Прикажани 3 производи

SALVI PANTEN, 24 ОРИБЛЕТИ

214 ден

Salvi panten ориблетите придонесуваат во одржувањето на здравјето на непцата, усната шуплина и грлото. Salvi panten може да се користат секојдневно за одржувањето на ’’хигиената’’ на устата и грлото, а нивната формулација без шеќер ги прави погодни за примена кај дијабетичари и лица кои се на редукциски диети. Salvi panten не предизвикуваат кариес.

ПРОПОМИНТ СПРЕЈ ЗА ДЕЦА, 30ml

383 ден

Propomint спреј за деца е формулиран врз база на стандардизиран екстракт од прополис, исландски лишај и N- acetil cistein и наменет е за зачувување на здравјето на слузокожата на грлото, усната шуплина и непцата. Стандардизираниот екстракт од прополис, содржан во производот, ги ублажува симптомите кои го следат воспалението на грлото и крајниците, надразнетото грло и засипнатоста, сувата кашлица, заболувањето на непцата, појавата на афти и сл. Се користи како помош кај настинките и грипот, бидејќи ја скратува должината на траење на болеста и го зајакнува целосниот имунолошки систем на организмот. Исландскиот лишај го ублажува воспалението и иритираната слузница на усната шуплина и ждрелото, ублажувајќи ја на тој начин сувата, надразнета кашлица, а може да помогне и во состојбите на настинка и грип, проследени со кашлица и засипнатост. N-acetilcistein содржан во производот, ја намалува вискозноста од насобраната слуз и го олеснува нејзиното лачење од респираторните органи. Се користи како додаток кон терапијата на вирусните инфекции, синузитис, бронхитис и другите заболувања на респираторниот тракт. Propomint спрејот за деца не содржи алкохол, а додатокот на мед и аромата на спеарминт, му даваат пријатен вкус. Безбеден е за употреба веќе од првата година на живот.

MY BABY ГЕЛ ЗА НЕПЦА

212 ден

My baby гелот за непца содржи комбинација од растителни состојки благодарение на кои воспалените непца се смируваат по нанесување на гелот, отокот се намалува, па и избивањето на првите запчиња е олеснето.

Маслото од каранфилче го ублажува чешањето и болката кои го следат никнувањето на првите заби, додека екстрактот од камилица ги смирува непцата. Гелот има биоадхезивни својства, со што се постигнува продолжено дејствување на местото на примена (и до неколку часови).