Прикажани 14 производи

Hemera Семе од Бел трн Силимарин

620 ден

АКЦИЈА БЕСПЛАТНА ДОСТАВА

При креирање на нарачката внесете го купон кодот: hemera

*Акцијата се однесува доколку сакате да нарачате еден производ, за два или повеќе производи доставата е секако бесплатна.

Можете да нарачате и телефонски 075 44 88 11

Органски произведено и сертифицирано семе (плод) од бел или млечен трн по принципот „од нива до трпеза“ од еколошки чисти подрачја во Македонија

Бел Трн Silybum Marianum со моќно хепатопротективно дејство (заштита на црниот дроб).

Сомеленото семе е спакувано во кеси од 180 г кое е доволно за конзумација на семето во период од 30 последователни денови. Препорачано е да се користи 1 кафена лажица на ден. При посериозни состојби и заболувања на црниот дроб може да се користат и 2 кафени лажици на ден (1 наутро + 1 навечер)

Семето од бел трн и активните супстанции не реагираат со храната и поради тоа може да се употребува со и без внес на храна. Може да се употреби како чај: 1 полна кафена лажица се попарува со 150 мл свежо зовриена вода и се остава да отстои 15-20 минути. Чајот може да се пие со или без талогот од семето.

Може да се додаде во храна: јогурт, кисело млеко, млеко, мусли, салати, смути, овошни сокови и слично.

Dietpharm Силимарин и Артичока капсули

537 ден

Додаток во исхраната со екстракти од плодови од бел трн и лист од артичока, витамин Е,цинк и селен.

 

Bionika Левикер капсули од јапонска кајсија Leviker

1,040 ден

Левикер® е природен додаток на исхрана кој содржи стандардизиран екстракт од Prunusmume. Супер овошјето, познато како јапонска кајсија, се користи традиционално во Азија поради неговите хепатопротективни и антиоксидативни својства.

Dr.Nature Shiitake + 60 капсули

1,620 ден

Габата Шиитаке („Габа на императорот“) е габа со најпроучени биолошки и фармаколошки својства. Благодарение на нејзините активни материи моќно делува во намалувањето на појавата на тумори и вируси, го зајакнува имунитетот, значително ја олеснува работата на црниот дроб особено при оптовареност со токсични материи, ги штити клетки на црниот дроб, го спречува развојот на цироза. Ефикасно се користи за намалување на штетниот холестерол во крвта и за регулирање на нивото на шеќер. Главниот полисахарид во оваа габа е лентинан. Megavital Complex има моќно зајакнувачко дејство врз целиот организам заради неговиот уникатен состав и биолошко дејство.

Чај Хепаклин 100 гр

218 ден

– Чајна мешавина за прочистување на црниот дроб

– Состав: глуварче, цикорија, чичок, коњско опавче

– Подготовка на чај: 1 супена лажица од смесата прелијте ја со 1 литар превриена вода, оставете го садот поклопен 15 минути и прецедете. Пијте во текот на денот.

– Активните компоненти од чајната мешавина му помагаат на црниот дроб подобро да се справи со токсините и штетните продукти. Се користи при цироза, хепатитис, воспаление на жолчката и жолчните канали, камен во жолчка.

Vitar Maxi Vita Clean liver -20%

Maxi Vita Чист црн дроб – 30...

352 ден

При честа употреба на алкохол, цигари и мрсна храна. Го детоксицира, регенерира и витализира црниот дроб!
Високата биолошка активност на екстрактот од бел трн заедно со внимателно одбраната комбинација на витамини ги обезбедуваат елементарните градивни материи за нормално функционирање и регенерирање на црниот дроб.
VITAR ги препорачува за: детоксикација на црниот дроб, при заболувања на дигестивниот систем, црниот дроб, жолчката, покачен холестерол и маснотии во крвта.

Dr. Nature Maitake + – 60 капсули

1,620 ден

За зајакнување на телото, подобрување на целокупното здравје и продолжување на човековиот живот!

Dr.Nature ја препорачува при: дополнителна терапија на болни од рак на дојки, панкреас, кожа, желудник, црн дроб, простатна жлезда; при ослабен имунитет како последица на габични, бактериски и вирусни инфекции; за регулирање на хормоналниот баланс; за регулирање на мастите и телесната тежина; за регулирање на нивото на шеќер во крв; потпомага при хепатитис и заболувања на црниот дроб; ја подобрува работата на кардио-васкуларниот систем; потпомага во намалување на високиот крвен притисок.

KRKA B-complex, 60 таблети

195 ден

Б-комплекс содржи витамини од Б групата кои го помагаат метаболизмот на јаглехидратите, мастите и протеините. Недостатокот на еден од овие витамини или зголемената потреба за истиот, исто така предизвикува потреба и за другите витамини од оваа група. Според тоа, доколку се појават знаци на недостаток на некој витамин од Б групата, треба да се зема целиот Б витамински комплекс.

Deep Ayurveda Livclear – Капсули за чистење...

1,060 ден

Моќна поддршка за црниот дроб!
Капсулите за чистење на црниот дроб Livclear во својот состав ги вклучуваат најважните Ајурведски билки за детоксикација и поддршка на црниот дроб. Го спречуваат таложењето на масни наслаги во црниот дроб, го заштитуваат црниот дроб од оштетувања од прекумерното внесување на алкохол и лекови и ја стимулираат работата на жолчката. Комбинацијата делува благопријатно и за проблеми со дијабетес, камења во бубрезите, проблеми со варењето на храната, запек и др. Исто така има моќна антиоксидансна заштита, ја спречува појавата на воспалителни процеси во организмот и го зајакнува имунитетот.
Deep Ayurveda го препорачува за: проблеми и заболувања на црниот дроб, зголемено ниво на холестерол и триглицериди, прекумерно внесување алкохол и лекови, воспалителни процеси, хроничен запек, за алкализација на организмот, кожни проблеми.

