Прикажани 19 производи

Pharmacy Cosinus, 30 таблети

229 ден

Таблети од растително потекло за третман при тегоби со синуси.

Sinomarin Adult spray 125ml

419 ден

100% Природен 100% Безбеден Клинички Докажан Назален Деконгестив

Идеален за деца над 6 години и возрасни.

Ја ослободува назалната конгестија (затнатиот нос)
Чисти и одзатнува
Единствен 2.3% NaCl хипертоничен раствор од морска вода кој што може да се употребува континуирано со месеци без притоа да се има било каков несакан ефект.

Aqua Maris Talaso Кесички со морска сол...

320 ден

Aqua Maris Talasoterapija кесички – Содржат комбинација на морска сол и медитерански билки смил и мирта.

Наменети за растворање и подготовка на раствор за лаважа (измивање) на носна слузница кај лица со акутен и хроничен ринитис или синузитис и алергии, за одржување на хигиената на носот и носната шуплина, особено за спортистите и рекреативните спортисти, во случај на потешкотии при дишењето како резултат на престој во простории со централно загревање и климатизација.

Етеричното масло од кесичките има антисептичко дејство, ја омекнува слузта и има корисен ефект врз дишните патишта.

MARISOL FRESH 50ML

283 ден

Marisol fresh sprej раствор за нос е раствор од морска сол, збогатен со етерско масло од еукалиптус. Наменет е за оние лица кај кои е отежната правилната физиолошка функција на носната слузокожа, како и за секојдневно одржување на хигиената на носната шуплина. Marisol fresh растворот ја враќа природната влажност на носната слузокожа, способноста за самопрочистување и нормална продукција на слуз која ја штити од сушење и механички надразнувања (чад, прав итн.). Ја подобрува проодноста и го олеснува циркулирањето на воздухот низ горните дишни патишта, а тоа е особено корисно при настинка, грип, како и кај проблемите со синуси. Растворот е збогатен со етерично масло од еукалиптус кое дејствува антисептично, го ублажува отокот на носната слузокожа и помага при инфекции на горните дишни патишта.

KRKA Септаназал спреј за возрасни 10 ml

191 ден

Септаназал за возрасни се употребува:

  • За намалување на отокот на носната слузница при воспаление на носната слузница (ринитис) и за заздравување  на повредите (лезиите) на слузницата
  • За олеснување при неалергиско воспаление на носната слузница (вазомоторен ринитис)
  • За лекување на отежнато дишење низ носот по операција на носот

KRKA Септаназал за деца спреј за нос,...

191 ден

Септаназал за деца се употребува:

  • За намалување на отокот на носната слузница при воспаление на носната слузница (ринитис) и за заздравување на повредите (лезиите) на слузницата
  • За олеснување при неалергиско воспаление на носната слузница (вазомоторен ринитис), за лекување на отежнато дишење низ носат по операција на носат

MARISOL JET СПРЕЈ ЗА НОС 120 ml

382 ден

Marisol Jet е хипертоничен спреј за нос со морска вода која доаѓа од заливот Канкал во Франција и се одликува со исклучително висока чистота и квалитет (Класа А). Marisol Jet претставува целосно природен деконгестив кој овозможува механичко чистење и ослободување на горните дишни патишта, како и намалување на отокот на мукозните мембрани.

Процент на натриум-хлорид во Marisol Jet спрејот е 2,2%.

Marisol jet е 100% природен, на база на морска вода богата со минерали, без конзерванси. Има силен деконгестивен ефект, благодарение на хипертоничните својства. Ја навлажнува и регенерира назалната слузница и со испирање ги отстранува алергените и честичките од надворешната средина кои доведуваат до иритација.  Marisol jet има ергономски апликатор кој овозможува едноставно и комфорно користење.

Marisol Jet со деликатно распрскување може да се користи секојдневно и погоден е за примена кај бебиња веќе од 3 месеци и за деца.

PULMINT Инхалатор

127 ден

Pulmint fresh инхалаторот за нос се користи при отежнето дишење и затнат нос.

Pulmint fresh во својот состав содржи ментол и масло од еукалиптус.

MARISOL STRONG JET СПРЕЈ ЗА НОС, 120...

366 ден

Marisol Strong Jet е хипертоничен спреј за нос на база на морска вода , природно богата со минерали,  со потекло од заливот Канкал во Франција, прочуена по својот висок квалитет и исклучителната чистота ( Класа А ). Marisol Strong Jet претставува целосно природен назален деконгестив кој овозможува механичко чистење и ослободување на горните дишни патишта, како и намалување на отокот на мукозните мембрани.

Marisol Strong Jet е 100% природен, и без конзерванси, додека со посебни технолошки постапки е овозможено да најважните благотворни својства на природната морска вода бидат целосно зачувани. Има силен деконгестивен ефект, благодарение на хипертоничните својства. Ја навлажнува и регенерира назалната слузокожа, и со испирање ги отстранува алергените и честичките од надворешната средина, кои доведуваат до иритација. Marisol Strong Jet има ергономски апликатор кој овозможува едноставно и комфорно користење.

Marisol Strong Jet со распрснувањето со  оптимална јачина и млаз во вид на глејзер може да се користи секојдневно и е погоден за примена кај деца од 3 години и возрасни.  Процентуално натриум-хлорид во Marisol Strong Jet-от е 2,2%.

ABOPharma SILVERTUSS спреј за нос 15 ml

400 ден

симптоматски третман на нос (морска вода, течен екстракт од прополис, екстракт од црна рибизла, етерно масло од еукалиптус, етерно масло од чајно дрво, колоидно сребро)

Sinomarin Children spray 100ml – хипертоничен спреј...

