Алергија е хиперсензитивна состојба на организмот кој кога доаѓа во контакт со одредена супстанца-алерген предизвикува бурна реакција на имуниот систем која резултира со симтоми како кивање, чешање. осип на кожата како и отежнато дишење и голтање.

    Прикажани 22 производи

    Алкалоид Билни капки од Коприва 30ml

    145 ден

    БИЛНИ КАПКИ ОД КОПРИВА

    Билните капки претставуваат екстракт од лист од коприва којшто содржи активни компоненти што придонесуваат за подобрување на функцијата на уринарните патишта. Тие помагаат во подобрување на функцијата на зглобовите, како и во подобрување на состојбите на сезонска алергија од различна етиологија.

    ALOE VERA БИОАКТИВЕН ГЕЛ 100ml

    299 ден

    Aloe vera биоактивниот гел е наменет за регенерација на иритирана, оштетена и дехидрирана кожа, како и за дополнителна нега на здравата кожа. Овој гел ги задоволува сите основни кожни потреби, ја чува природната pH вредност на кожата, ја храни, обезбедува балансирана влажност и ѝ овозможува на кожата нормално да “дише”.

    Поради своето регенерирачко и смирувачко дејство, Aloe vera гелот е ефикасен кај различни кожни промени: Иритација, инфекција, воспаленија, изгореници, акни, осипи, црвенило и првутење.

    Со нанесување на гелот на кожата по сончање се спречува предвременото стареење на кожата, настанок на брчки и флеки. На кожата ѝ се враќа сјајот, влагата и еластичноста, а исончаниот тен останува сочуван значително подолго време.

    MARISOL FRESH 50ML

    283 ден

    Marisol fresh sprej раствор за нос е раствор од морска сол, збогатен со етерско масло од еукалиптус. Наменет е за оние лица кај кои е отежната правилната физиолошка функција на носната слузокожа, како и за секојдневно одржување на хигиената на носната шуплина. Marisol fresh растворот ја враќа природната влажност на носната слузокожа, способноста за самопрочистување и нормална продукција на слуз која ја штити од сушење и механички надразнувања (чад, прав итн.). Ја подобрува проодноста и го олеснува циркулирањето на воздухот низ горните дишни патишта, а тоа е особено корисно при настинка, грип, како и кај проблемите со синуси. Растворот е збогатен со етерично масло од еукалиптус кое дејствува антисептично, го ублажува отокот на носната слузокожа и помага при инфекции на горните дишни патишта.

    Nutraxin IMMUN-S, 60 таблети

    706 ден

    Nutraxin Immun-S содржи 1.3- 1.6 Бета-Глукан во подобрената формула. Оваа посебна формула исто така содржи комбинација од екстракти од семе на црн ким, екстракт од корен на јужноафрикански здравец и екстракт од корен од ѓумбир. Витамин Ц е исто така дел од формулата на Nutraxin Immun-S.
    Витамин Ц придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем.

    Health Aid Allergforte, 60 таблети

    1,083 ден

    Имунолошка поддршка за сезонска чувствителност, нова формула која ги комбинира куркумин, екстракт од кора на приморски бор, витамин Ц.

    PULMINT Инхалатор

    127 ден

    Pulmint fresh инхалаторот за нос се користи при отежнето дишење и затнат нос.

    Pulmint fresh во својот состав содржи ментол и масло од еукалиптус.

    ESENBAK IMUNO DIGEST, 10 капсули

    374 ден

    EsenBak IMUNO DIGEST пробиотикот содржи 10 внимателно изберени пробиотски култури на лактобацили и бифидобактерии, цинк, витамини Б1, Б2, Б6 како и есенцијалната аминокиселина Л-лизин.

    Благодарение на својот единствен состав, EsenBak IMUNO DIGEST брзо воспоставува баланс на цревниот микробиот кај деца и возрасни, го штити дигестивниот систем и ја зајакнува одбрамбената способност на организмот.

    Пробиотските култури во  EsenBak IMUNO DIGEST пробиотикот манифестираат силни антимикробни, имуномодулаторни и антиоксидативни ефекти кои доведуваат до олеснување на дигестивните тегоби од различно потекло, намалување на појавата на инфекција, алергиски реакции и други пореметувања.

    Бидејќи  EsenBak IMUNO DIGEST е збогатен со цинк, витамини од Б групата и Л-лизин, со негова редовна примена се остварува позитивно дејство на имуниот систем по пат на неколку различни механизми.

    Може да го користат деца постари од 6 години и возрасни.

    Протективниот ALU-ALU блистер пружа супериорна заштита на живите пробиотски култури од светлост, влага и кислород.

    Aqua Maris 4Allergy спреј за нос, 20ml

    397 ден

    Антиалергиски спреј за нос со природна состојка ектоин наменет за превенција и ублажување на симптомите на алергиски ринитис. Со извонреден сигурносен профил и клинички докажана ефикасност, соодветен е за употреба кај  деца од најрана возраст и возрасни.

