Страницата не е пронајдена. – eVit.mk https://www.evit.mk Онлајн аптека - брза достава до сите градови Mon, 25 Mar 2024 08:39:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.1 https://www.evit.mk/wp-content/uploads/2021/04/cropped-evit_mk_ico-32x32.jpg Страницата не е пронајдена. – eVit.mk https://www.evit.mk 32 32 Моќта на недопрената природа за поддршка на имунолошкиот систем во борба со вирусите! https://www.evit.mk/mokjta-na-nedoprenata-priroda-za-poddrshka-na-imunoloshkiot-sistem-vo-borba-so-virusite/ Mon, 22 Jan 2024 11:55:40 +0000 https://www.evit.mk/?p=71668

Бајкалскиот шлемник (Scutellaria baicalensis) е билка која во традиционалната кинеска медицина се употребува преку илјада години и има многу докажани придобивки за нашето здравје. Во стандардизираниот екстракт од корен на Бајкалски шлемник влегуваат голем број амино киселини, етерични масла, флавоноиди, стероли и др.

Од најголема важност како основна биолошко активна компонента во неговиот состав е бајкалинот. Голем број клинички испитувања го докажуваат антивирусното дејство на бајкалинот, особено против инфлуенца вирус тип А и B и респираторно синцицијален вирус (RSV), кои што се меѓу основните причинители на инфекции. Бајкалинот го блокира врзувањето на вирусот со клетката-домаќин и го спречува размножувањето и ширењето на вирусот во организмот.

Бајкалинот има и антиинфламаторно дејство, го подобрува антиинфламаторниот одговор на организмот, потиснувајќи го ослободувањето на проинфламаторни цитокинини. Има антиоксидантна активност и ја подобрува имунолошката заштита зголемувајќи го производството на интерферон.


Бајкалскиот шлемник може да потпомогне при:
– грип и вирусни инфекции,
– респираторни заболувања (бронхитис, пневмонија),
– бактериски и габични инфекции,
– како превентива во период на чести респираторни инфекции,
– за поддршка на имунитетот,
– при инфекции на дигестивниот систем,
– при стрес и напнатост,
– при недостаток на тонус и енергија.

]]>
Детокс после празниците https://www.evit.mk/detoks-posle-praznicite/ Thu, 11 Jan 2024 12:20:41 +0000 https://www.evit.mk/?p=71140

Празниците се зад нас и сите се чувствуваме малку уморни и исцрпени. Виновникот за ова го наоѓаме во разни забави на кои присуствувавме, недостатокот на сон или празничните фамилијарни трпези. Никој не верува дека зголемениот внес на храна и алкохол всушност е главниот виновник за таквата состојба. За време на празниците ретко кој внимава на исхраната и внимателно ја избира храната што ќе ја јаде. Впрочем, сите јадеме се што ни се сервира на трпезата, без да размислуваме какви последици ќе има за нас подоцна.

Зголемениот внес на храна го успорува нашиот метаболизам. Почнуваме да таложиме масни наслаги, се чувствуваме тешко, уморно и тромаво. Зголемен е и внесот на нездрави јаглехидрати и масти, најчесто преку колачи. Тие се можеби и главниот виновник зошто се чувствуваме уморни. Имено, белиот шеќер и брашното се празни калории кои немаат никаква хранлива вредност. Со нивно консумирање го оптоваруваме нашиот организам и трошиме енергија за нивна преработка, а тие всушност не ги хранат нашите клетки. Тоа предизвикува чувство на замор и исцрпеност, најчесто после обилен оброк и секако, задолжителниот десерт што следи. Ние исто така го исцрпуваме телото со акумулирани пестициди и тешки метали кои се наоѓаат во различни преработени намирници.

По празниците, јадењето здрава и балансирана храна може да помогне во детоксикација на телото. Овошјето како што се бобинките, агрумите и брусницата се богати со антиоксиданси, додека брокулата ја поддржува детоксикацијата на црниот дроб. Ѓумбирот и куркумата имаат антивоспалителни својства, а исто така важна е и хидратацијата и пиењето многу вода.
Секако дополнително можеме да му помогнеме на организмот со додатоци во исхраната кои содржат природни екстракти за детоксикација на организмот и ги забрзуваат процесите на чистење на организмот. Како прв избор секогаш доаѓаат додатоците во исхраната кои што содржат екстракт од Магарешки трн, затоа што тој природно изобилува со силимарин, состојка која докажано делува на регенерацијата и чистењето на црниот дроб. Помага во заштитата на клетките на црниот дроб од оштетување предизвикано од токсините и ја промовира регенерацијата на здравото ткиво на црниот дроб.
Екстрактот од куркума, која е добро позната на сите нас, содржи соединение наречено куркумин, кое има моќни антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Тоа помага да се намали воспалението и го поддржува целокупното здравје на црниот дроб.

