“Smart Brain” додатоци на исхрана придонесуваат подобар развој на активно размислување кај децата и поради тоа можат да се наречат и „витамини за умот“, ја зголемуваат концентрацијата и му помагаат на телото и на умот да ги совладуваат своите секојдневни задачи. Го поддржуваат растот и развојот на клетките, придонесуваат подобра функција на нервниот систем, нормална психолошка функција, подобра функција на имунолошкиот систем, енергетскиот метаболизам, производство на црвени крвни зрнца и хемоглобин.
Како доктор педијатар, често ме прашуваат за суплементи кои можат да ја подобрат функцијата на мозокот. Иако нема недостиг од додатоци кои се продаваат за оваа намена, важно е да се пристапи кон овие производи со претпазливост.
Додека некои додатоци може да имаат одредена корист за одредени поединци, многу од нив се недокажани, нерегулирани, па дури и може да бидат штетни. Затоа витамините “Smart Brain” од производителот Swiss Energy се вистински избор за младите дечиња на кои им е потребна здрава , корисна , квалитетна и проверена суплементација. Витамините “Smart Brain”се додатоци во исхрана кои се покажале корисни при нивната примена во многу научните студии. Еве да појасниме што всушност се нивните потенцијални придобивки. Тие содржат Витамин Б2 , Витамин Б6, Пантотенска киселина Б5, Железо и Цинк. Овој витамински состав е корисен за подобрување на мозочната функција како и невролошката стабилност се со цел да се добие здрав и функционален севкупен нервен систем кај детскиот мозок.
Витаминот Б2 или рибофлавин активно учествува во формирање на одредени хормони и еритроцити и синтеза на АТП (аденозин трифосфорна киселина-гориво на животот) ја штити мрежницата од УВ зраци, обезбедува функција на сетилото за вид. Игра важна улога во метаболозмот, делува позитивно врз нервниот сиситем, црнот дроб, кожата, ноктите и косата. Потребен е за нормален раст и развој кај децата.
Витаминот Б6 или пиридоксин е растворилив во вода. Нашето тело е составено 75 % од вода и затоа не се задржува долго време во телото и треба почесто да се зема .Тој учествува при потполна апсорпција и на витаминот Б12. Од голема помош е на имонолошкиот сиситем при создавање на антителата и штити од болести. Ја подржува функцијата на нервниот систем, активно учествува во формирање на црвени крвни зрнца, ублажува мачнина, штити од кожни заболувања и од грчеви.
Витаминот Б12 или кобаламин е многу важен, есенцијален водорастворлив витамини од групата на Б витамините. Тој е најкомплексно граден витамин и учествува при правилен развој на нервиот систем и мозокот, продукција на црвени крвни клетки, синтеза на ДНК молекулата, метаболизам и синтеза на масни кислени, создава енергија, придонесува за здравје на коските и кожата, олеснува апсорпија на фолната киселина и го наламува ризикот од макуларната деградација.
Витаминот Б5 или пантотенска киселина е еден од најважните витамини, помага во создавање на крнви клетки и помага во конвертирање на храната во енергија. Потребен е за, здрава кожа и коса, здрав дигестивен тракт, правилна фукнција на нервниот систем и црниот дроб.
Железото е есенцијално за сите клетки во организмот. Неговата примарна функција е да биде носител на кислород во телото, како дел од хемоглобинот во крвта и дел од миоглобулинот во мускулите.
Цинкот е есенцијален минерал кој учествува во многу процеси во организмот. Учествува во синтеза на протеините со тоа се постигнува ментален и физички раст и развој кај децата. Го јакне имунолошкиот систем и придонесува за отпорност на организмот при настинки.
Дополнително, важно е да разговарате со вашиот педијатар пред да започнете било каков нов додаток, особено ако вашето дете има некои здравствени состојби или прима одредени лекарства.
Накратко, иако постојат специфични додатоци за мозок кои се покажаа корисни во научните студии, важно е да се пристапи кон овие производи со претпазливост . Здравиот начин на живот кој вклучува добра исхрана, вежби и сон е од суштинско значење за одржување на доброто здравје на мозокот.
Препорачана дневна доза од “Smart Brain“ за деца од 3 години, 1-2 таблети. Таблетите Smart Brain се со меко топење со арома на јогурт-портокал обезбедуваат есенцијални витамини Б2, Б5, Б6 и Б12, како и железо и цинк. Тие го поддржуваат когнитивниот развој кај децата од 3-годишна возраст. На децата им треба многу енергија за стекнување нови вештини. Таблетите Smart Brain му помагаат на телото и на умот да ги совладаат своите секојдневни задачи како и подобро здравје и виталност кај децата. Потребо е да на крајот се даде констатација и совет за родителите дека ваков продукт каков што е SMART BRAIN кој е со ваква карактеристика и состав треба да е за постојана употреба, за да нашите деца, нашата иднина е постојано здрава и активна.
Др.спец. Ангелчо Андоновски , педијатар.
