Прикажани 6 производи

    Intensive Hair Therapy Масло за коса –...

    550 ден

    Масло за стимулирање на растот на косата и против косопад за слаба и кршлива коса!

    Маслото е наменето за кршлива и слаба коса која има проблем со опаѓање. Маслото содржи иновативен Bh Intensive + комплекс кој содржи тонизирачки, потхранувачки и стимулирачки состојки неопходни за подобрување на структурата на влакното, стимулирање на неговиот раст и спречување на косопастот. Формулата штити од многу фактори кои го предизвикуваат прекумерното опаѓање на косата и навлегува диретно во коренот и фоликулите со што создаваат услови за раст на нова, млада и здрава коса. Маслото од репај кое влегува во составот на маслото изобилува со скапоцени, биолошко активни состојки. Тие се добиени од коренот на репајот преку современ природен метод на екстракција, пријателски настроен кон луѓето и околината, користејќи природен растворувач како што е СО2 во суперкритични услови. Ова овозможува да се извлече максималното количество активни супстанции со целосно зачувување на нивните корисни ефекти. Особено се препорачува во случај на опаѓање на косата и алопеција, за стимулирање на растот на косата, проблеми со првутот, сувоста и чешањето, за зајакнување на слабата, оштетена и кршлива коса. Благодарение на маслото се враќа сјајот, здравјето и негуваниот изглед на косата.

    Dr. Santé Anti Hair Loss Масло за...

    705 ден

    Масло за стимулирање на растот на косата и против косопад!

    Маслото е наменето за слаба коса која има проблем со опаѓање. Ефикасно се бори против опаѓањето на косата и го стимулира нејзиниот раст. Клучна компонента на спрејот е Trihogen complex-от кој изобилува со аминокиселини, витамини и минерали. Trichogen Complex-от претставува комбинација на природни екстракти и масла како што се екстракт од корен од мака, екстракт од семе од лупин и масло од Sacha Inchi. Екстрактот од корен од Мака помага во зајакнување на фоликулите на косата, го продолжува циклусот на раст на косата и го намалува нејзиното опаѓање. Екстрактот од семе од лупин ја заштитува косата од штетните надворешни фактори и прави вашата коса да биде поеластична и да изгледа посјајна. Маслото од Sacha Inchi изобилува со незаситени масни киселини, ги потхранува фоликулите, ја обновува и реконструира косата и ги заштитува врвовите од пукање. Со редовна употреба на производот се враќа и зајакнува оштетената структура на косата од коренот до врвовите и се стимулира растот на силна и здрава коса.

    Green Pharmacy Балсам со арган и калинка...

    265 ден

    Со векови наназад аргановото масло (течното злато на Мароко) се употребувало за регенерација на сува и оштетена коса со оштетени врвови. Балсамот ја омекнува косата, ја прави сјајна, мека и еластична, лесна за расчешлување и обликување. Ја штити од надворешните влијанија. Истовремено го спречува преголемиот волумен на косата. Ја заздравува и потхранува кожата на главата и ги смирува иритациите на темето. Екстрактот од калинка ја навлажнува,регенерира и обновува бојата на косата. Со редовна употреба се враќа природниот баланс и здрав изглед на Вашата коса.

    Green Pharmacy Балсам со репај – 300...

    265 ден

    Уште во минатото коренот од репај се употребувал за нега на сите типови коса. Екстрактот од репај ги зајакнува корените, го намалува косопадот и го стимулира растот на коса. Балсамот го хидратира скалпот и помага при спречување на косопад (алопеција). Протеините од пченични никулци и витамин Е го потхрануваат скалпот и фоликулите, и и даваат виталност на косата од коренот до врвовите. Со редовна употреба косата станува поздрава, хидратирана, сјајна и полесна за расчешлување и обликување.

    Dr. Santé Argan Hair Масло за коса...

    855 ден

    Маслото ја хидратира и измазнува косата, ја прави сјајна, мека, еластична, лесна за расчешлување и стилизирање,  ја заздравува и заштитува. Аргановото масло ја обновува структурата на влакното одвнатре и однадвор продирајќи длабински. Помага во измазнување на косата и ја задржува нејзината влага подолго време, со што се зголемува мекоста и еластичноста на косата. Кератинот ги обновува оштетените делови и го обновува влакното одвнатре, со што го прави мазно и сјајно. Ја заштитува косата од штетното влијание на околината. Го покрива влакното со невидлив заштитен слој.

    Dr.Santè Coconut Hair Масло за коса –...

    760 ден

    Хидратантно масло за коса со кокосово масло за здрава и негувана коса од коренот до врвовите!
    Маслото содржи кокосово масло кое има моќ да продре длабоко во структурата на влакното и да ги заджи влагата и кератинот во него, со што ја прави косата силна, здрава и свиленкаста на допир. Наменет е за нега на секаков тип на коса, а особено се препорачува за сува и кршлива коса. Кокосовото масло ја хидратира косата, ја подобрува нејзината структура, ја зголемува нејзината еластичност и со редовна употреба на маслото во комбинација со останатите производи од колекцијата Coconut Hair се надминува проблемот со сува, кршлива и коса без сјај. Крајниот резултат е хидратирана, здрава и негувана коса со волумен.