Екстрактот од артичока е уште една клучна природна состојка за детокс и чистење на организмот која помага да се стимулира работата на жолчката, која игра клучна улога во варењето на храната и апсорпцијата на мастите. Дополнително, артичоката традиционално се користи за поддршка на здравјето на црниот дроб и жолчното кесе.

Ова се само некои од билките и додатоците во исхрана кои му помагаат на телото да ги елиминира токсините акумулирани за време на празниците. Секако пред да направите значителни промени во Вашата исхрана, добро е да се консултирате со нутриционист или лекар.

]]>
Рана менопауза – симптоми, ризици и совети! https://www.evit.mk/rana-menopauza-simptomi-rizici-i-soveti/ Tue, 09 Jan 2024 10:45:42 +0000 https://www.evit.mk/?p=70996

Раната менопауза е тема која загрижува многу жени. Самата помисла дека месечниот циклус може да престане кога најмалку очекуваме е застрашувачка за секоја жена.

Сепак, постои разлика помеѓу предвремена и рана менопауза. Менопаузата што се јавува пред 40-тата година се нарекува предвремена, додека онаа што се јавува на возраст од 40 до 45 години се нарекува рана менопауза. Околу 5% од жените природно минуваат низ рана менопауза. Може да има многу причини за тоа. Пушењето и одредени лекови или третмани може да предизвикаат појава на менопауза порано од вообичаеното. Во оваа статија ќе дознаеме повеќе за причините за оваа состојба и начините на кои можеме да ја спречиме.

Раната или предвремена менопауза може да се појави сама по себе без очигледна причина или поради операција, одредени лекови или други здравствени проблеми.

Причините можат да бидат различни:

Генетски – жените со семејна историја на рана или предвремена менопауза имаат поголема веројатност да го искусат истиот проблем.

Рана менструација – ако првата менструација сте ја добиле на 11 години или помлади, многу е веројатно предвреме и да влезете во менопауза.

  • Пушење – откриено е дека жените кои пушат може да доживеат менопауза до две години пред непушачите. Тие исто така може да доживеат потешки симптоми на менопауза.
  • Хемотерапија или зрачење на карлицата – овие третмани може да ги оштетат јајниците и да предизвикаат менструацијата да престане за одреден период или засекогаш.
  • Операција за отстранување на јајниците – хируршкото отстранување на двата јајници може веднаш да предизвика симптоми на менопауза. Циклусот престанува по оваа операција и нивото на хормоните многу брзо паѓа. Може да се појават силни симптоми на менопауза како што се топли бранови и намален сексуален нагон.
  • Операција за отстранување на матката – жените кои имале хистеректомија, со која се отстранува матката, можат да ги задржат своите јајници. Со зачувани јајници, веројатноста веднаш да влезете во менопауза е мала, бидејќи јајниците ќе продолжат да произведуваат хормони. Подоцна, овие жени може да доживеат природна менопауза една или две години порано од очекуваното.
  • Автоимуни заболувања – кај разни заболувања на тироидната жлезда и ревматоиден артритис, иако ретко, имунолошкиот систем на телото кој вообичаено се бори со заболувањето, може по грешка да ги „нападне“ јајниците и да ги спречи да произведуваат хормони.
  • ХИВ и СИДА – жените со ХИВ чија инфекција не е добро контролирана со лекови може да доживеат рана менопауза. Жените со ХИВ може да имаат и потешки топли бранови од здравите жени.
  • Синдром на хроничен замор – жените со мијалгичен енцефаломиелитис/синдром на хроничен замор имаат поголема веројатност да имаат рана или предвремена менопауза.

Како да препознаете дали поминувате низ предвремена или рана менопауза?

Првиот симптом дека поминувате низ менопауза е кога повеќе од 12 месеци по ред немате месечен циклус. Доколку имате некој од следниве симптоми – топли бранови, нередовни менструации, невообичаено крварење, проблеми со спиењето и сувост на вагината – треба да се јавите кај вашиот матичен гинеколог. Вашиот гинеколог ќе Ве прегледа и ќе Ве упати да ги направите соодветните испитувања за Вашиот хормонален статус (естроген, FSH и сл.)  врз основа на што Вие ќе знаете дали се уште можете да забремените и дали станува збор само за привремено пореметување на месечниот циклус или навистина влегувате во рана менопауза.

Кои се здравствените ризици од предвремената и раната менопауза?

Генерално, жените со рана менопауза се изложени на поголем ризик за срцеви заболувања и остеопороза, бидејќи овие жени ќе живеат подолго без здравствените придобивки од повисоките нивоа на естроген. Исто така раната менопауза може да предизвика и појава на потешки симптоми како и појава на депресија заради раното губење на плодноста на жената.