Equilibra Топ фегато – 30 таблети

1,060 ден

За здрав и чист црн дроб!

Топ фегато е високоефикасен природен производ за поддршка на функцијата на црниот дроб, на липидната размена, работата на дигестивниот систем и детоксикацијата на организмот.

Equilibra ги препорачува при: проблеми со црниот дроб и жолчката, детоксикација на организмот, нарушен липиден баланс, зголемен холестерол, проблеми со дигестивниот систем.

Pharmacy Leveren, 30 таблети

236 ден

Leveren е додаток во исхрана со висококвалитетни активни состојки, што придонесува за непречено функционирање на црниот дроб. Го зајакнува липидниот метаболизам и ги намалува токсичните метаболити.

Активни состојки:

  • L-орнитин: ја врзува концентрацијата на азот во било кој токсичен метаболит, и во исто време го забрзува метаболизмот на вишокот на штетни липиди, што резултира со прочистување и правилно функционирање на црниот дроб.
  • холин, витамин Б6 и фолна киселина: придонесуваат за нормалниот метаболизам на липидите и хомоцистеинот, чија зголемена концентрација во крвта се смета за фактор во развојот на многу болести.
  • сув екстракт од листови на артичока (Cynara scolymus): помага во регенерирањето на ткивото на црниот дроб.
  • суво екстракт од корен од чикорија: придонесува за врзување на црниот дроб токсини.
hepato miks 3/1 organski caj -15%

ХЕПАТО МИКС 3/1 ДЕТОКС чај

207 ден

ХЕПАТО-МИКС 3/1 придонесува во намалување на холестеролот во крвта и во прочистување на крвта, придонесува со антисептично и анти-инфламаторно дејство на подобрување на работата на жолчно-црнодробен систем, придонесува за подобрување на хронични процеси на мочните органи: нефрит, пиелонефрит, цистит и уретри, помага при бубрежни заболувања и заболувања на мочниот меур и благотворно влијае на жолчката и црниот дроб го подобрува апетитот и дигестијата придонесува во подобрување на аптетиот, за симтоматски третман на гастроинтестинални тегоби, инфекции и мускулни спазми придонесува за намалување на болки во стомакот и болки во жолчката. Посебно Упатство за детоксификација рецепти на чаеви и исхрана за определени одмастување на црнодробниот систем.

ХЕПАТО-МИКС Чајна мешавина

244 ден

ЧАЈНА МЕШАВИНА ЗА ЦРНОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА

Билките имаат изразено антитоксични, антимикробни антисептички и антивирусни дејства.

Имаат и холагогно, холеритично, антихепатотксично, хепатопротективно, цикатризантно, антимикробно, стомахитично, адстрингентно, антиинфламаторно, дигестивно, роборантно, фебрифугно дејство. Ја подобрува работата на (црн дроб, жолчка, панкреас) го подобрува, и апетитот, варењето и ресорпцијата на храната. Се препорачува и поволно влијае на подобрување на функцијата и работата на црниот дроб, жолчка и панкреас, крвната слика, одбранбената способност на организмот, регенерирање на клетки, кај хепатоцитите и други клетки во организмот, на слузниците на стомачните органи регенеративно на оштетените ресички, има позитивно влијание за уредување на стомачните сокови, гастрит, чистење на жолчното кесе од талози, песок и камења, воспаленија на жолчката, црниот дроб и панкреасот, состојбата при акутен и хроничен панкреатит, нормализирање на ензимите (холестерол и триглецериди) амилазата и липазата, лачењето на инсулинот се препорачува и поволно влијае и за дијабет. Има широк спектар на споредни корисни дејства во комбинација со други чајни мешавини.

 ПРИПРЕМА:

2 супени лажици од чајот се попаруваат со 1 литар вода што врие, се покрива и се остава да отстои 2 сата.

ПРЕПОРАЧАНА ДНЕВНА ДОЗА:

Се процедува и се пие 4 до 5 пати по 200 мл, на празен стомак дневно. Може да се комбинира со другите чајни комбинации. Се пие незасладен. Се препорачува да се пие 42 дена а доколку има потреба и повеќе.
Нема нус појави со лекарства, медикаменти, не ствара навики и нема штетни дејства доколку се користи према упатството.

Deep Ayurveda Арџун (Arjuna) – 40 капсули

1,135 ден

Најверниот пријател на срцето според Ајурведата!

Deep Ayurveda ги препорачува при: проблеми со кардио-васкуларниот систем, хипертензија, покачени нива на холестерол, при срцева слабост, исхемична болест на срцето, за подобрување на работата и регенерирање на црниот дроб, при рани кои што тешко се затвараат и како моќен антиоксиданс.
Арџунот е дел од Златниот список на Ајурведата. Во древните списи за неа е напишано: „Откривме растение кое што прави чуда, за кое ни е тешко да си замислиме и дека навистина постои“. Арџунот е основната билка за срцето во Ајурведата. Ја подобрува циркулацијата, му дава сила на организмот, го нормализира крвниот притисок, ги намалува нивата на холестерол и триглицериди, потпомага при намалување на ацидозата на LDL. Покрај тоа ја потпомага регенерацијата и работата на црниот дроб.
Основно дејство: за подршка на нормален крвен притисок и нормална работа на срцето, ја подржува кардио-респираторната издржливост, го подобрува протокот на крв низ коронарните артерии, намалувајќи ја веројатноста за формирање на згрутчувања на крвта и го штити срцевиот мускул. Го намалува нивото на липидите во крвта и спречува задебелување на крвните садови, преку намалување на акумулацијата на липидите во артериите. Ја подобрува пумпната функција на срцето.