392 ден

100% Природен 100% Безбеден Клинички Докажан Назален Деконгестив. Идеален за деца над 1 година и возрасни.

Aqua Maris Plus спреј за нос, 30ml

224 ден

Благотворна морска вода од Јадранско море, богата со соли и олигоелементи во комбинација со d-panthenol за регенерација и навлажнување на оштетена и сува слузница на носот.

Aqua Maris Strong Nasal Spray, 30 ml

220 ден

Aqua Maris Strong назален спреј е хипертонична морска вода која има благотворно дејство на слузницата на горниот респираторен тракт. Поради содржината на сол, прочистената морска вода Aqua Maris® Strong го отстранува вишокот течност од мукозните мембрани на носот, а со тоа го намалува нејзиниот оток и го олеснува дишењето. Бидејќи Aqua Maris® Strong ја поддржува физиолошката состојба на мукозната мембрана и нема никакви системски ефекти, може безбедно да се користи и од деца, како и од бремени жени и доилки и постари лица.

  • Погоден за возрасни и деца над 3 години
  • 100% природен спреј за нос
  • Содржи силна прочистена морска вода
  • Обезбедува долготрајна нега

Aqua Maris Classic Спреј за нос, 30ml

210 ден

Прочистена, изотонична морска вода од Јадранско море со природни минерали наменета за секојдневна хигиена на носот кај деца, возрасни, бремени жени и доилки.

  • Ја чисти и навлажнува слузницата на носот

Epsilon Health Nozalys relief nasal spray 20ml

429 ден

N-acetyl cysteine ​​и MSM индицирани за секојдневна назална хигиена;
помага во регулирање на назалниот секрет и го спречува создавањето на бактериски биофилм;
ја намалува сувоста со благо хидратација на мукозната мембрана.

BOSNA Lynase nasal spray 30 ML.

334 ден
  • LYNASE® хипертоничен спреј за нос збогатен со лизозим, се препорачува кај затнат нос кај секоја особа која е на возраст над 1 година.
  • LYNASE® хипертоничен спреј во контакт со слузницата во носот делува така што активно го извлекува вишокот на вода од мукозните мембрани, со што се намалува отокот во носната слузница. Освен тоа, LYNASE® хипертоничниот спреј го разредува густиот, леплив секрет во носот, ја чисти носната шуплина од прашина, загадување, алергени, микроорганизми.

LYNASE® хипертоничниот спреј е единствен спреј за нос кој е збогатен со лизозим – состојка од природно потекло, која се создава по природен пат во носниот секрет и претставува најважен фактор во природниот имунитет во носот.

  • Лизозимот во носната шуплина функционира така што ги забрзува движењата и ја стимулира активноста на епителните ресички (цилии), кои помагаат во чистењето на носната шуплина од насобраниот секрет со што се олеснува дишењето
  • Лизозимот во носот делува антибактериски, антивирусно, антиалергиски, имуномодулаторно, противвоспалително, делува прорегенеративно, на начин што ја забрзува регенерацијата на оштетената носна слузница.

LYNASE® хипертоничниот спреј за нос се препорачува:

  • Кај затнат нос, каде постои отежнато дишење за време на настинка (вирусен ринитис), алергиски ринитис, синуситис или грип
  • Во случај кога класичните деконгестиви* се контраиндицирани (на пр. болести на штитната жлезда, висок крвен притисок, болести на срцето, шеќерна болест)
  • За подобрување на ефикасноста на класичните деконгестиви и намалување на времетраењето на нивното користење

LYNASE® спрејот нема ограничување во должината на употреба, бидејќи, благодарение на составот од природно потекло, не создава зависност ниту предизвикува несакани дејства.

*Деконгестиви се лекови кои го намалуваат отокот на слузницата на носот, непроодноста на носот, како и нелагодното и обилно воденесто истекување на секрет.
Пакување: 30 мл

Pharmacy Cosinus ISO – Спреј за нос...

188 ден

pH пуфериран физиолошки ратвор, со екстракт од алое вера, во облик на спреј.

Го разредува мукозниот секрет, што придонесува за отстранување на слузата од носот и синусите.

Ги навлажнува сувите носни патишта, го олеснува чистењето на носот и синусите и го подобрува дишењето.

MARISOL HYPERTONICA 50ml

283 ден

Marisol hypertonica спреј раствор за нос е хипертоничен раствор кој се одликува со единствена содржина на морска сол. Концентрацијата на сол во овој раствор соодветствува со салинитетот на морската вода. Бидејќи растворот е од хипертоничен тип, содржи повеќе сол во споредба со човековите физиолошки течности. Овој тип на раствор по примената врз отечена носна слузокожа брзо и ефикасно ја “извлекува”, т.е. дренира водената содржина, при што отокот на слузокожата брзо се намалува и дишењето се олеснува. Дренирањето настанува како резултат на осмотскиот ефект на хипертоничниот раствор. Наменет е за лица кај кои е отежната нормалната физиолошка функција на носната слузокожа. Marisol hypertonica растворот брзо ги олеснува тегобите кај затнатиот нос, а притоа не постојат ограничувања во однос на долготрајноста на неговата примена, бидејќи не ја оштетува слузокожата на носната шуплина и не доведува до појава на толеранција.

Sinomarin mini spray 30ml

275 ден

100% Природен 100% Безбеден Клинички Докажан Назален Деконгестив. Идеален за деца над 1 година и возрасни.