Како да се носиме со раната менопауза?

Ако сте погодени од рана менопауза, важно е да добиете лекарска помош која ќе Ви помогне да управувате не само со симптомите на менопаузата, туку и да го намалите ризикот од развој на други заболувања кои можат да настанат поради недостаток на естроген. Постојат два пристапи и терапии кои што ги препорачуваат лекарите:

  • Хормонска супституциона терапија – најчесто се дава комбинирана терапија со естрогени и прогестерон. Користење само на естрогенска терапија е можна само доколку пациентката нема матка. Хормонската терапија ги контролира и смалува симптомите на менопауза и има заштитен ефект на коските, крвните садови и срцето. Најчеста несакан ефект на овој тип на терапија е ризикот од карцином на дојка. Сепак, модерните истражувања укажуваат на минимално зголемен ризик за карцином на дојка со многу поголем заштитен ефект на другите органи.
  •  Фитоестрогени – супстанци кои се наоѓаат во растенија (сојата, ноќничето, црвената детелина), а се со слична структура како и естрогените. Кај жени во менопауза фитоестрогените се врзуваат за рецепторите и делуваат како естрогени. Имаат послаб ефект и обично се даваат кај жени со минимални симптоми. 

И за крај, прашањето кое веројатно секоја жена си го поставува – Дали раната менопауза може да се одложи?

Не постои јасен доказ дека промената на однесувањето може да ја одложи менопаузата. Сепак  одредени фактори го зголемуваат ризикот од рана или предвремена менопауза. Доколку сте пушач, добро е да го намалите бројот на цигари или целосно да ги прекинете. Можно е да се одложи менопаузата за краток временски период со помош на редовна, здрава и балансирана исхрана и здрав начин на живот кој вклучува и лесна физичка активност. 

]]>
Волшебната билка од Перу со моќно противвоспалително и имуномодулирачко дејство! https://www.evit.mk/volshebnata-bilka-od-peru-so-mokjno-protivvospalitelno-i-imunomodulirachko-dejstvo/ Tue, 26 Dec 2023 10:47:54 +0000 https://www.evit.mk/?p=70469

Откријте ги неверојатните лековити својства на Мачешката канџа – Саменто!

Мачешката канџа е растение со многу здравствени придобивки, кое се уште не е толку познато на нашите простори. Името на билката доаѓа од закривените боцки на гранчињата на растението, кои потсеќаат на канџите на мачка. Кората на растението мачешка канџа (саменто) расте во џунглите во Перу. Со векови се користи од локалното перуанско население.

Кората и корените на растението го зајакнуваат имунолошкиот систем преку алкалоидите што ги содржат кои ја зголемуваат способноста на белите крвни зрнца да ги проголтаат патогените и да ги уништат. Локалното население ја користи оваа билка уште од времето на Инките против разни воспаленија, чир на желудникот, ревматизам, дизентерија, цревни проблеми и рани. Оваа ретка билка содржи преку 100 различни корисни материи (флавони, алкалоиди, гликозиди, полифеноли, проантоцијанидини, тритерпени и др.) со широк спектар на дејство и со право ја носи титулата за „Најмоќен природен имуномодулатор“, а суплементите со екстракт од мачешка канџа (саменто) се во 5-те најпродавани имуномодулатори во САД.

Флавоните кои ги содржи мачешката канџа (саменто) имаат голема улога во различни ензимски процеси и моќно антиоксидантно дејство кое ги штити клетките од слободните радикали и ги успорува процесите на стареење. Научно е докажано дека екстрактот од мачешка канџа (саменто) му помага на организмот во борбата со преку 300 различни заболувања, ја потпомага општата состојба на организмот и му потпомага побргу да закрепне после долги и тешки боледувања. Сите досегашни студии за ефикасноста на екстрактот од мачешката канџа ја потврдуваат неговата супериорност во споредба со многу други познати и популарни билки за имунолошкиот систем како што се печурките реиши, ехинацеата, сибирскиот женшен и мн. други.

Екстрактот од мачешка канџа се препорачува при:

– намален имунитет, вируси и настинки, силна исцрпеност на организмот, замор, летаргија и склоност кон инфекции,
– воспалителни процеси (хронични воспаленија како што се артритис, остеоартритис и ревматски артритис),
– гастроинтестинални проблеми, интоксикација и ингестија на токсични и штетни материи.
– за ублажување на состојбата на организмот при алергии, астма, синузитис, поленска треска и инфекции на респираторниот тракт.

