пробиотици или пребиотици
Пробиотици и пребиотици за здрава цревна флора

Пробиотиците се живи микроорганизми, кои природно ги има во нашиот гастроинтестинален тракт а внесени во соодветни количини се корисни за нашето здравје.

Слабата дигестивна функција е главен фактор во повеќе од 90% од сериозните здравствени проблеми. Здравиот дигестивен систем е камел темелник на доброто здравје. Ако правилно не ја варите храната која ја јадете, Вашиот организам не ги добива сите нутриенти што му се потребни, доведувајќи до намачлување на силата, лошо здравје и забрзано стареење.

Постојат многу фактори кои се вклучени во здравата дигестивна функција, а еден од најважните е балансот на бактериите присутни во човечкиот гастроинтестинален тракт. Постојат различни пробиотски бактерии и секој вид има специфични функции во човечкиот организам. Многу фактори го нарушуваат овој баланс – лекарства, сиромашна исхрана, инфекции, стрес, лоши бактерии и стареење.

Антибиотиците кои ги користиме ја уништуваат цревната флора и на тој начин често доведуваат до нарушување на нејзината рамнотежа. Тоа резултира со развивање на некои гвасни габи, како Candide albicans, која често предизвикува пролив, запек или некои други нарушувања во функционирањето на дигестивните органи. Како негативна нуспојава на лечењето со антибиотици често се јавува населување на организмот со габи, што стана многу распространета појава. Габични промени може да настанат во белите дробови, усните, рацете, нозете, помеѓу прстите, под ноктите и во вагиналната слузница.

Полезните бактерии (пробиотици) се оние кои се борат против патолошките бактерии 24 часа дневно за да се овозможи правилна дигестија, апсорбција и елиминација на отпадните материи од Вашиот организам. Нашиот интестинален тракт не содржи бактерии кога се раѓаме туку тие прво се колонизираат преку доењето. За жал, прекумерната употреба на антибиотици доведува до намалување на добрите бактерии а тоа го прави Вашиот организам отворен за инфекции, особено кај децата чиј имунолошки систем сеуште се развива.

Лактобацилите и бифидобактериите оддржуваат здрава рамнотежа на цревната флора со продуцирање органски материи како млечна киселина, водород пероксид и оцетна киселина кои ја зголемуваат киселоста на цревата и ја спречуваат репродукцијата на многу штетни бактерии. Пробиотските бактерии исто така продуцираат супстанци наречени бактериоцини, кои делуваат како природни антибиотици кои ги убиваат несаканите микроорганизми.

Познато е дека во дигестивниот тракт односно цревата на секој човек има многу видови на бактерии кои се делата на “добри” и “лоши” бактерии. Се додека тие се во рамнотежа – варењето се одвива нормално, нема подуеност, болки, секоја храна може добро да ја свариме. Проблемите настануваат кога “лошите” бактерии ќе преовладаат. Се пореметува варењето, доаѓа до подуеност, не може да се свари. За таа цел се препорачува пробиотик (acidophilus).

Lactobacillus acidophilus е добро проучен вид на микрофлора која е високо отпорна на желудочната киселина и е способна да се размножува во присуство на жолчна киселина. Продуцира дигестивни ензими како протеази, липази, лактази и е најважниот пробиотик присутен во нашиот интестинален тракт.

Streptococcus thermophilus бактеријата е изолирана од јогурт и се препорачува за луѓето кои не се толерантни на лактоза, за да помогне во дигестијата.

Bifidobacterium bifidum е еден од главените носители на работата на цревата. Има висока отпорност на желудочна киселина.

Bifidobacterium longum е бифидобактерија од човечко потекло, која исто така, е екстремно отпорна на желудочната киселина и жолчните соли. Служи како ефикасен зајакнувач на имунолошкиот систем и ги намалува серумските нивоа на холестерол.

Полезности од пробиотици

  • го спречуваат развојот на штетните бактерии, промовираат добра дигестија, ја зголемуваат имунолошката функција и ја зголемуваат отпорноста на инфекции
  • ја прочистуваат цревната флора и поттикнуваат нормализација на перисталтиката,
  • Crohnovа болест, улцерозен колитис, хроничен колитис, иритабилен колон, хемороиди, желудечни тегоби (гастритис, чир, Helicobacter pylori инфекција), обновување на цревната микрофлора после секоја антибиотска терапија и хемотерапија
  • инфекции на урогениталниот систем (воспаление на мочниот меур, матката, простата), потребно е е да се зема подолг временски период, особено кај упорните coli и Candide albicans.
  • ја помагаат продукцијата на витамини и минерали
  • го поддржува имунолошкиот систем
  • го поддржува дигестивното здравје
  • ја потиснува габата Candida albicans чиј раст го потикнуваат антибиотиците, а која предизвикува габични инфекции на кожата, устата, органите за варење, гениталиите, белите дробови
  • нормализирање на корисната цревна флора и детоксикација од штетните бактерии
  • кај нарушен имунитет и склоност кон алергии
  • спречува раст на многу стрептококи и пнеумококи
  • помага во намалувањето на нивото на холестерол во крвта, учествува во процесот на преработка и асимилација на млечниот шеќер (лактоза), протеините, мастите и амино киселините од млекото
  • има одредена улога и во процесот на синтеза на витамините од Б-комплексот

Кога да се земаат пробиотици?

