Адитиви (Additives) Супстанци кои намерно се додаваат во храната или безалкохолни пијалаци поради корисни технолошки причини (на пример, да се сочува, да се задржи вкусот и бојата или да се обезбеди одредена текстура).
Алерген (Allergen) Вообичаено безопасна супстанца, како што се состојката во прехранбените производи, која (веднаш) предизвикува алергиска реакција кај лица подложни на алергии.
Алкалија, база (Alkali) Секоја супстанца што ја намалува концентрацијата на водородните (H+) јони кога се додава во воден раствор (pH 714). Акутна неисхранетост (Acute malnutrition) Неисхранетост што се се карактеризира со брзо влошување на нутритивниот статус за краток временски период. Кај деца може да се мери со помош на нутритивниот индекс тежина-според-висина или според обемот на средината на надлактицата. Кај акутна неисхранетост се разликуваат различни степени на сериозност: умерена акутна неухранетост и тешка акутна неухранетост.
Амино киселина (Amino acids) Составен елемент што ги сочинува протеините. Некои од нив можат да бидат произведени самостојно од страна на човечкото тело, додека други може да се добијат само преку исхраната.
Анемија (Anaemia) Се карактеризира со намалување на нивото на хемоглобин или црвени крвни зрнца, со што се нарушува способноста за снабдување на ткивата во телото со кислород. Анемијата се предизвикува со несоодветен внес и/или слаба апсорпција на железо, фолна киселина, витамин Б12, како и на други хранливи материи. Антропометрија (Anthropometry) Антропометријата опфаќа мерења на телото како што се тежината, висината и обемот на средината на надлактицата во комбинација со возраста и полот за да се измери растот или недостатокот на раст.
Аскорбинска киселина, витамин Ц (Ascorbic acid, vitamin C) Витамин растворлив во вода потребен за формирање на колаген. Помага да се заштитат клетките од оштетување, му помага на имунолошкиот систем и нервниот систем да функционираат нормално и ја зголемува апсорпцијата на железо. Се наоѓа во овошјето, особено во агруми и бобинки, зелен зеленчук, пиперки и домати.
Безбедност на храна (Food security) Пристап за сите луѓе во секое време до доволно безбедна храна со соодветни хранливи материи, којашто е неопходна за здрав и активен живот. Бери-бери (Beriberi) Болест предизвикана од недостаток на тиамин (Витамин Б1). Постојат два главни вида бери-бери: влажен бери-бери, кој влијае на срцето и сув бери-бери, кој влијае на нервниот систем.
Биотехнологија (Biotechnology) Употреба на биолошки процеси за индустриски цели.
Витамин Б6, пиридоксин (Vitamin B6, pyridoxine) Витамин растворлив во вода потребен за ослободување на енергија од храната и за формирање црвени крвни зрнца. Се наоѓа во храна како свинско месо, живина и збогатени житарки.
Витамин Б12, цијанокобаламин (Vitamin B12, cyanocobalamin) Витамин растворлив во вода потребен за формирање на црвени крвни зрнца и нервни влакна. Се наоѓа само во храна од животинско потекло, како што е црвено месо, јајца и млеко, или во збогатена храна, на пример, збогатени житарки и збогатен екстракт од квасец. Витамин Д, холекалциферол (Vitamin D, cholecalciferol) Витамин растворлив во масти кој му помага на телото да го апсорбира калциумот и е неопходен за формирање на коските и забите. Добри извори вклучуваат мрсна риба, јајца и збогатени житарки. Во лето, поголем дел од витаминот Д се добива преку сончевата светлина.
Витамин Е, токоферол (Vitamin E, tocopherols) Витамин растворлив во масти кој помага во заштитата на клетките од оксидација. Се наоѓа во растителни и семиња, јаткасти плодови, семиња и авокадо.
Витамин К (Vitamin K) Група витамини растворливи во масти; витамин К1 од растително потекло, којшто особено го има во зелениот зеленчук и некои масла и менахинони, витамин К2 кој се наоѓа во производи од животинско потекло како што се месо, сирење и јајца. Витаминот К е потребен за нормално згрутчување на крвта.
Витамини од групата Б (B vitamins) Витамини растворливи во вода, како што се тиамин (витамин Б1), рибофлавин (витамин Б2), ниацин (витамин Б3), пантотенска киселина (витамин Б5), витамин Б6, биотин (витамин Б7), фолати (витамин Б9) и витамин Б12.
