Совети за одржување на мускуло скелетниот систем

Во денешното време со модерниот начин на живот и функционирање се повеќе се зголемува потребата за внес на додатоци во исхраната , т.н суплементи , кои што ќе го подобрат функционирањето на мускуло скелетниот систем.
Најчесто суплементите се користат како би се одржало здравјето на коските , зглобовите , мускулите и другите ткива во телото .
Оваа се едни од најчестите суплементи кои се користат за подобрување на функцијата на за мускуло скелетниот систем.

1. Калциум – минерал неопходен за изградба и одржување на локомоторниот систем, преку исхраната не се внесува доволна количина на овој есенцијален минерал.

2. Куркума – еден од нај популарните додатоци на исхраната кој во вид на суплемент често се користи. Здравствените придобивки се поврзани со нејзините главни состојки кои имаат големо антиоксидантно дејство а во последно време се користи и за намалување на ризикот од хронични болести, дијабет, срцеви заболувања, Алцхајмер и невро дегенеративни болести . Иако истражувањата покажуваат дека Куркумата има благотворно дејство , концентрацијата е многу ниска и се апсорбирта доста тешко, затоа се користат суплементи кои што содржат изолиран Киркумин и негови специјални формули кои лесно се абсорбираат.

3. Хијалоуронска киселина – суплемент кој најчесто се користи за подобрување за здравјето на кожата зглобовите и очите. Природно се наоѓа во телото во зглобовите, сврзното ткиво и синувијалната течност. Нејзина главна улога е влагата на ткивата со што ги одршува лизгави, полни и еластични. Како суплемент често се зема во вид на капсули, таблети или течност . Има нај нови истражувања кои кажуваат дека оралниот внес го подобрува здравејто на кожата, намалува болка во зглобовите и го прави еластично сврзното ткиво.

4. Витамин Ц – игра важна улога во процесот на севкупниот организам, имунолошкиот одговор, зараснување на рани и создавање на колаген. Внесот во доволни количини преку исхраната е недоволен затоа е секогаш потребна и додатна доза на витамин Ц . Се зима како суплемент во вид на таблети , прашок или во комбинација со други суплементи . Затоа е многу важно да се зема дневно препорачаната доза на витамин Ц зависно од возраста.

5. Колаген – облик на протеин кој што природно се наоѓа во нашиот организам , вклучително кожата, коските, рскавицата и тетивите. Како суплемент се користи за подобрување на сите составни делови на организмот кожа, коса, зглобови , нокти и коските. Исто така помага во зацврстување на коските и зглобовите нормално во зададени потребни нутритивни параметри. Како составен дел на рскавиците игра важна улога во здравјето на сите зглобови во организмот, допринесува до намалување на болката и ја подобрува фнкцијата посебно кај пациенти со постоечки остеоратритис , меѓутоа сите овие суплементи не се лек кој што е магично делувачки затоа се препорачуваат и дополнителни лекарства , консултации, терапии и преглед кај доктор специјалист. Добрата исхрана, физичката активност и здравиот начин на живот сепак се многу важни за одржување на здравото тело .

Важно е да се напомене дека  на пазарот постојат голем број на суплементи кои се нудат за користење на луѓето кои се засегнати со ваквата проблематика но есенцијално е важно да се напомене дека мал број на производи ја содржат горе наведената структура која е синергична и делува позитивно на ваквите состојби.

М-р Д-р. спец. Оливер Алексовски

Препорачани производи

Овој веб сајт користи веб колачиња. Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Политика за колачиња
СЕ СОГЛАСУВАМ
не се согласувам