    Rilastil Difesa Sterile Cream 50ml

    996 ден

    Стерилната крема Rilastil Difesa Sterile Cream е особено индицирана за луѓе кои страдаат од чувствителна и реактивна кожа.
    Поради заштитното, омекнувачко, смирувачко и навлажнувачко дејство, го фаворизира обновувањето на хидролипидната бариера на кожата, намалувајќи го чешањето, чувството на печење и други слични ситуации.
    Кога кожата е многу реактивна и покажува предиспозиција за алергиски реакции или нетолеранција на козметика, важно е да се избере вистинскиот кожно-козметички третман.

    BOSNA AleriX Fexofenadine 120mg

    206 ден

    Овој лек содржи активна состојка фексофенадин, која спаѓа во групата на лекови наречени антихистаминици. Овие лекови ги намалуваат ефектите на хистаминот (хемикалија произведена во нашето тело по контакт со полен или други супстанции) со оневозможување на хистаминските рецептори да се врзат со хистамин. Ако ова врзување не е оневозможено, имаме симптоми како што се чешање, кивање, влажни очи, течење на носот. Фексофенадин се користи за лекување и спречување на симптоми на сезонски алергиски ринитис, кои предизвикуваат течење на носот, кивање, чешање или затнат нос и чешање, црвени и насолзени очи.

    HiPP Гел за миење коса и тело...

    270 ден

    HiPP Гел за миење коса и тело, идеален за целото семејство

    • за миење на осетлива кожа и мека коса
    • го одржува природниот заштитен слој на кожата
    • со екстракт од органски бадеми
    • за нега на кожа со склоност кон дерматити
    • од првиот ден од животот
    • без парафинско масло и развиена за да се намали ризикот од појава на алергии
    • без минерални масла, парабени и ПЕГ емулгатори

    MARISOL HYPERTONICA 50ml

    283 ден

    Marisol hypertonica спреј раствор за нос е хипертоничен раствор кој се одликува со единствена содржина на морска сол. Концентрацијата на сол во овој раствор соодветствува со салинитетот на морската вода. Бидејќи растворот е од хипертоничен тип, содржи повеќе сол во споредба со човековите физиолошки течности. Овој тип на раствор по примената врз отечена носна слузокожа брзо и ефикасно ја “извлекува”, т.е. дренира водената содржина, при што отокот на слузокожата брзо се намалува и дишењето се олеснува. Дренирањето настанува како резултат на осмотскиот ефект на хипертоничниот раствор. Наменет е за лица кај кои е отежната нормалната физиолошка функција на носната слузокожа. Marisol hypertonica растворот брзо ги олеснува тегобите кај затнатиот нос, а притоа не постојат ограничувања во однос на долготрајноста на неговата примена, бидејќи не ја оштетува слузокожата на носната шуплина и не доведува до појава на толеранција.

    MARISOL ISOTONIC 50ml

    283 ден

    Marisol isotonic спреј растворот за нос е изотоничен раствор од морска сол. Наменет е за лица кај кои е пореметена нормалната физиолошка функција на носната слузокожа, како и за одржување на секојдневната хигиена на носната шуплина. Marisol isotonic растворот ја враќа природната влажност на носната слузокожа, способноста за самопрочистување и нормалната продукција на слуз која ја штити од исушување и механички надразнувања (чад, прав итн.). Со редовно испирање на носната шуплина неколку пати дневно, се намалува можноста за инфекција на горните дишни патишта.

    MARISOL PHYSIOLOGICA 10ml

    142 ден

    Marisol physiologica капки за нос се наменети за лица кај кои е пореметена физиолошката функција на носната слузокожа како и за секојдневно одржување на хигиена на носната шуплина. Marisol капките ја враќаат природната влажност на слузокожата на носот, способноста за самопречистување и нормална продукција на слуз која ја штити од сушење и механички надразнувања (чад, прашина и сл.) Со редовно испирање на носната шуплина, неколку пати дневно, се намалува можноста за инфекции на горните дишни патишта.

    MARISOL PANTHENOL 50ML

    283 ден

    Marisol panthenol спреј раствор за нос е раствор од морска сол збогатен со калциум-Д-пантотенат. Наменет е за лица кај кои е отежната физиолошка функција на носната слузокожа, како и за одржување на секојдневната хигиена на носната шуплина. Marisol panthenol растворот ја враќа природната влажност на носната слузокожа, способноста за самопречистување и нормална продукција на слуз која ја штити од сушење и механички надразнувања (чад, прав итн.). Растворот е збогатен со калциум-Д-пантотенат кој го подобрува процесот на епителизација кај иритираната и оштетена носна слузокожа. Со редовно испирање на носната шуплина, неколку пати дневно, се намалува можноста за инфекција на горните дишни патишта.

