напомена: производите со краток рок се соодветно означени, останатите се намалени заради редовните акции кои ги правиме. Сите производи се достапни за онлајн нарачка со бесплатна достава.

Прикажани 15 производи

мечкино грозје -10%

Чај Мечкино грозје 50 гр

70 ден

– Латинско име: Arctostaphylos uva-ursi

– Подготовка на чај: 1 лажица се прелива со 400мл вода и се остава врие додека течноста не се намали до половина. Се остава 15 минути поклопен садот и се прецедува.

– Хемиски состав: фенолни гликозиди (арбутин и метиларбутин), ериколин, танини, гална киселина.

– Употреба: се употребува како ефикасно средство за подобрување на функцијата на органите за мокрење.

 

hepaklin cajna mesavina -10%

Чај Хепаклин 100 гр

196 ден

– Чајна мешавина за прочистување на црниот дроб

– Состав: глуварче, цикорија, чичок, коњско опавче

– Подготовка на чај: 1 супена лажица од смесата прелијте ја со 1 литар превриена вода, оставете го садот поклопен 15 минути и прецедете. Пијте во текот на денот.

– Активните компоненти од чајната мешавина му помагаат на црниот дроб подобро да се справи со токсините и штетните продукти. Се користи при цироза, хепатитис, воспаление на жолчката и жолчните канали, камен во жолчка.

urino mix чајна мешавина -10%

Урино микс – чајна мешавина 100 гр

160 ден
– Чајна мешавина за уринарни тегоби
– Состав: тегавец, глуварче, коњско опавче.
– Подготовка на чај: 1 кафена лажичка се прелива со 200мл зовриена вода, се остава покриен садот 15 минути и се прецедува. Пијте повеќе пати во текот на денот.
– Чајната мешавина има диуретско дејство, го стимулира излачувањето на урина и ги шири мочните канали. Доколку уринарните инфекции се повторуваат, се препорачува превентивна употреба.
мајчина душица -10%

Чај Мајчина душица 50 гр

97 ден
– Латинско име – Thymus serpyllum
– Подготовка на чај: 1 до 2 лажички(2гр) се прелива со 200мл зовриена вода, се остава покриен садот 10 минути и се прецедува.

– Хемиски состав: Содржи до 0.6% есенцијално масло, околу 7% танини, флавоноиди, горчливи материи, фенил-карбоксилни киселини.

 

– Употреба: се користи за искашлување, воспаление на дишните патишта и како антисептик.
камилица чај -10%

Чај Камилица 50 гр

88 ден

– Латинско име – Matricaria chamomilla L.

– Подготовка на чај: 1 лажица прелијте ја со (200мл) врела вода. Покријте го садот, оставете 5-10 минути и прецедете.

– Хемиски состав: Флавоноиди, етерично масло, кумарини, аминокиселини, горчливи материи, танини.

– Употреба: се користи при дијареа, грчеви и болки во стомакот, гасови, хемороиди, испирање на устата и за смирување.

релакс чај -10%

РЕЛАКС – RELAX чајна мешавина 100 гр

170 ден
– Чајна мешавина за смирување
– Состав: нане, камилица, маточина.
– Подготовка на чај: 1 кафена лажица од мешавината се прелива со 200мл зовриена вода, оставете го покриен садот 15 минути и прецедете. Чајот најдобро е да се пие навечер пред спиење.
– Чајната мешавина има благо седативно дејство, му помага на организмот подобро да се справува со контуинираните стресни состојби. Се препорачува при несоница, тешко заспивање и испрекинат сон.
бозел чај -10%

Чај Бозел 50 гр

106 ден
– Латинско име – Sambucus nigra
– Подготовка на чај: 1 кафена лажичка прелијте ја со 200мл превриена вода, оставете го садот поклопен 15 минути и прецедете.
– Хемиски состав: гликозид самбунигрин, 1-3% флавоноиди, есенцијално масло, тритерпени, танини, шеќери и витамини А,Б и Ц.
– Употреба: се користи при настинка, грип, стимулација на потење и воспаленија на синуси и носната празнина.
чај нане -10%

Чај Нане 50 гр

88 ден

– Латинско име – Mentha x piperita
– Подготовка на чај: 1 лажица прелијте ја со (200мл) врела вода. Покријте го садот, оставете 5-10 минути и прецедете.
– Хемиски состав: Флавоноиди, етерично масло, кумарини, аминокиселини, горчливи материи, танини.
– Употреба: се користи при дијареа, грчеви и болки во стомакот, подуеност, полесно варење на храната, гасови, хемороиди, испирање на устата, благо средство за смирување и камен во жолчка.

