Прикажани 5 производи

MARISOL HYPERTONICA 50ml

283 ден

Marisol hypertonica спреј раствор за нос е хипертоничен раствор кој се одликува со единствена содржина на морска сол. Концентрацијата на сол во овој раствор соодветствува со салинитетот на морската вода. Бидејќи растворот е од хипертоничен тип, содржи повеќе сол во споредба со човековите физиолошки течности. Овој тип на раствор по примената врз отечена носна слузокожа брзо и ефикасно ја “извлекува”, т.е. дренира водената содржина, при што отокот на слузокожата брзо се намалува и дишењето се олеснува. Дренирањето настанува како резултат на осмотскиот ефект на хипертоничниот раствор. Наменет е за лица кај кои е отежната нормалната физиолошка функција на носната слузокожа. Marisol hypertonica растворот брзо ги олеснува тегобите кај затнатиот нос, а притоа не постојат ограничувања во однос на долготрајноста на неговата примена, бидејќи не ја оштетува слузокожата на носната шуплина и не доведува до појава на толеранција.

MARISOL ISOTONIC 50ml

283 ден

Marisol isotonic спреј растворот за нос е изотоничен раствор од морска сол. Наменет е за лица кај кои е пореметена нормалната физиолошка функција на носната слузокожа, како и за одржување на секојдневната хигиена на носната шуплина. Marisol isotonic растворот ја враќа природната влажност на носната слузокожа, способноста за самопрочистување и нормалната продукција на слуз која ја штити од исушување и механички надразнувања (чад, прав итн.). Со редовно испирање на носната шуплина неколку пати дневно, се намалува можноста за инфекција на горните дишни патишта.

MARISOL SENSITIVE СПРЕЈ 50ml

283 ден

Marisol sensitive спреј раствор за нос е изотоничен раствор од морска сол збогатен со екстракт од лист на Aloe vera. Наменет е за лица кај кои е отежната физиолошката функција на носната слузокожа како и за секојдневно одржување на хигиената на носната шуплина. Marisol sensitive растворот ја враќа природната влажност на носната слузокожа, способноста за самопрочистување и нормална продукција на слуз која ја штити од сушење и механички надразнувања (чад, прашина, и сл.). Гелот кој потекнува од листот на Aloe vera има противвоспалително дејство, доведува до намалување на отокот и го подобрува процесот на епителизација кај иритирана и оштетена слузокожа на носот за време и после инфекции. Покрај тоа, содржи и витамини Ц и Е, како и цинк кој ја намалува можноста за развој на бактериски и вирусни инфекции на ниво на горните дишни патишта. Поради способноста целосно да ја обложи и смири дури и најчувствителната носна слузница, Marisol sensitive е особено погоден за примена кај лица склони кон алергии.

MARISOL PHYSIOLOGICA 10ml

142 ден

Marisol physiologica капки за нос се наменети за лица кај кои е пореметена физиолошката функција на носната слузокожа како и за секојдневно одржување на хигиена на носната шуплина. Marisol капките ја враќаат природната влажност на слузокожата на носот, способноста за самопречистување и нормална продукција на слуз која ја штити од сушење и механички надразнувања (чад, прашина и сл.) Со редовно испирање на носната шуплина, неколку пати дневно, се намалува можноста за инфекции на горните дишни патишта.

MARISOL PANTHENOL 50ML

283 ден

Marisol panthenol спреј раствор за нос е раствор од морска сол збогатен со калциум-Д-пантотенат. Наменет е за лица кај кои е отежната физиолошка функција на носната слузокожа, како и за одржување на секојдневната хигиена на носната шуплина. Marisol panthenol растворот ја враќа природната влажност на носната слузокожа, способноста за самопречистување и нормална продукција на слуз која ја штити од сушење и механички надразнувања (чад, прав итн.). Растворот е збогатен со калциум-Д-пантотенат кој го подобрува процесот на епителизација кај иритираната и оштетена носна слузокожа. Со редовно испирање на носната шуплина, неколку пати дневно, се намалува можноста за инфекција на горните дишни патишта.