монолаурин
Монолаурин безмилосниот уништувач и на најотпорните бактерии

Често пати не можеме да си претставиме како во нашето тело секојдневно се одвива битка, како на борбено поле помеѓу „добрите“ и „лошите“ бактерии. „Пријателите“ наспроти „непријателите“ на имунитетот. Долго време фокусот на науката и медицината беше да откријат лекови против бактериите кои што ги предизвикуваат болестите во нашиот организам. Но во таа борба се појавува еден сериозен проблем – резистентност кон антибиотиците. Најчестите инфекции станаа отпорни на традиционалните антибиотици, а луѓето умираат од претходно излечиви заболувања.  Токму затоа науката го промени својот фокус и се започна со потрага на нови решенија. Во центарот на тој фокус се најде монолауринот кој се смета за еден од најперспективните и најделотворни уништувачи на габите и бактериите кои што се резистентни на стандардните лекови. Научниците се надеваат дека еден ден монолауринот може да се искористи за создавање на нов антибиотик или антивирусен лек кој е ефикасен против широк спектар на микроби.

Тоа за сега е малку познато, но нашето тело веќе го знае неговото моќно дејство, бидејќи за прв пат го прима со самото раѓање преку мајчиното млеко.  Мајчиното млеко покрај останатите нутритивни состојки, содржи во просек 6,2% лауринска киселина, која на бебето му обезбедува хранливи материи за раст и развој, му дава имунолошка заштита која ги компензира незрелите заштитни механизми на организмот.

Што точно претставува монолауринот?

Монолауринот е додаток во исхраната добиен од лауринска киселина, масна киселина со среден ланец што се наоѓа во кокосовото и палминото масло. За прв пат беше синтетизиран од проф. Џон Кабара од Универзитетот во Детроит. За своето истражување тој користи лауринска киселина добиена од мајчиното млеко и глицерол. Оваа супстанца е широко проучувана ин витро и ин виво за нејзиниот потенцијал да деактивира одредени вируси, бактерии и други микроби.

Најновите истражувања го анализираат потенцијалот на монолаурин да покаже антивирусни, антибактериски и антифунгални својства во контролирани лабораториски студии, како и да се користи како моќен имуностимулант, вклучително и против обична настинка, грип и херпес зостер. Во храната, монолауринот се користи како конзерванс во производството на сладолед, маргарин и шпагети.

Истражувањата за монолаурин сугерираат дека тој е способен да ги инактивира вирусите обложени со липиди како што се херпес, цитомегаловирус, грип и разни патогени бактерии и протозои. Се вели дека монолауринот се врзува за липидно-протеинската обвивка на вирусот, со што го спречува врзувањето со клетките домаќини, со што го прави размножувањето невозможно. Покрај тоа истражувањата покажуваат дека монолауринот ја разградува заштитната вирусна обвивка, убивајќи го вирусот.

Употребата на монолауринот е побрза и поефикасна од лауринската киселина заради неговата целосна апсорпција во организмот, без да предизвика несакани ефекти врз дигестивниот систем.

Монолауринот според големиот број клинички испитувања има позитивни ефекти против бактериски инфекции како што се Borrelia burgdorferi и Borrelia garinii (познати дека предизвикуваат Лајмска болест), Candida albicans (која може да предизвика габични инфекции), H. Pylori или Helicobacter Pylori (што предизвикува гастритис и чир), C. difficile, Giardia lamblia и Entamoeba histolytica. Истражувањата покажаа дека монолауринот е ефикасен против вирусни, бактериски (грам позитивни) и габични инфекции како настинка, свински грип, генитален херпес и многу други.

За крај можеме да заклучиме дека монолауринот е високо ефикасен додаток во исхраната кој има изразено дејство против вирусите обвиени со липиди. Овој естер на лауринска киселина и глицерол драматично ја намалува нивната способност да се репродуцираат, напаѓаат и да ги инфицираат човечките клетки. Од друга страна, дејството на монолауринот го подобрува сопствениот имунитет на организмот и му помага да се справи со вирусните инфекции.

Извор: Езигбо, Вероника О., Мбаегбу Емануела А. „Екстракција на лауринска киселина од кокосово масло, нејзини апликации и здравствени ефекти врз некои микроорганизми“.

Извор: Thormar H, Isaacs CE, Brown HR, Barshatzky MR, Pessolano T. „Инактивирање на обвиени вируси и убивање на клетки од масни киселини и моноглицериди. Антимикробни средства и хемотерапија“.

Извор: Kabara JJ, Swieczkowski DM, Conley AJ, Truant JP. Масни киселини и деривати како антимикробни агенси. Антимикробни агенси’.

Извор: Ружин А, Новик Р.П. Еквивалентност на лауринска киселина и глицерол монолаурат како инхибитори на трансдукцијата на сигналот кај Staphylococcus aureus.

Извор: Goc, A., Niedzwiecki, A. and Rath, M. (2015), Ин витро евалуација на антибактериската активност на фитохемикалиите и елементите во трагови против Borrelia burgdorferi и Borrelia garinii. J Appl Microbiol,

Извор: Bergsson G, Steinrı́msson O, Thormar H. Бактерицидни ефекти на масни киселини и моноглицериди.

Овој веб сајт користи веб колачиња. Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Политика за колачиња
СЕ СОГЛАСУВАМ
не се согласувам