Мачешката канџа (саменто) може да се користи во форма на капсула, чај или тинктура. Неговата уникатност лежи во неговото адаптогено дејство и го балансира имунолшкиот систем. Тоа значи дека по потреба кога имунолошкиот систем е слаб делува на негово зајакнување, а кога имунолошкиот систем е посилен делува на негово потиснување. Неговата употреба во препорачаните дози нема несакани дејства. Но сепак не се препорачува да го употребуваат деца, бремени жени и доилки, како и луѓе кои пијат терапија за разредување на крвта или за хипертензија.

]]>
GESKE® Германската револуција во негата на кожата од сега достапна и во Македонија https://www.evit.mk/geske-germanskata-revolucija-vo-negata-na-kozhata-od-sega-dostapna-i-vo-makedonija/ Wed, 20 Dec 2023 10:35:26 +0000 https://www.evit.mk/?p=70077

GESKE® благодарение на напредно користење на AI технологијата за Вас прави персонализирана дневна рутина за беспрекорна нега на Вашето лице.

Во светот на убавината и негата на кожата, глобално сите зборуваат за новиот, револуционерен бренд. Станува збор за германскиот бренд GESKE® German Beauty Technology кој поставува нови стандарди во козметичката индустрија нудејќи иновативни и достапни апарати за нега на кожа кои може да ги употребувате од комфорот на Вашиот дом.

Широката палета на револуционерните козметички апарати за нега е засилена и надополнета и со најразлични козметички производи за нега на различните типови на кожа.

GESKE® ги спојува во едно холистичкиот пристап, технолошките иновации, ергономскиот дизајн и препораките на дерматолозите и на тој начин го унапредува и го искачува на едно повисоко ниво целокупниот концепт за нега на кожата. Во прилог на тоа сведочат и бројните престижни награди за иновација кои ги освојува компанијата. Во понудата на GESKE® можете да пронајдете апарати со различни намени: за чистење на кожата, за масажа и нега на лице, апарати со микро иглички, anti-age апарати со микро струја и сл. Квалитетот и достапните цени, како и паметната апликација на GESKE® SmartAppGuided™ која нуди персонализирани дневни рутини ја издигнуваат секојдневната нега на едно повисоко ниво и им овозможуваат на сите жени да можат да си дозволат беспрекорна лична нега на своето лице во зависност од нивните специфични потреби. Секој апарат од GESKE® може да се употребува за различни состојби на кожата.

Иновативни решенија за убавина

Она што го издвојува GESKE® и го прави посебен је иновативната линија на апарати за негата на кожа. Изборот на соодветните апарати за нега на кожа во зависност од Вашите лични потреби и специфичности на Вашата кожа од сега можете да го препуштите на паметната и бесплатна апликација која е достапна за сите.
Покрај тоа што ја скенира кожата, GESKE® AI технологијата оди чекор понапред и го користи најдоборото од оваа технологија за да направи детална анализа на Вашата кожа и за Вас да изработи комплетно персонализирана дневна рутина за нега. Апликацијата е смислена како Ваш помошник и водич и е тука за Вас, да Ви помогне во избор на производи, како и понатаму преку видеа да Ве води чекор по чекор како да ги употребувате апаратите и козметичките производи.

Долготрајност и достапни цени

Германскиот бренд GESKE® е горд со својата креација на производи наменети за долготрајна употреба. Гаранцијата на производите трае и до 15 години. Квалитетната нега на кожа од сега благодарение на GESKE® може да си ја дозволат сите, благодарение на достапните цени. Придружете се на големото и брзо растечко семејство на презадоволни корисници на производите на GESKE® и дозволете си да бидете негувани и здрави од комфорот на Вашиот дом. Откријте го најпаметниот начин за грижа на Вашата кожа и одберете ги GESKE® производите специјално наменети за Вашата персонализирана дневна рутина.

]]>
За придобивките од црвениот корејски жен-шен – Коренот на животот – за младост и долговечност! https://www.evit.mk/za-pridobivkite-od-crveniot-korejski-zhen-shen-korenot-na-zhivotot-za-mladost-i-dolgovechnost/ Wed, 22 Nov 2023 08:25:35 +0000 https://www.evit.mk/?p=68645

Жен-шенот е лековито растение признаено со векови во Азија, кое во последно време станува се попопуларно на Запад заради неговите многубројни придобивки за телото. Со неговиот уникатен и богат нутритивен состав, кој вклучува моќни антиоксидантни и антиинфламаторни соединенија, има низа здравствени придобивки за организмот. Од сите видови жен-шен, кинески, сибирски,м американски, хималајски… црвениот корејски жен-шен (panax ginseng) е еден од најистражуваните и со клинички потврдено дејство и ефикасност.

