Dr. Hauschka Rose Day Cream 30ml
Длабински хидрира, смирува, штити и исхранува
Кремот од рози е вистинска класика во Dr. Hauschka козметиката. Негува и ја штити сувата и чувствителна кожа склона кон црвенила. Воспоставува рамнотежа помеѓу маснотијата и влагата на кожата. Драгоцените екстракти од цветовите на роза и плодовите на дива роза ја хармонизираат и зајакнуваат структурата на кожата. Ши путер, восокот од рози и маслото од авокадо ја штитат кожата од исушување. Розата, белиот слез и кантарионот ја зајакнуваат и поттикнуваат нејзината сила и регенерација.
За сува, чувствителна кожа склона кон црвенила, за зрела кожа.
Dr. Hauschka Melissa Day Cream 30ml
Ја враќа рамнотежата на комбинираната кожа
Кремот од мелиса ја смирува кожата и истовремено помага кожата да ја пронајде својата рамнотежа. Мелисата има централна улога што ја води кожата во состојба на баланс. Мрсниот сјај е контролиран, сувите делови се хидрирани за смирен, блескав тен. Мелиса дневниот крем е идеален производ за чувствителна комбинирана кожа со тенденции кон сувост, маснотија и црвенило.
За комбинирана кожа.
Dr. Hauschka Regenerating Neck and Décolleté Cream 40ml
Обликува, видливо тонира и зацврстува
Регенеративниот крем за врат и деколте ја обновува виталноста на кожата, го одржува тонусот. Композиција со слез, листови на бреза, црвена детелина, масло од макадамија и арган ја штити кожата, ревитализира, интензивно негува и помага да ја задржи својата влажност. Регенеративниот крем за врат и деколте ја обединува моќта на квалитетени природни состојки (богати со есенцијални масни киселини и антиоксиданси), брзо се впива од кожата и има нежен мирис.
За зрела кожа
Dr. Hauschka Regenerating Day Cream 40ml
Го зајакнува тонусот и видливо ги намалува брчките
Регенеративниот дневен крем ја поттикнува природната регенерација на кожата и нејзината еластичност, ја балансира влажноста на кожата и дава чувство на мекост. Мирисна богата кремаста композиција која содржи црвена детелина, разделниче (надавка), ацерола, латици од роза, масло од авокадо, масло од семки од малина и ши путер, кои и даваат заштита на кожата во текот на целиот ден и ги задоволуваат сите потреби на кожата за регенерација.
За зрела кожа.
Dr. Hauschka Rose Day Cream Light 30ml
Хидрира и смирува
Идеален производ за дневна нега на нормална, сува и чувствителна кожа. Комбинација на роза, бел слез и детелина камењарка ја зајакнуваат кожата и ја поттикнуваат нејзината животна сила. Драгоцена водичка од роза, розин восок и екстракт од роза ја хармонизира и ревитализира кожата. Авокадо, корен од слез, сусамово масло и бадемово масло и помагаат на кожата да ја задржи својата влажност.
За нормална, сува и чувствителна кожа.