Кардиоваскуларен систем е системот во организмот кој е составен од срцето, крвните садови и самата крв. Како транспортен систем ги снабдува сите ткива со потребните хранливи материи, кислород и се она што е потребно да се одржи интегритетот на организмот. Поради улогата што ја има, одржувањето на здравјето на овој систем треба да биде секојдневна одговорност на секој од нас.