Бајкалскиот шлемник (Scutellaria baicalensis) е билка која во традиционалната кинеска медицина се употребува преку илјада години и има многу докажани придобивки за нашето здравје. Во стандардизираниот екстракт од корен на Бајкалски шлемник влегуваат голем број амино киселини, етерични масла, флавоноиди, стероли и др.
Од најголема важност како основна биолошко активна компонента во неговиот состав е бајкалинот. Голем број клинички испитувања го докажуваат антивирусното дејство на бајкалинот, особено против инфлуенца вирус тип А и B и респираторно синцицијален вирус (RSV), кои што се меѓу основните причинители на инфекции. Бајкалинот го блокира врзувањето на вирусот со клетката-домаќин и го спречува размножувањето и ширењето на вирусот во организмот.
Бајкалинот има и антиинфламаторно дејство, го подобрува антиинфламаторниот одговор на организмот, потиснувајќи го ослободувањето на проинфламаторни цитокинини. Има антиоксидантна активност и ја подобрува имунолошката заштита зголемувајќи го производството на интерферон.
Бајкалскиот шлемник може да потпомогне при:
– грип и вирусни инфекции,
– респираторни заболувања (бронхитис, пневмонија),
– бактериски и габични инфекции,
– како превентива во период на чести респираторни инфекции,
– за поддршка на имунитетот,
– при инфекции на дигестивниот систем,
– при стрес и напнатост,
– при недостаток на тонус и енергија.