Витамини растворливи во вода (Water-soluble vitamins) Витамин Ц и витамини од групата Б (на пример, тиамин, рибофлавин, ниацин, фолати, витамини Б6 и Б12). Витамините растворливи во вода не се складираат во телото, а вишокот се излачува преку урината.
Витамини растворливи во масти (Fat-soluble vitamins) Тука спаѓаат витамините А, Д, Е и К. Може да се складираат во црниот дроб и во масното ткиво додека не бидат потребни.
Влакна (Fibre) Јаглехидрати кои обично се наоѓаат во растителна храна и кои за разлика од другите јаглехидрати (шеќери и скроб) се отпорни на варење. Галактоза (Galactose) Прости шеќери, моносахариди. Галактозата е присутна во млекото, во хемиска комбинација со гликоза, за да формира лактоза.
Гликоза (Glucose) Прости шеќери, моносахариди. Гликозата е широко дистрибуирана во мали количини во овошје, растителни сокови и мед. Гликозата исто така се формира кога нашиот дигестивен систем го разградува скробот и се користи како важен извор на енергија за нашите клетки.
Глутен (Gluten) Мешавина од два протеини (глијадин и глутенин), што го прави тестото „еластично“ и ја дава структурата на финалниот производ. Колку повеќе се меша тестото, толку повеќе глутен се развива.
ГМО (GMO) Генетски модифициран организам (ГМО) е организам кој содржи генетски материјал кој е намерно изменет, а кои не се среќава природно преку одгледувањето и селекцијата на истиот.
Гушавост (Goitre) Отекување на тироидната жлезда во вратот предизвикано од недостаток на јод.
Дехидрација (Dehydration) Состојба во која телото изгубило повеќе течности отколку што внело.
Дигестија, варење (Digestion) Процес со кој храната се разложува во дигестивниот тракт за да се ослободат хранливите материи за апсорпција.
Диуретик (Diuretic) Супстанца која предизвикува зголемено производство на урина.
Додаток/суплемент во исхраната (Food supplement) Прехранбени производи кои содржат концентрирани количини на нутритиенти или други супстанци кои се наменети за дополнување на нормалната исхрана.
Ензим (Enzyme) Протеин кој стимулира или забрзува одредена реакција во телото; на пример, дигестивните ензими помагаат да се разгради храната во нутритиенти.
Железо (Iron) Минерал кој е неопходен во исхраната за создавање црвени крвни зрнца кои носат кислород до ткивата. Железото исто така му помага на имунолошкиот систем соодветно да функционира. Замена за млечни производи (Dairy alternatives) Производи од растително потекло што се користат наместо млеко, јогурт, сирење или други млечни производи. Индекс на телесна маса (Body mass index – BMI) Индексот на телесна маса е мерење кое го изразува односот меѓу тежината и висината на поединецот. Се пресметува со делење на тежината во килограми наспроти висината во метри на квадрат (т.е. висина x висина). Се користи за да се процени дали тежината на одредено лице е соодветна.
Јаглехидрати (Carbohydrates) Семејство на нутритиенти, кое вклучува шеќери, скроб и растителни влакна.
Јод (Iodine) Минерал потребен за формирање на тироидните хормони и кој му помага на мозокот да функционира нормално. Се наоѓа во млеко и млечни производи, алги, риба и некои збогатени јадења, на пример, јодирана сол. Казеин (Casein) Протеин што се наоѓа во млекото. Калиум (Potassium) Минерал кој помага да се контролира балансот на течности во телото. Калиумот придонесува за одржување на нормален крвен притисок и нормална мускулна и нервна функција. Добри извори на калиум се овошје и зеленчук, живина, црвено месо, риба, млеко и интегрални житарки. Калциум (Calcium) Минерал кој е неопходен во исхраната за градење на коските и забите и за многу процеси во клетките.
Колаген (Collagen) Протеин кој се наоѓа во коските, ‘рскавицата и сврзното ткиво.
Коронарна срцева болест – КСБ (Coronary heart disease – CHD) Заболување кое опфаќа ангина, срцев удар и ненадејна смрт предизвикана од блокада на артериите кои го снабдуваат срцето со крв.
Кортизол (Cortisol) Кортикостероиден хормон кој е познат и како примарен стрес хормон на телото.
