Прикажани 9 производи

Becutan шампон за деца

127 ден205 ден

Becutan шампон за деца во пакување од 200ml и 400ml

Good Nature Детокс Микс 20 ќесички х 2 гр

99 ден

Чајна мешавина која поволно дејствува за детоксикација на организмот

Чајната мешавина се состои од лист од нане, плод од бел трн, корен од глуварче, плод од сладок анасон, од лист од магдонос, цвет од бозел, лист од орев, лист од мечкино грозје и од сладок корен. Билките поволно дејствуваат за детоксикација на организмот исе препорачува чајот да се пие трипати на ден, незасладен.

Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата,а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.

Becutan детска витаминска маст

95 ден230 ден

Маст за секојдневна нега на бебешката кожа, особено во пределот што е покриен со пелена и во пределот каде што се формираат превои.

Good Nature Лакта микс

199 ден

ЧАЈНА МЕШАВИНА КОЈА ПОМАГА ЗА ЗГОЛЕМЕНО ИЗЛАЧУВАЊЕ МАЈЧИНО МЛЕКО КАЈ ДОИЛКИ

Светската здравствена организација силно го препорачува доењето како идеална храна за новороденчињата и за доенчињата. Водени од грижата за најмилите, сите состојки на овој чај ги одбравме со особено внимание, пред сè, за да бидат безбедни за здравјето на мајката и на доенчето.

 

„Лакта микс“ содржи мајчина душица, плод од ким, плод од сладок анасон, семе од грчко семе и лист од маточина. Оваа чајна мешавина помага за зголемено излачување мајчино млеко кај доилките.

Со особена грижа за вашите најмили.

Good Nature Енерго Ц – Чајна мешавина со додаден витамин Ц

92 ден

ДОДАДЕТЕ ДОЗА ЕНЕРГИЈА ВО СВОЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

Подгответе се за новата билна мешавина од Good Nature – чајот Енерго Ц. Грижливо одбрани

билки збогатени со витамин Ц, антиоксиданс неопходен за активно секојдневие.

Оваа билна мешавина содржи цвет од хибискус, плод од шипка, кора од портокал, корен од

ѓумбир (10 %) и природна арома која содржи витамин Ц.

Коренот од ѓумбир има стимулирачки својства кои помагаат во одржувањето на нивото на

енергија и кои го намалуваат заморот.

Витаминот Ц е една од суштинските состојки за секој организам, придонесува за намалување на

заморот, намалување на исцрпеноста и за нормален енергетски метаболизам.

Co 1 просечна порција = 200 ml приготвен чај ќе внесете 15 % од препорачаното дневно внесување

на витамин Ц.

Кога се чувствувате исцрпено и без енергија, дозволете си шолја чај Енерго Ц и уживајте во

богатата мешавина од вкусови и од мириси, која ќе ги разбуди сите ваши сетила!

Овој чај може да го консумирате како топол напиток или со додавање коцки мраз да го

приготвите како ваше дневно ладно освежување. Начинот на приготвување може да го најдете на

самото пакување.

Becutan шампон и пенливо 2 во 1

135 ден235 ден

Идеална комбинација на два производa за нега и за хигиена на детската кожа и коса во еден чекор.

Good Nature Релакс Б3 /Б6 – Чајна мешавина со додадени витамини Б3 и Б6

92 ден

ЗА ОПУШТЕН, БАЛАНСИРАН И ХАРМОНИЧЕН ДЕН

Чајот Релакс Б3 /Б6 претставува мешавина од специјално одбрани билки, која е збогатена со

витамините Б3 и Б6 , што ја прави одличен додаток во вашиот ритуал за релаксација во секој дел од

денот.

Цветот од лаванда и цветот од липа придонесуваат за релаксација на целото тело, додека, пак,

листот од матoчина придонесува за нормално когнитивно и ментално здравје, има релаксирачки

ефект и придонесува за квалитетен и за мирен сон.

Витамините Б3 и Б6 придонесуваат за нормална фунција на нервниот систем.

Оваа билна мешавина содржи цвет од камилица, лист од маточина (27 %), цвет од липа (13 %),

цвет од лаванда (13 %) и природна арома која содржи витамин Б3 и витамин Б6.

Co 1 просечна порција = 200 ml приготвен чај ќе внесете 15 % од препорачаното дневно внесување

на витамините Б3 и Б6 .

Чајот Релакс Б3 /Б6 е секогаш добредојден за вас и за вашето тело, а може да се консумира топол

или студен во кој било момент кога ви се потребни спокој и релаксација.

Good Nature Алкалакс чај филтер 20 ќесички x 1гр

75 ден

Чајот содржи лист од сена или популарно кај народот познат како мајчин лист. Листот од сена е најчесто користен растителен лаксатив, кој придонесува за нормално празнење на цревната содржина. Листот од нане ја намалува надуеноста и го олеснува испуштањето на гасовите. Исто така, дејствува спазмолитично, односно ги намалува грчевите во цревата и придонесува за нормално варење на храна.

Becutan пенливо средство за капење

127 ден210 ден

Пенливото средство за капење Becutan е благо средство наменето за нега на нежната детска кожа. Поради своите хипоалергенски својства, се препорачува за употреба уште од раѓање.