здрави очи, болести на очите
6 работи кои вашите очи можат да ви ги кажат за вашето здравје

Велат дека “очите се позорец на душата”, сепак, истражувањата покажуваат дека нашите очи би можеле да бидат прозорец на нашето целокупно здравје. 

 Нашите очи можат да дејствуваат како сигнали за различни здравствени состојби, па важно е да обрнеме внимание на нивното здравје. 

 Ова се 6 работи на кои треба да внимавате. 

Црвенилото е чест проблем со очите, сепак, не треба да се игнорира. Црвенилото е воспаление на крвните садови на површината на окото и може да биде предизвикано од различни причинители. 

Црвените очи би можеле да бидат знак за сезонски алергии како што е алергија на полен. Алтернативно, постојат неколку инфекции кои можат да предизвикаат црвенило на очите како што се конјуктивитис и увеитис. 

Испакнатите очи или како што е познато медицински, “егзофалмос”,  понекогаш се предизвикани од болести на тироидната жлезда. Во оваа состојба, имунолошкиот систем ги напаѓа масните киселини и мускулите околу окото, предизвикувајќи окото да отече и да се испакне. 

Некои луѓе се родени со испакнати очи, така што оваа состојба не е секогаш причина за загриженост. Сепак, ако забележите значајна промена во обликот на очите, пожелно е да посетите очен лекар. 

Јачменот се појавува во близина на трепките, предизвикан е од бактерии кои влегуваат во лојните жлезди на очните капаци. Тие се обично безболни, исчезнуваат со времето и можат да се третираат дома, освен ако не се големи и интрузивни. 

Понекогаш, јачменчињата можат да бидат знак за посериозни заболувања, како што е ракот на кожата. Ако се чувствувате загрижени, лекарот може да ја процени вашата ситуација и да види дали треба да се отстранат. 

Ксантелазма е името за жолтите лепенки кои понекогаш се појавуваат на очните капаци. Тие обично се безболни и можат да бидат индикатор за високо ниво на холестерол во крвта. 

Од време на време, можете да забележите слепи точки во вашето видно поле. Ако ова се случува редовно, причината може да биде мигрена, особено ако сликата пред очите е придружена со трепкачки точки. Доколку почувствувате и главоболка, веднаш посетете го вашиот лекар. 

Ако имате дијабетес, секогаш треба да обрнете внимание на вашите очи. Кај оваа болест се јавува дијабетична ретинопатија, состојба предизвикана од оштетување на крвните садови на ретината. Ова може да доведе до темни точки на сликата што ја гледате. 

Овој веб сајт користи веб колачиња. Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Политика за колачиња
СЕ СОГЛАСУВАМ
не се согласувам