без глутен храна
Вистини и митови за безглутенската исхрана и луѓето кои треба да ја консумираат

Безглутенската исхрана најчесесто се поврзува со Целијакија – автоимуно заболување на дигестивниот систем, односно заболување на тенкото црево. Иако не е единствена, оваа состојба е најранлива кога станува збор за консумација на храна која содржи глутен.

Како е поврзан глутенот со оваа состојба?

Дури и консумација на мало количество глутен, може да направи проблеми кај луѓето кои го имаат ова заболување. Проблемите настануваат кога се консумираат продукти кои го содржат овој протеин како: пченицата, ‘ржта, овесот и јачменот. Истите ја оштетуваат слузницата на тенкото црево, што довдедува до неповолна апсорпција на нутритиентите, а во одредени случаи може да доведе и состојба на потхранетост кај одредени индивидуи.

Целијакијата не се лечи. Подобрувањето на состојбата на дигестивниот систем кај ова заболување се случува кога лицата кои страдаат од ова заболување, ја отстрануваат од употреба храната која содржи глутен.

Голем дел од асортиманот на храна кој го внесуваме секојдневно всушност содржи глутен, но и т.н. скриени извори на глутен. Затоа, луѓето со ова заболување треба внимателно да ги одбираат производите кои ги консумираат и да ги разбираат состојките кои во составот на самиот производ. Новите технологии кои се применуваат во производството на храна денес, создаваат безглутенски производи кои по првичен или оригинален рецепт би биле глутенски производи.

Производите без глутен се добиваат на два начини, едниот е  индустриско процесирање за отстранување на глутенот од самата храна, додека другиот е користење на заменски состојки. Секако, тука е и храната која сама по себе не содржи глутен без било каква обработка.

Неколку митови кои можеби често ќе ги слушнете, а се поврзани со глутенот:

  1. Луѓето со Целијакија не можат да јадат леб

Луѓето со Целијакија можат да јадат леб, но доколку е лебот без глутен. Денес ни се достапни разни видови леб без глутен, како и тестенини, тортиљи и други производи кои се прават од брашно.

 

  1. Нејадењето глутен е само нова мода или пребирливост

Целијакијата и нетолеранцијата на глутен се две состојби кои навистина постојат и кои се дијагностицираат преку лабораториски испитувања и други методи за кои може да ве информира вашиот лекар. Нејадењето на глутенски производи е всушност единствената можност за водење на нормален живот без тегоби кај овие состојби. Иако, навистина во некои случаи станува за личен избор на избегнување на глутенски производи од аспект на лично убедување, вкус, полесно варење на храната и сл. кај некои лица кои не страдаат од горенаведените состојби.

  1. Малку пченица нема да предизвика проблеми

Вистината е дека дури и мало количество глутен како 50 милиграми, може да предизвика проблем кај лица кои имаат Целијакија. Доколку земете предвид дека една кришка леб содржи и до 2.500 милиграми глутен, значи дека навистина премало парче на храна која содржи глутен може да направи проблем и да предизвика симптоми кај лице кое боледува од Целијакија.

  1. Целијакија и нетолеранција на глутен се иста состојба

Двете се состојби се слични, но нетолеранцијата на глутен не е заболување како Целијакијата. Разликата меѓу овие две е тоа што нетолеранцијата предизвикува симптоми на нарушена функција на дигестивниот систем и пропратни симптоми кои се јавуваат, но не ја оштетува слузницата на цревата како што е случајот кај Целијакијата.

Овој веб сајт користи веб колачиња. Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Политика за колачиња
СЕ СОГЛАСУВАМ
не се согласувам