Црвениот корејски жен-шен е познат како крал на адаптогените. Тој се употребува со векови во народната медицина како средство кое што го потпомага здравјето на целиот организам. Неговото име Panax потекнува од грчкиот збор панацеа што буквално значи „билка која лекува се“. Жен – Шенот има моќно имуностимулирачко, адаптогено, антистресно, тонизирачко, афродизијачко и закрепнувачко дејство. Ја зголемува физичката и психичката работоспособност, го подобрува дишењето и работата на белите дробови, го намалува заморот, го подобрува снабдувањето на мозокот со крв и кислород, потпомага на организмот да се адаптира на стрес и различни оптоварувања на органимзот. Ја зголемува отпорноста на организмот кон штетните влијанија на животната средина. Панаксовата киселина која што ја содржи коренот на црвениот Жен – Шен ја нормализира размената на материи и работата на ендокриниот систем. Исто така влијае благопријатно врз работата на крвните садови и работата на срцето, ја зголемува амплитудата и ја намалува фреквенцијата на срцевите контракции. Го регулира нивото на инсулин и шеќер во крвта и ја подобрува подвижноста на сперматозоидите.

Врз основа на сето погоре опишано врз основа на научни истражувања може да заклучиме дека црвениот корејски жен-шен најмногу се препорачува за потпомагање при следните проблеми и состојби:

При тешки физички и психички оптоварувања;
За намалување на хроничниот замор и стрес;
При проблеми со концентрација и помнење и За подобрување на фокусот и меморијата;
При ослабен имунитет како последица од долготрајно боледување, за зајакнување и закрепнување на организмот;
При ерективна дисфункција и машки стерилитет, влијае позитивно врз подобрување на машкото здравје;

Употребата на црвениот жен-шен според истражувањата не покажува никакви несакани дејства врз организмот. Се препорачува да се употребува континуирано во период од 3-4 месеци, по што се препорачува да се направи пауза. Дневната препорачана доза на црвен корејски жен-шен се движи од 200 mg до максимум 3 g.

]]>
Дијабетес, прекумерна тежина, холестерол – решението е БЕРБЕРИН! https://www.evit.mk/dijabetes-prekumerna-tezhina-holesterol-reshenieto-e-berberin/ Thu, 09 Nov 2023 11:50:21 +0000 https://www.evit.mk/?p=68140

Берберинот предизвика голема бука во индустријата за додатоци во исхраната! Со секој изминат ден, берберинот станува сè попопуларен меѓу луѓето со афинитет за хербални лекови и здрава исхрана. И тоа е затоа што берберинот има огромна предност во однос на голем број други, уште попопуларни состојки со антиоксидантни својства. Причината за ова е што неговите позитивни ефекти немаат граници – има својства со широк спектар кои влијаат на симптомите на дијабетес, високи нивоа на холестерол, дебелина (особено во пределот на стомакот), деменција и многу повеќе! Од особен интерес се резултатите од неодамнешното истражување спроведено за ефектите на берберинот, според кои овој моќен антиоксиданс нуди исклучителни придобивки и за посттрауматско стресно нарушување!

Поради значајните клинички придобивки што ги обезбедуваат, растенијата што содржат берберин се почитувани меѓу билкарите и практичарите на модерната природна медицина. Од почетокот на 20-тите години на минатиот век, во многу земји во светот, а особено во Кина, берберинот постепено влегува во улога на природен лек со широк спектар на примени.

Берберинот е природен производ со висока биолошка активност кој е добро познат во ајурведската и кинеската традиционална медицина за борба против паразити, инфекции и за регулирање на вредностите на шеќер и липиди во крвта. Берберинот се добива од различни билки, но најквалитетниот берберин е добиен од куркуминовото дрво што гарантира исклучително висококвалитетен и концентриран екстракт со високо биолошка активност. Постојат стотици научни истражувања кои го проучуваат дејството на Берберинот и ја потврдуваат неговата ефикасност која пред се се должи на неговото дејство врз специфични ензими чија што активност се зголемува при дијабетис. Покрај тоа  ја оптимизира отпорноста на инсулин, ја стимулира гликозата, го намалува производството на шеќер во црниот дроб, го забавува разградувањето на јаглени хидрати во цревата, активно ја подржува нормалната цревна микрофлора. Неговото дејство е споредбено исто со најчестите фармацевтски лекови за дијабетис, а неговата предност е што има природно потекло и е безбеден за употреба без никакви контраиндикации. Берберинот го регулира метаболизмот на масти, ги намалува нивоата на триглицериди и серумскиот холестерол, ја подржува работата на кардио-васкуларниот систем и спречува таложење на маснотии со што допринесува и во регулирање на телесната тежина. Сето ова со право го прави берберинот еден од најкомплексните и најделотворни природни производи при метабиолички синдром кој што се одликува со обезност и инсулинска резистентност со покачен крвен притисок, зголемени вредности на холестерол и шеќер во крвта и висок атеросклеротичен ризик.

