Прикажани 17 производи

Rilastil Xerolact PB балзам 200ml

1,353 ден

Мелем против иритација Rilastil Xerolact што ги надополнува липидите ги смирува црвенилото и чешањето со брзо и трајно дејство, намалувајќи ја зачестеноста на епизодите на силна сувост. Помага во обновувањето на бариерата и микробиотата на кожата*. Ја враќа еластичноста и удобноста на кожата. Индициран за силна сувост на кожата на бебиња, деца и возрасни, за кожа склона кон атопика и подложна на чешање.
* in vivo тест.

 

Kiberg Zinc Gluconate таблети

346 ден

Zinc Gluconate таблетите содржат цинк, кој е суштински минерал кој се наоѓа во речиси секоја клетка и е од витално значење за бројни процеси во телото. Цинкот ја стимулира активноста на неколку ензими и затоа е вклучен во нормалниот раст на клетките и синтезата на протеини, плодноста и репродукцијата, нормално ниво на тестостерон, здрав имунитет. Придонесува да се одржи квалитетот на ноктите, косата и кожата.

BOSNA Стоматидин раствор

156 ден

Лекот се применува во следниве индикации:

  • Лекување на лесни инфекции на орлната шуплина, вклучувајќи инфекции со габички
  • Помош во превенирање и третман на воспаление на непцата (гингивитис)
  • Болно грло
  • Елиминирање на лошиот здив од усната шуплина

Пакување: 200 мл

BOSNA Royal ReVita Jelly

1,032 ден

ROYAL ReVITA Jelly е комбинација од матичен млеч и женшен, растение со стимулирачки својства. Оваа комбинација е наменета за употреба во состојби на голема физичка и ментална исцрпеност.

JGL Исландски лишај сируп, 150 мл

63 ден

Сирупот има двоен ефект, се користи за ублажување на сува (надразнителна) кашлица и за олеснување на искашлувањето кај влажна кашлица.

 

 

Aqua Maris Strong Nasal Spray, 30 ml

220 ден

Aqua Maris Strong назален спреј е хипертонична морска вода која има благотворно дејство на слузницата на горниот респираторен тракт. Поради содржината на сол, прочистената морска вода Aqua Maris® Strong го отстранува вишокот течност од мукозните мембрани на носот, а со тоа го намалува нејзиниот оток и го олеснува дишењето. Бидејќи Aqua Maris® Strong ја поддржува физиолошката состојба на мукозната мембрана и нема никакви системски ефекти, може безбедно да се користи и од деца, како и од бремени жени и доилки и постари лица.

  • Погоден за возрасни и деца над 3 години
  • 100% природен спреј за нос
  • Содржи силна прочистена морска вода
  • Обезбедува долготрајна нега

Aqua Maris Classic Спреј за нос, 30ml

210 ден

Прочистена, изотонична морска вода од Јадранско море со природни минерали наменета за секојдневна хигиена на носот кај деца, возрасни, бремени жени и доилки.

  • Ја чисти и навлажнува слузницата на носот

Ganassini Тонимер лаб пантексил спреј, 100 мл

722 ден

Хипертоничен стерилен раствор со морска вода, ксилитол (5%) и пантенол (5%).

За превенција и третман на настинки со микробна суперинфекција (ринитис, риниофарингит, риносинузит), за разводнување на мукусот, за превенција од акутен отитис медиа.

  • Погоден за употреба кај деца над 1 година и возрасни
  • За секојдневна употреба

 

Epsilon Health Diolin течност, 6 кесички

354 ден

Diosmectite (Диосмектит) – Одлично решение за акутна и хронична дијареа кај деца и возрасни.

Диосмектит – природна силикатна глина со апсорптивни особини, во течна форма, за директна употреба.
Како резултат на своето природно дејство, Диолин не ја нарушува нормалната функција на цревата.

Epsilon Health Infacalm oil drops 30 ml

408 ден

Simethicone (Симетикон) во маслиново масло + витамин А, витамин Е, коензим Q.

Инфакалм капките помагаат во случаи на инфантилни колики кои се јавуваат како резултат на гасови.

Симетиконот во маслиново масло ја подобрува дисперзијата на симетиконот.
Ги подобрува функцијата на интестиналната микрофлора и процесот на дигестија.

Безбедни за употреба кај новороденчиња.
Капки за орална употреба, лесни за употреба.

 

Galenika Flonivin Forte Капсули за Здравје на...