Ксерофталмија (Xerophthalmia) Состојба позната како „суви очи“, којашто може да биде предизвикана од недостаток на витамин А. Други симптоми на недостаток на витамин А кои се поврзани со очите вклучуваат ноќно слепило, дамки и улцерација на рожницата.
Лактаза (Lactase) Ензим кој ја разградува лактозата, вид шеќер кој природно се наоѓа во тенкото црево и ја разградува лактозата на поедноставни, лесно сварливи шеќери гликоза и галактоза.
Лактоза (Lactose) Шеќер присутен во млекото. Лактозата е дисахарид (галактоза во хемиска комбинација со гликоза). Лецитин (Lecithin) Лецитинот е дел од супстанците растворливи во масти. Тој е природен емулгатор што се наоѓа во храна, како е жолчка од јајце и соја. Како главна компонента на жолчката, лецитинот му помага на телото да ги разложува мастите.
Липид (Lipid) Масти и супстанци сродни на мастите. Макронутриенти (Macronutrients) Хранливи материи кои му се потребни на човечкото тело во поголеми количини и кои обезбедуваат калории, т.е. масти, протеини и јаглехидрати.
Минерал (Mineral) Неоргански микронутриент кој е потребен во исхраната за нормален раст, развој и здравје, на пример, железо, калциум. Нарушувања од недостаток на јод (Iodine deficiency disorders) Низа абнормалности кои се јавуваат поради недостаток на јод, како што е намалување на коефициентот на интелигенција, гушавост и кретенизам.
Нетолеранција на лактоза (Lactose intolerance) Пореметување кое произлегува од неможноста да се вари лактозата поради ниски нивоа на ензимот лактаза. Луѓето со нетолеранција на лактоза може да доживеат дијареа, гасови и надуеност после јадење млечни производи.
Нетолеранција на храна (Food intolerance) Реакција при внесување одредена супстанција, којашто не е предизвикана како имунолошки одговор. Нетолеранциите се почести отколку алергиите, но се помалку сериозни симптомите.
Нехем-железо (Non-haem iron) Во однос на механизмот на апсорпција, постојат два вида железо: хем-железо и нехем-железо. Нехем-железо (или солите на железо) се главната форма на железо во исхраната и негови природни извори се овошјето, зеленчукоѕ, легуминозите, јатките и некои семиња. Апсорпција на нехем-железото е под силно влијание на исхрана и се движи од 2-12%.
Ниацин, витамин Б3 (Niacin, Vitamin B3) Витамин растворлив во вода, познат и како никотинска киселина. Има суштинско значење за складирање енергија во организмот и за одржување добро здравје. Се наоѓа во месото, рибата и школките, интегралните житарки (на пример, кафеав ориз) и во некои јаткасти плодови и семиња (на пример, кикирики и сусам).
Нутриенти (Nutrients) Елемент или соединение потребно за нормален раст, развој и одржување на здравјето. Есенцијалните хранливи материи не можат да се создадат самостојно од телото и затоа мора да се консумираат од храната.
Нутритивни потреби (Nutritional requirements) Количеството на енергија, протеини, масти и микронутриенти, коешто е потребно за одржување здрав живот.
Нутритивни материи (Nutritional requirements) Протеини, јаглехидрати, масти, влакна, сол, витамини, минерали и супстанции кои припаѓаат или се компоненти на една од овие категории.
Омега-3 масни киселини (Omega-3 fats) Масти кои можат да се најдат во мрсна риба, а во помали количини во растителни масла и во масла од јаткасти плодови (на пример, семе од репка, ореви), како и во семето од лен и чиа, соја и масло од соја.
Пектини (Pectins) Полисахарид кој природно се наоѓа во некои овошја, којшто има својство да формира гел, на пример, џем. Пектините придонесуваат за одржување нормалните нивоа на холестерол во крвта.
Пелагра (Pelagra) Болест предизвикана од недостаток на ниацин (витамин Б3), којашто се манифестира на кожата, гастроинтестиналниот тракт и нервниот систем. Симптомите често се нарекуваат „3 Д“: дерматит, дијареа и деменција.
Препорачан деневен внес (Recommended daily allowance) Просечен дневен внес на хранливи материи во исхраната што е доволен за да се задоволат потребите за хранливи материи на здрави индивидуи во дадена популација.
Протеини (Proteins) Тип на молекула составена од комплексни низи од амино киселини (протеински составни блокови).