Берберинот се препорачува при:

  • дијабетес II тип,
  • преддијабетини состојби;
  • наследен ризик за дијабетис;
  • нарушен метаболизам на јадглехидрати и липиди;
  • покачени вредности на холестерол и триглицериди;
  • покачена телесна тежина; метаболички синдром.

Од сето ова можеме да заклучиме дека берберинот е безбеден и ефикасен за употреба и не предизвикува несакани ефекти. Вообичаената стандардна дневна доза изнесува 500 mg два до три пати дневно, пред јадење.

]]>
Монолаурин безмилосниот уништувач и на најотпорните бактерии https://www.evit.mk/monolaurin-bezmilosniot-unishtuvach-i-na-najotpornite-bakterii/ Tue, 31 Oct 2023 09:29:00 +0000 https://www.evit.mk/?p=67340

Често пати не можеме да си претставиме како во нашето тело секојдневно се одвива битка, како на борбено поле помеѓу „добрите“ и „лошите“ бактерии. „Пријателите“ наспроти „непријателите“ на имунитетот. Долго време фокусот на науката и медицината беше да откријат лекови против бактериите кои што ги предизвикуваат болестите во нашиот организам. Но во таа борба се појавува еден сериозен проблем – резистентност кон антибиотиците. Најчестите инфекции станаа отпорни на традиционалните антибиотици, а луѓето умираат од претходно излечиви заболувања.  Токму затоа науката го промени својот фокус и се започна со потрага на нови решенија. Во центарот на тој фокус се најде монолауринот кој се смета за еден од најперспективните и најделотворни уништувачи на габите и бактериите кои што се резистентни на стандардните лекови. Научниците се надеваат дека еден ден монолауринот може да се искористи за создавање на нов антибиотик или антивирусен лек кој е ефикасен против широк спектар на микроби.

Тоа за сега е малку познато, но нашето тело веќе го знае неговото моќно дејство, бидејќи за прв пат го прима со самото раѓање преку мајчиното млеко.  Мајчиното млеко покрај останатите нутритивни состојки, содржи во просек 6,2% лауринска киселина, која на бебето му обезбедува хранливи материи за раст и развој, му дава имунолошка заштита која ги компензира незрелите заштитни механизми на организмот.

Што точно претставува монолауринот?

Монолауринот е додаток во исхраната добиен од лауринска киселина, масна киселина со среден ланец што се наоѓа во кокосовото и палминото масло. За прв пат беше синтетизиран од проф. Џон Кабара од Универзитетот во Детроит. За своето истражување тој користи лауринска киселина добиена од мајчиното млеко и глицерол. Оваа супстанца е широко проучувана ин витро и ин виво за нејзиниот потенцијал да деактивира одредени вируси, бактерии и други микроби.

Најновите истражувања го анализираат потенцијалот на монолаурин да покаже антивирусни, антибактериски и антифунгални својства во контролирани лабораториски студии, како и да се користи како моќен имуностимулант, вклучително и против обична настинка, грип и херпес зостер. Во храната, монолауринот се користи како конзерванс во производството на сладолед, маргарин и шпагети.

Истражувањата за монолаурин сугерираат дека тој е способен да ги инактивира вирусите обложени со липиди како што се херпес, цитомегаловирус, грип и разни патогени бактерии и протозои. Се вели дека монолауринот се врзува за липидно-протеинската обвивка на вирусот, со што го спречува врзувањето со клетките домаќини, со што го прави размножувањето невозможно. Покрај тоа истражувањата покажуваат дека монолауринот ја разградува заштитната вирусна обвивка, убивајќи го вирусот.

Употребата на монолауринот е побрза и поефикасна од лауринската киселина заради неговата целосна апсорпција во организмот, без да предизвика несакани ефекти врз дигестивниот систем.

Монолауринот според големиот број клинички испитувања има позитивни ефекти против бактериски инфекции како што се Borrelia burgdorferi и Borrelia garinii (познати дека предизвикуваат Лајмска болест), Candida albicans (која може да предизвика габични инфекции), H. Pylori или Helicobacter Pylori (што предизвикува гастритис и чир), C. difficile, Giardia lamblia и Entamoeba histolytica. Истражувањата покажаа дека монолауринот е ефикасен против вирусни, бактериски (грам позитивни) и габични инфекции како настинка, свински грип, генитален херпес и многу други.