329 ден

Flonivin Forte капсулите се диететски додаток во исхраната со 10 милијарди корисни бактерии (Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus rhamnosus, Bifidobacterium longum) и инулин.

Наменет е за нормално функционирање на дигестивниот систем кај возрасни и деца над 3 годишна возраст.

Пакување: 10 капсули

Isla Moos за сува кашлица

338 ден

Пастилите Isla-Мoos содржат воден екстракт од исландски лишаи, растение кое се користело уште од античко време со терапевтско дејство за воспаление на горниот респираторен тракт. Исла-мус има лековито дејство со тоа што формира заштитен слој на воспалената слузница на респираторниот тракт и на тој начин ја ублажува кашлицата и сувоста.

Isla Mint pastilles 60 pcs

337 ден

Пастили за ублажување на иритирачката кашлица и засипнатост.

Билни пастили со оригинален екстракт од исландски лишаи се користат со векови за заштита на грлото. Isla пастилите ја штитат слузокожата на дишните патишта и ги штитат и негуваат гласните жици.

ISLA Voice пастили x20

337 ден

Isla Medic Voice се наменети за:

  • Отстранување на типични симптоми поврзани со настинка и воспалено грло, надразнето грло и засипнатост
  • Сувост во грлото и воспаление на гласните жици

Пакување: 20 пастили

BOSNA Lynase nasal spray 30 ML.

334 ден
  • LYNASE® хипертоничен спреј за нос збогатен со лизозим, се препорачува кај затнат нос кај секоја особа која е на возраст над 1 година.
  • LYNASE® хипертоничен спреј во контакт со слузницата во носот делува така што активно го извлекува вишокот на вода од мукозните мембрани, со што се намалува отокот во носната слузница. Освен тоа, LYNASE® хипертоничниот спреј го разредува густиот, леплив секрет во носот, ја чисти носната шуплина од прашина, загадување, алергени, микроорганизми.

LYNASE® хипертоничниот спреј е единствен спреј за нос кој е збогатен со лизозим – состојка од природно потекло, која се создава по природен пат во носниот секрет и претставува најважен фактор во природниот имунитет во носот.

  • Лизозимот во носната шуплина функционира така што ги забрзува движењата и ја стимулира активноста на епителните ресички (цилии), кои помагаат во чистењето на носната шуплина од насобраниот секрет со што се олеснува дишењето
  • Лизозимот во носот делува антибактериски, антивирусно, антиалергиски, имуномодулаторно, противвоспалително, делува прорегенеративно, на начин што ја забрзува регенерацијата на оштетената носна слузница.

LYNASE® хипертоничниот спреј за нос се препорачува:

  • Кај затнат нос, каде постои отежнато дишење за време на настинка (вирусен ринитис), алергиски ринитис, синуситис или грип
  • Во случај кога класичните деконгестиви* се контраиндицирани (на пр. болести на штитната жлезда, висок крвен притисок, болести на срцето, шеќерна болест)
  • За подобрување на ефикасноста на класичните деконгестиви и намалување на времетраењето на нивното користење

LYNASE® спрејот нема ограничување во должината на употреба, бидејќи, благодарение на составот од природно потекло, не создава зависност ниту предизвикува несакани дејства.

*Деконгестиви се лекови кои го намалуваат отокот на слузницата на носот, непроодноста на носот, како и нелагодното и обилно воденесто истекување на секрет.
Пакување: 30 мл

BOSNA Altioks 200mg

684 ден

Капсулите ALTIOKS200 mg се диететски производ кој содржи алфа-липоична киселина (липоична, тиоктинска киселина), супстанца со исклучително силна антиоксидантна активност која врши важни метаболички и антиоксидантни функции во телото. Благодарение на својата хемиска структура, алфа-липоевата киселина е добро распоредена и во водната средина и во масното ткиво и на тој начин ги штити клетките на целиот организам од штетните ефекти на слободните радикали.

BERLIN-CHEMIE Prostamol Uno x 30 cps

804 ден

Prostamol uno содржи екстракт од плодови од џуџести палми (Serenoa repens, Serenoa serrulata) кој е хербален лек кој се користи за лекување на простатата.

Prostamol uno се користи за лекување на нарушувања на мокрењето (тешкотии при празнење на мочниот меур) кај мажи со бенигно зголемување на простатата (бенигна хиперплазија на простатата), стадиуми I и II.