Детокс чајна мешавина -10%

ДЕТОКС – DETOX чајна мешавина 100 гр

196 ден
– Чајна мешавина за детоксикација на организмот
– Состав: глуварче, чичок, петровец, коприва, коњско опавче, цикорија.
– Подготовка на чај: 1 супена лажица се прелива со 500мл зовриена вода, се остава садот поклопен 15 минути и се прецедува. Пијте во текот на денот.
– Активните компоненти од чајот го забрзуваат метаболизмот, промовираат елеминирање на токсините, штетните продукти од метаболизмот на лековите и несоодветната исхрана. Чајот може да се пие превентивно без да имате изразени тегоби.
каантарион -10%

Чај Кантарион 50 гр

80 ден
– Латинско име – Hypеricum perforatum

– Подготовка на чај: 2 лажички (4гр.) се преливаат со 200мл зовриена вода, се остава покриен садот 10 минути и се прецедува.

– Хемиски состав: деривати на антрахинон хеперицин и псеудохиперицин, деривати на флороглуцин (хиперфорин), флавоноиди, биофлавоноиди, 8-9% танини, етерично масло, аминокислени.
– Употреба: се користи како антисептик, за третман на благи форми на депресија, возбуда, нервоза, тегоби во менопузата, чир на желудник, гастритис, дијареа, покажува добри резултати и при третман на вирусни и ретровирусни инфекции.

 

Чајната мешавина поволно делува на централниот нервен систем така што го зацвстува и стумилира, што доведува до поголема концентрација, добро расположение и будност. -10%

Енерџи микс 100gr

196 ден
– Чајна мешавина за енергичност
– Содржи: жалфија, нане, маточина, рузмарин
– Подготовка на чај: 1 супена лажица се прелива со 500мл превриена вода се остава садот покриен 15 минути и се прецедува. Пијте во текот на денот. Ако сакате да го засладите чајот можете да додадете кафеав шеќер или мед. Медот не го ставајте во жежок чај!
– Чајната мешавина поволно делува на централниот нервен систем така што го зацвстува и стумилира, што доведува до поголема концентрација, добро расположение и будност.
– Чувајте го на суво место.
стомачно олеснувања чајна мешавина -10%

Стомачно олеснување – чајна мешавина 100гр

178 ден
– Чајна мешавина за дигестивни тегоби
– Состав: петровец, глуварче, нане, ајдучка трева, кантарион, тегавец.
– Подготовка на чај: 1 супена лажица се прелива со 500мл зовриена вода , се остава покриен садот 15 минути и се прецедува. Пијте во текот на денот.
– Активните компоненти од чајот имаат корисен ефект врз дигестивниот систем така што ги смируваат надразнетите мукозни мембрани, ја намалуваат надуеноста и ја регулираат столицата. Се препорачува кај сите што имаат проблеми со цревата.
marherbs dishi slobodno -10%

Диши слободно – чајна мешавина 100 гр

178 ден
– Чајна мешавина за респираторни тегоби
– Состав: бозел. мајчина душица, липа, очајница.
– Подготовка на чај: 1 супена лажица се прелива со 1 литар зовриена вода, се остава 15 минути покриен садот и прецедете. Пијте во текот на денот.
– Активните компоненти од чајната мешавина помагаат на белите дробови да се исчистат и да се илзачат токсините преку потење, мокрење и преку цревата.
ajducka treva -10%

Чај Ајдучка трева 50 гр

90 ден
– Латинско име – Achillea millefolium
– Подготовка на чај:  2 лажички прелијте ги со 200мл зовриена вода, оставете го садот покриен 10-15 минути и прецедете.
– Хемиски состав: флавоноиди, есенцијално масло, алкалоиди, органски киселини, шеќери, тритерпени.
– Употреба: зa подобрување на апетитот, за олеснување на тегоби на органите за варење, за болки и грчеви во стомакот, за елиминирање на гасови, регулација на лачење на жолчката.
нега на кожа -15%

Neutrogena Bright Boost Ексфолијантен крем – 75ml

940 ден

Со формулата со АНА и природните зрнца за ексфолијација, овој ексфолијантен крем ги отстранува нечистотиите и мртвата кожа, со цел да уживате во посјајна и помазна кожа.Ги отстранува мртвите клетки од површината на кожата и од порите.Соодветно за сите видови кожа/тен.