Ретинол, витамин А (Retinol, vitamin A) Витамин растворлив во масти потребен за имунолошкиот систем да функционира нормално, како и за одржување на видот и нормална кожа. Се наоѓа во храна од животинско потекло, како што е црн дроб, сирење и јајца. Телото може да произведе витамин А и преку бета-каротен.
Рибофлавин, витамин Б12 (Riboflavin, vitamin B2) Витамин растворлив во вода кој е значаен за ослободување енергија од храната, намалување на заморот и кој придонесува за нормална функција на нервите. Природно се наоѓа во млеко, јајца, збогатени житарки и печурки.
Скорбут (Scurvy) Заболување предизвикано од недостаток на витамин Ц. Вообичаени симптоми на скорбут се отечени и крвави непца, бавно зараснување на рани или повторно отворање на стари рани.
Суплементација (Supplementation) Обезбедување микронутриенти преку таблети, капсули, сируп или прав.
Фолат (Folate) Витамин растворлив во вода потребен за формирање црвени крвни зрнца. Важен е за многу функции во телото, особено за време на бременоста. Недостатокот на фолати кај мајката при зачнување може да доведе до дефекти на невралната туба кај бебето. Фолатите природно се наоѓаат во црн дроб, зелен лиснат зеленчук, јаткасти плодови, портокали и интегрален леб. Фолат е природна форма на витаминот Б9 кој се наоѓа во храната.
Фолна киселоина (Folic acid) Фолната киселина е форма на витаминот Б9 во витаминските суплементи. Многу земји го збогатуваат своето брашно со фолна киселина.
Фруктоза (Fructose) Овошен шеќер, односно моносахарид кој најчесто се наоѓа во овошјето и зеленчукот.
Хем-железо (Haem iron) Се наоѓа само во извори од животинско потекло, вклучувајќи месо, риба и живина како составен дел на хемопротеините (хемоглобин и миоглобин). Оваа форма на железо полесно се апсорбира од телото отколку нехем железото.
Хемоглобин (Haemoglobin) Компонента на еритроциттите, односно на црвените крвни зрнца која содржи железо. Неговата функција е да пренесува кислород низ телото преку крвта. Анемија е состојба на недостаток на црвени крвни клетки (или недостаток на хемоглобин).
Холестерол (Cholesterol) Масна супстанција која циркулира во крвта. Холестеролот е суштински дел од клетките, но премногу холестерол во крвта може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања. Постојат два вида холестерол. Холестерол HDL е добар холестерол кој го влече холестеролот од крвта до црниот дроб за да се елиминира. Поради тоа се смета за добар за нашето кардиоваскуларно здравје. Холестерол LDL е лош холестерол бидејќи го носи холестеролот од црниот дроб до ткивата на телото.
Хронична неисхранетост (Chronic malnutrition) Позната е и како „заостанување“ и претставува недоволен раст во долг временски период. Несоодветната исхрана во долги временски периоди (вклучувајќи лоша исхрана и лоши практики за хранење на доенчиња и мали деца) и/или повторените инфекции може да доведат до заостанување во растот. Кај деца може да се мери со помош на нутритивен индекс на висина-според-возраст.
Целијакија (Coeliac disease) Состојба кога имунолошкиот систем ги напаѓа сопствените ткива при внесување глутен што се наоѓа во пченицата, коешто резултира со оштетување на слузницата на тенкото црево.
Целулоза (Cellulose) Полисахарид кој ја формира структурата на растителните клетки.
Цинк (Zinc) Важен минерал потребен за здравје и раст на телото. Се наоѓа во месото, сирењето, јаткастите плодови и семките, житарките од цели зрна и лебот со интегрални семиња. Поради антиоксидантните својства помага во јакнење на имунитетот. |
ИЗВОРИ:
Food and nutrition: key terms and definitions
https://www.foodafactoflife.org.uk/media/yetaaxk1/food-and-nutrition_key-terms-and-definitions.pdf
Definitions of Health Terms: Nutrition
https://medlineplus.gov/definitions/nutritiondefinitions.html
Nutrition Glossary: A Resource for Communicators, Unicef
Како да јачитаме и користиме нутритивната информација/табела истакната на етикетите на прехранбените производи
https://opm.org.mk/wp-content/uploads/2019/11/Nutri_Citanje_MK.pdf
Толковник на термини кои се користат при проценката на ризик во областа на безбедност на храната https://fva.gov.mk/mk/efsa-poimnik-termini