Прикажани 2 производи

    MARISOL SENSITIVE СПРЕЈ 50ml

    283 ден

    Marisol sensitive спреј раствор за нос е изотоничен раствор од морска сол збогатен со екстракт од лист на Aloe vera. Наменет е за лица кај кои е отежната физиолошката функција на носната слузокожа како и за секојдневно одржување на хигиената на носната шуплина. Marisol sensitive растворот ја враќа природната влажност на носната слузокожа, способноста за самопрочистување и нормална продукција на слуз која ја штити од сушење и механички надразнувања (чад, прашина, и сл.). Гелот кој потекнува од листот на Aloe vera има противвоспалително дејство, доведува до намалување на отокот и го подобрува процесот на епителизација кај иритирана и оштетена слузокожа на носот за време и после инфекции. Покрај тоа, содржи и витамини Ц и Е, како и цинк кој ја намалува можноста за развој на бактериски и вирусни инфекции на ниво на горните дишни патишта. Поради способноста целосно да ја обложи и смири дури и најчувствителната носна слузница, Marisol sensitive е особено погоден за примена кај лица склони кон алергии.

    MARISOL PANTHENOL 50ML

    283 ден

    Marisol panthenol спреј раствор за нос е раствор од морска сол збогатен со калциум-Д-пантотенат. Наменет е за лица кај кои е отежната физиолошка функција на носната слузокожа, како и за одржување на секојдневната хигиена на носната шуплина. Marisol panthenol растворот ја враќа природната влажност на носната слузокожа, способноста за самопречистување и нормална продукција на слуз која ја штити од сушење и механички надразнувања (чад, прав итн.). Растворот е збогатен со калциум-Д-пантотенат кој го подобрува процесот на епителизација кај иритираната и оштетена носна слузокожа. Со редовно испирање на носната шуплина, неколку пати дневно, се намалува можноста за инфекција на горните дишни патишта.