  • После и за време на користење на антибиотици, за возрасните се препорачуваат 2 капсули дневно најмалку 2 недели, а на децата 1 капсула најмалку 1 недела.
  • За регулација на проблемите со дигестија и варење се препорачува дневно да се земаат 2 капсули пред оброк до олеснување на проблемот. Потоа да се продолжи со земање на 1 капсула дневно..
  • Во случај на габични заболувања капсулите на пријателските бактерии може да се користат повеќе месеци, за време и после препорачаните третмани со лекови.
  • За време на сезонските инфекции се препорачува превентивно да се земаат 1-2 капсули дневно, особено за болни, постари лица и деца.
  • За време на патувањата не заборавајте со себе да ги земете и своите пријателски бактерии кои ќе ве заштитат од инфекции

-Секаде и секој ден една пробиотска капсула на ден.

Секогаш бирајте суплемент кој што содржи повеќе соеви на бактерии, и кој што е сертифициран за да бидете сигурни дека внатре го има тоа што е наведено на пакувањето. Бројот на бактерии во дневна доза исто така е важен.

Пребиотици

Пребиотиците за разлика од пробиотиците, не се живи микроорганизми, туку состојки добиени од храна кои допринесуваат за раст и активност на живите микроорганизми или поедноставно кажано тие се храна на пробиотиците или “добрите бактерии”.

Како што знаеме во нашите црева живеат милиони бактерии, “добри” и “лоши” или патогени. За здрав и витален организам од голема важност е бројот на добрите да надвладее над бројот на лошите бактерии. За оддржување на здрава и урамнотежена цревна микрофлора важна помош обезбедуваат пребиотиците, несварливи влакна, кои добрите бактерии односно пробиотиците ги користат како храна. Пребиотиците селективно го потткинуваат растот и активноста на пробиотиците и на тој начин позитвно влијаат врз здравјето на организмот.

Што е Инулин?

Растворливи растителни влакна – пребиотици, од кои најистражуван е инулин, се наоѓаат во многу видови храна, а поголемиот дел од нив се наоѓаат во коренот на цикорија, има сладок вкус а може да се користи и како засладувач.

Инулинот е полисахарид кој припаѓа на групата на влакна наречени фруктани. Тие обично се наоѓаат во овошје, зеленчук и генерално во растенија особено во пченица, банани, праз, артичок, глуварче и цикорија корен.

Нашето тело не може да го апсорбира инулинот, но бактериите кои живеат во цревата можат да го користат инулинот за свој раст и развој. Поради оваа карактеристика, често е додаток на разни пробиотички јогурти. Бидејќи нашето тело не може да го разложи на моносахариди, инулинот не го зголемува нивото на шеќер во крвта. Поради оваа причина, може да се користи од страна на дијабетичари.

Пробиотик или пребиотик?

Повеќето луѓе имаат проблеми со стомакот. Што ако би можеле да го зголемите бројот на добри бактерии во вашиот дигестивен систем многу побрзо и подобро? Кога во телото ќе влезе пребиотик инулин, храна за добри бактерии, тие се дуплираат на секои 20 минути.

Корисните бактерии создаваат неповолни услови за растот на патогените микроорганизми. Тие помагаат да се добијат важни хранливи материи и енергија од храната, се промовира апсорпција на калциум, синтеза на витамин Б12, регулирање на шеќерот во крвта, хормони, невротрансмитери. Тоа е исклучително важно што имаме голем број на корисни бактерии.

Најчестите симптоми на дисбиоза (пореметување на цревната флора) се:

  • Проблеми со варење
  • Анксиозност
  • Депресија
  • Алергии
  • Дебелеење или губење на тежината
  • Надуеност и киселини
  • Болка во зглобовите
  • Автоимуни болести
  • Егзема, псоријаза и акни
  • Ниска енергија во текот на денот
  • Кандида проблеми

Ако имате еден или повеќе од овие симптоми, најверојатно имате проблеми со цревната флора.  Модерниот начин на живот неизбежно предизвикува дисбиоза, а особено:

  • Прекумерна и несоодветна употреба на антибиотици
  • Прекумерно внесување на алкохол
  • Хроничен стрес
  • Исхрана богата со шеќери, преработена храна и транс масти
  • Исхрана со прскано овошје и зеленчук

Ако имаме нарушена функција на дебелото црево односно ако сите органи работат совршено и ако се храниме најздраво но  ако немаме добра цревна флора, хранливите материи што ги консумираме нема да се апсорбираат и токсините нема да се елиминираат од нашето тело.

Главните придобивки од  инулинот се:

  • Третиран дигестивен тракт
  • Зголемена апсорпција на хранливи материи и елиминација на токсини
  • Зајакнување на имунолошкиот систем
  • Намалување на воспаление
  • Намалување на симптомите на анксиозност и депресија
  • Намалување на симптомите на сезонски алергии и алергии на храна
  • Превенција на остеопороза и рак на дебелото црево
  • Намалување на ризикот од срцеви заболувања
  • Регулирање на хормонската работа
  • Регулирање на метаболизмот
  • Регулирање на автоимуни и кожни болести

Инулин е лесно растворлив во било која течност и неговата консумација е многу пријатна, а ефектите врз здравјето се сеопфатни и фундаментални. Инулинот не е лек, но воспоставува нарушен баланс во нашето тело. Конзумирањето на инулин е најдобар начин да се врати и одржува здравјето на дебелото црево, а со тоа ефикасно и трајно решавање на проблем. Само со внесување на 5 грама инулина, бројот на корисни бактерии се зголемува за неколку стотици милијарди.

Инулинот спречува запек и овозможува правилно функционирање на цревата: помагајќи да се развие нормална цревна флора, го олеснува варењето на храната. Според многу студии, го стимулира растот на бифидобактерии и лактобацили во дози од пет до 10 грама дневно.

Овој веб сајт користи веб колачиња. Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Политика за колачиња
СЕ СОГЛАСУВАМ
не се согласувам