    MARISOL IMUNO 50ML

    283 ден

    Marisol imuno спреј раствор за нос е изотоничен раствор од морска сол, збогатен со цинк. Наменет е лица кај кои е отежната правилната физиолошка функција на носната слузокожа, како и за секојдневно одржување на хигиената на носната шуплина. Marisol imuno растворот ја враќа природната влажност на носната слузокожа, способноста за самопрочистување и нормална продукција на слуз која ја штити од сушење и механички надразнувања (чад, прав итн.). Цинкот содржан во растворот е олигоелемент кој ги смирува воспалителните просцеси на ниво на слузокожата на носот и дејствува антиоксидативно. Цинкот е важен фактор за одржување на сетилата за вкус и мирис. Со редовно испирање на носната шуплина, неколку пати дневно, се намалува можноста за инфекција на горните дишни патишта.

    MARISOL ECTOIN 50ML

    439 ден

    Marisol Ectoin спреј раствор за нос е изотоничен раствор на морска сол со ектоин. Наменет е за лица кај кои е отежната физиолошката функција на носната слузокожа, како и за одржување на секојдневна хигиена на носната шуплина, особено во сезона на алергии. Благодарение на ектоинот на сигурен и ефикасен начин ги ублажува симптомите на алергиски ринитис и ја штити носната слузокожа од алергени од надворешната средина. Ектоин е природна супстанца која се добива од микроорганизми (екстремофили) кои живеат во многу неповолни услови (висока температура, УВ зрачење, притисок, салинитет). На така неповолни услови од средината, екстремофилите реагираат со лачење на ектоин, кој ги стабилизира клетките, го штити имуниот систем на кожата и остварува долготраен ефект на хидратација. Ја штити слузокожата на носот од иританси, алергени, делува цитопротективно, ги намалува воспаленијата и ја штити слузокожата од сушење.

    Sanct Bernhard Колострум – 90 капсули

    3,245 ден

    Силата на првото мајчино млеко! Природен имунитет и регенерација!
    Колострумот е една од четирите клеточни храни, кој содржи над 37 имуно и над 8 растечки фактори, кои што ги поддржуваат и обновуваат речиси сите органи и системи во организмот. Го зајакнува имунитетот и има антивирусно, антибактериско, антиинфламаторно, антиоксидантно и антиканцерогено дејство. Колострумот ги уништува патогените бактерии, помага во формирањето на добрите бактерии и ја подобрува апсорпцијата на храна и лекови. Колострумот помага во зајакнување на густината на коските, помага против алергии, ја зголемува издржливоста при тешки физички и психички оптоварувања, ја потпомага еластичноста на кожата и регенерацијата на сите ткива во организмот.
    Sanct Bernhard ги препорачува при: нарушување на имунолошкиот систем, при тешко заздравување на рани, воспаленија на дишните патишта (бронхити,пневмонии, астми, синузити и др.), проблеми со уринарниот систем (цистит, простатит, аденоми на простата), проблеми со дигестивниот систем (гастрит, чир, колитис, нарушена миклофлора), проблеми со коските и зглобовите (артритис, артроза, рахитис, остеопороза, гихт), дијабетес, регулирање на нивото на холестерол, како и за нормален раст на децата.

    Dr. Nature Алерџи комплекс – 60 капсули/555...

    1,620 ден

    Додаток во исхраната

    Состав: екстракт од реиши (Ganoderma lucidum), желатин, ектракт од шитаке (Lentula edodes), екстракт од агарикус (Agaricus blazei), екстракт од херициум (Hericium erinaceus), екстракт од кордицепс (Cordyceps sinensis), екстракт од маитаке (Grifola frondosa), агенси против слепување микрокристална целулоза, магнезиум стеарат.

    Начин на употреба: се препорачува 2 пати на ден по 2 капсули, по можност 30 минути пред јадење.

    НОСАЛ спреј за нос изотоничен раствор на...

    202 ден

    Спреј за нос со морска сол, Д-пантенол, бензалкониум хлорид, аква

    НОСАЛ Спреј за нос Фитофарм

    203 ден

    НОСАЛ капките за нос и спреј се наменети за одржување на редовна хигиена на носната шуплина кај новороденчиња, деца и возрасни. Овој раствор ги мие и ги чисти носните канали на физиолошки начин, со што се зголемува влажноста на носната слузница и се овозможува нормално и правилно дишење. НОСАЛ ја олеснува назалната секреција и празнење во состојба на назална конгестија, а исто така го подобрува протокот на воздух во горниот респираторен систем.

    НОСАЛ капки за нос Фитофарм

    112 ден

    НОСАЛ капките за нос и спреј се наменети за одржување на редовна хигиена на носната шуплина кај новороденчиња, деца и возрасни. Овој раствор ги мие и ги чисти носните канали на физиолошки начин, со што се зголемува влажноста на носната слузница и се овозможува нормално и правилно дишење. НОСАЛ ја олеснува назалната секреција и празнење во состојба на назална конгестија, а исто така го подобрува протокот на воздух во горниот респираторен систем.