За крај можеме да заклучиме дека монолауринот е високо ефикасен додаток во исхраната кој има изразено дејство против вирусите обвиени со липиди. Овој естер на лауринска киселина и глицерол драматично ја намалува нивната способност да се репродуцираат, напаѓаат и да ги инфицираат човечките клетки. Од друга страна, дејството на монолауринот го подобрува сопствениот имунитет на организмот и му помага да се справи со вирусните инфекции.

Извор: Езигбо, Вероника О., Мбаегбу Емануела А. „Екстракција на лауринска киселина од кокосово масло, нејзини апликации и здравствени ефекти врз некои микроорганизми“.

Извор: Thormar H, Isaacs CE, Brown HR, Barshatzky MR, Pessolano T. „Инактивирање на обвиени вируси и убивање на клетки од масни киселини и моноглицериди. Антимикробни средства и хемотерапија“.

Извор: Kabara JJ, Swieczkowski DM, Conley AJ, Truant JP. Масни киселини и деривати како антимикробни агенси. Антимикробни агенси’.

Извор: Ружин А, Новик Р.П. Еквивалентност на лауринска киселина и глицерол монолаурат како инхибитори на трансдукцијата на сигналот кај Staphylococcus aureus.

Извор: Goc, A., Niedzwiecki, A. and Rath, M. (2015), Ин витро евалуација на антибактериската активност на фитохемикалиите и елементите во трагови против Borrelia burgdorferi и Borrelia garinii. J Appl Microbiol,

Извор: Bergsson G, Steinrı́msson O, Thormar H. Бактерицидни ефекти на масни киселини и моноглицериди.

]]>
Д-р Бабамова: Кариесот може да се отстрани на безболен начин! Како најлесно до здрави заби? https://www.evit.mk/d-r-babamova-kariesot-mozhe-da-se-otstrani-na-bezbolen-nachin-kako-najlesno-do-zdravi-zabi/ Tue, 17 Oct 2023 06:46:08 +0000 https://www.evit.mk/?p=66769

Д-р Бабамова: Кариесот може да се отстрани на безболен начин! Како најлесно до здрави заби?

Повеќето од нас одат на стоматолог откако ќе не заболи заб! Го одложуваме одењето на забар, и не обрнуваме какви четки за заби користиме. Купуваме најефтини четки, а потоа  постојано ни се прават наслаги, се создава  забен камен, дури и полошо непцата ни крварат.

А се може да биде поинаку!

Кариесот може безболно да се отстрани навреме, а потоа забите секојдневно да ги одржуваме со квалитетни јапонски четки за заби кои содржат кварц, и кои ќе изгледаат како да се полирани.

Стравот од стоматолог, е чувство кое треба да се остави во минатото!  Денес стоматологијата е толку многу напредната, се работи со софистицирана опрема и технологија така што стравот кој постои од одење на стоматолог е крајно непотребен, вели стоматологот Д-р Лилјана Бабамова.

Таа во својата ординација воведе иновативен метод на  воздушна абразија со која кариесот се отстранува на комплетно безболен начин, со млаз од воздух и прашак, а може да се користи и кај деца и кај возрасни.  “Нема болка, непријатен звук, вибрации и стрес. Методата е многу конфорна, третманот релаксирачки. Освен ваквите придобивки, оваа метода го штеди здравото забно ткиво од прекумерно одземање, а влијае и на квалитетот на финалните изработки. Се третираат лезии, од површни до најдлабоки, а се овозможува и третирање на повеќе заби во една сеанса и тоа без употреба на анестезија. Истовремено праксата потврдува дека пломбите изработени со оваа метода, траат двојно подолго“ вели Д-р Бабамова.

Таа ги препорачува четките за заби со кварц Мизуха кои многу ефикасно ги отстрануваат наслагите.  Тие се со најнова технологија на влакна од природна керамика и оставаат силно чувство на чистота и ефект на полирани заби. Можат да се нарачаат онлајн! Со нив наслагите полесно и побрзо се отстрануваат, а она што е интересно е дека е потребна помала количината на паста која треба да биде нанесена на работната површина на четката при четкањето.

Со секојдневна употреба на четките за заби Мизуха исчезнуваат забните наслаги, крварењето од непцата, се зголемува превенцијата за појава на гингивит и парадентоза. Делуваат антибактериски, уникатни се и даваат долготрајно чувство на чисто. Гарантираат темелно и ефикасно отстранување на забните наслагите и забниот плак, дури и од најтешко достапните места. Поседуваат јонизирачко и антибактериско дејство, допринесуваат за редуцирање на бројот на бактерии во усната празнина како и на самата четка.

Д-Р Бабамова истакнува дека не сме свесни колку се важни забите за општата здравствена состојба, и колку тие влијаат на различни органи во нашето тело. Болестите на устата и забите може да предизвикаат непријатност и болка и да бидат поврзани со други сериозни здравствени проблеми. Половина од луѓето во светот страдаат од орални заболувања, како што се расипување на забите и заболување на непцата, што може да влијаат на секој аспект од животот, од лични односи и самодоверба до функционирање во училиште и на работа.

