Прикажани 4 производи

    Green Pharmacy Антицелулитно масло за масажа –...

    420 ден

    Ја подобрува микроциркулацијата и успешно се бори против „портокаловата“ кожа!

    Наменето е за масажа на деловите на телото кои што се подложни на формирање „портокалова кожа“- целулит. Етеричните масла од чемпрес, смрека и лаванда ја подобруваат микроциркулацијата, го спречуваат застојот на лимфа и го забрзуваат метаболизмот, со што помагаат во борбата со целулитот. Го намалуваат задржувањето на течности и формирањето на стрии. Маслото од лимета обезбедува релаксација, освежува и го подобрува расположението.

    Vis Plantis Антицелулитен лосион за тело –...

    725 ден

    Лосион за тело со стабилизиран екстракт од слуз од полжав и патентиран потхранувачки комплекс Body3 ComplexTm !

    Кажете збогум на досадниот целулит!

    Антицелулитниот лосион за тело брзо и ефикасно се справува со „портокаловата“ кожа и благодарение на активните состојки кои длабински продираат во кожата ја измазнува и израмнува кожата и ја враќа нејзината еластичност и мекост, оставајќи пријатен и деликатен мирис. Лосионот содржи висококвалитетен и стабилизиран слуз од полжав Poly Helixan и патентиран Body3 ComplexTm кој во себе содржи комбинација од непреработено природно шеа масло и екстракти од семиња на авокадо и бентонит, како и масло од памук и други природни состојки за постигнување на беспрекорна нега на Вашата кожа. Кожата станува мазна, затегната и свилена на допир.

    BLACK UP Крем за сончање со антицелулитен...

    405 ден

    Кремот за сончање BLACK UP со антицелулитен ефект е идеална комбинација на активни компоненти, кои овозможуваат заштита од штетните сончеви зраци и паралелен антицелулитен ефект.

    Вградените филтри овозможуваат средна заштита (СПФ 15) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците во текот на сончањето.

    Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење.

    Содржи комбинација на емолиенти (омекнувачи), кои ја подoбруваат еластичноста на кожата.

    Присуството на хумектанси (навлажнувачи) го спречува прекумерното губење влага од кожата за време на сончањето.

    Антицелулитниот комплекс има активно дејство врз целулитот и ја намалува акумулацијата на масти во поткожното ткиво.

    Кремот за сончање BLACK UP со антицелулитен ефект е составен од: Природен изофлавон, добиен од зрната на соја. Тој има моќно антицелулитно дејство и го инхибира формирањето нови адипоцити (клетки специјализирани за складирање на маснотиите), па на тој начин ги намалува масните наслаги. Воедно, го забрзува создавањето на колагенот и го подобрува ефектот на затегнатост, јачина и на мазност на кожата.

    Кофеин – придонесува за намалување на масните наслаги преку стимулирање на клеточниот метаболизам.

    Карнитин – ги намалува масните наслаги на тој начин што го помага нивното метаболизирање и претворање до незаситени масни киселини, коишто организмот може да ги искористи. Така се блокира процесот на таложење на заситените масни киселини во клетките и формирањето масни наслаги.

    Екстракт од спирулина (Spirulina platensis) – богат е со протеини, минерали и со витамини. Ја подобрува исхраната на клетките во кожата поради што таа добива ефект на затегната и цврста кожа (firming effect).

    Кремот е збогатен и со состојки кои го дополнуваат ефектот на антицелулитниот комплекс и синергично дејствуваат на намалување на целулитот и на масните наслаги:

    Екстракт од див костен (Aesculus hippocastanum) – ја подобрува циркулацијата на местото на апликација, што е многу битно за да се постигне добар антицелулитен ефект.

    Екстракт од шимширика (Ruscus aculeatus) – се одликува со вазоконстрикторен ефект и со диуретски својства, па помага во затегнувањето на кожата и во исфрлањето на вишокот течности.

    Дерматолошки тестиран.

    Наменет е за сите типови кожа, но не се препорачува за лица со светол тен чијашто кожа е лесно подложна на изгореници.

    Начин на употреба: Кремот се нанесува на критичните делови на кожата 30 минути пред изложување на сонце и по секое капење.

     

     

    Stolz Антицелулитен крем – 250 ml

    1,045 ден

    Стоп на „портокаловата кожа“!

    Дејство: Во составот на овој крем влегуваат: етерични масла од 3 растенија од фамилијата на чајно дрво – чајно дрво, бело дрво и ниаули (австралиско чајно дрво). Етеричните масла на овие растенија лесно продираат во кожата, ја стимулираат циркулацијата на лимфата и крвта, го активираат метаболизмот, помагаат за исфрлање на токсините. Покрај тоа имаат антивоспалителни својства и го забрзуваат обновувањето на кожата. Екстрактот од алое вера има регенеративен ефект. Маслото од јојоба создава тенок филм слој врз кожата ја потхранува и заштитува од штетните дејства на надворешната средина, ја регулира масната секреција, ја враќа нејзината мекост и нежност. Маслото од лаванда има смирувачки ефект, а маслото од кипарис ја затегнува кожата.