Одењето на стоматолог веќе нема да се поврзува само со болка,  туку со здрави бели заби и  убава насмевка која позитивно делува на нашата самодоверба!

 

]]>
Моќта на спирулината: нутритивна суперхрана https://www.evit.mk/mokjta-na-spirulinata-nutritivna-superhrana/ Wed, 20 Sep 2023 13:17:45 +0000 https://www.evit.mk/?p=65339

Спирулината, едноклеточна сино-зелена алга, цвета на Земјата со векови. Оваа древна форма на живот, која се наоѓа во слатки води, езера и реки е самообновувачки организам со извонредна издржливост.

Чистa, природна и без конзерванси, спирулината е многу лесно сварлива, што ја прави погодна за поединци од сите возрасти. Всушност, служи како одлична замена за вештачки произведените минерали и витамини поради нејзината густа концентрација на хранливи материи.

Мноштво придобивки

Во спирулината се наоѓа импресивна низа есенцијални витамини. Бета каротенот, познат и како витамин А, служи како силен антиоксиданс, кој се наоѓа во спирулината во количество 39 пати поголемо од она во морковите.

Природните антиоксиданси алфа и гама каротеноиди синергистички обезбедуваат силна заштита на телото. Дополнително, спирулината изобилува со витамини од Б-групата, вклучувајќи го и Б-12, кој ја поддржува функцијата на нервните клетки.

Протеини и амино киселини – гориво за телото

Со извонредна содржина од 63% растителни протеини, спирулината ги содржи сите есенцијални и неесенцијални амино киселини. Овој висок протеински состав го прави идеален додаток во исхраната за вегани, вегетаријанци, спортисти и поединци кои се на специјални диети или режими на исхрана.

Богатство од витални елементи

Спирулината може да се пофали со богат минерален профил. Имено, таа го надминува спанаќот по содржина на железо и обезбедува вредни количини на калциум, цинк, фосфор, селен и магнезиум.

Есенцијални масни киселини

Во спирулината може да се најдат омега-3 и омега-6 масни киселини, заедно со гама-линоленска киселина (GLA). Овие есенцијални масни киселини играат клучна улога во одржувањето на целокупното здравје.

Искористување на моќта на бојата

Фикоцијанинот, пигмент кој изобилува во спирулината, игра витална улога во стимулирањето и зајакнувањето на имунолошкиот систем.

Дополнително, хлорофилот, уште еден истакнат пигмент, покажува извонредни сличности во составот со хемоглобинот што се наоѓа во човечката крв.

Додека хемоглобинот содржи железо, хлорофилот содржи магнезиум. Хлорофилот помага во производството и надополнувањето на црвените крвни зрнца, го зголемува нивото на енергија, го чисти телото, се бори против инфекциите и промовира побрзо зараснување на раните и подобрена циркулација.

Исто така, поседува антисептички својства, ги зајакнува ткивата и ги прави отпорни на бактерии и микроорганизми.

Здравствените придобивки од спирулината

Спирулината нуди огромен број здравствени придобивки:

  • Ја поддржува функцијата на имунолошкиот систем.
  • Ги подобрува перформансите на дигестивниот тракт.
  • Го потиснува апетитот.
  • Ја олеснува детоксикацијата.
  • Го забрзува метаболизмот
  • Ја подобрува концентрацијата и меморијата.
  • Го намалува високиот крвен притисок.
  • Ја подобрува крвната слика.
  • Ја зголемува издржливоста

Начин на употреба

Таблетите спирулина можат да ги користат луѓе од сите возрасти. Возрасните можат да земаат 4-6 таблети на ден со храна или помеѓу оброците, најдоцна 4 часа пред спиење. Се препорачува за употреба кај жени за време на менструација и менопауза.

Спирулината може да се користи и како маска за лице. Ако имате мрсна кожа, здробете 2-3 таблети и измешајте со малку вода и намачкајте го на лицето.
Ако имате сува кожа, згмечете 2-3 таблети и измешајте со малку јогурт или крем и намачкајте го на лицето.
Маската се суши на лицето 15 минути, а потоа отстранете ја со миење со млака вода.

Спирулината се користи како додаток за правење слатки и шејкови. Може да се користи и како додаток на јадењата со додавање на прашокот како зачин за време на готвењето на крајот од термичката обработка. Се препорачува да се користи на температура пониска од 42 °C, за да се зачуваат сите хранливи материи.

Важно е да се каже дека спортистите можат да земаат повеќе таблети дневно поради зголемената потреба за дополнителна енергија!

]]>