VITANA Органски азуки грав – хранлив извор на енергија

(0 оценки и коментари)

260 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

– Производ без глутен;
– Големи количества на квалитетен растителен протеин;
– Богат со диетални растителни влакна и антиоксиданти;
– Високи количества железо, минерал кој телото го користи за пренос на кислород до крвта;
– Богат со витамин Б, особено витамин Б6 (пиридоксин), тиамин (витамин Б1), пантотенска киселина, рибофлавин и ниацин.

Нето количина 500 гр

Availability: instock
Бренд:vitana
Сподели:

Азуки гравот е мал грав кој се одгледува на просторот на Источна Азија и Хималаите. Иако го има во различни бои, црвениот азуки грав е најпознат. Азуки гравот се поврзува со многу придобивки за здравјето, вклучувајќи го здравјето на срцето и губење на тежина преку подобрено варење на храната и понизок ризик од дијабетес. Дополнително, тој лесно може да се вклучи во различни видови јадења.
Азуки гравот е богат со протеини, растителни влакна, витамини, минерали и корисни растителни соединенија. Овие хранливи материи подобро се апсорбираат доколку е потопен во вода, проникнат и ферментиран.

Го подобрува варењето на храната
Азуки гравот е богат со здрави растителни влакна и антиоксиданти, кои помагаат за подобрување на варењето на храната и го намалуваат ризикот од болести на цревата, како рак на дебелото црево.

Помага при намалување на ризик од дијабетес
Азуки гравот може да помогне при намалување на ризикот од тип 2 дијабетес. Ова делумно доаѓа оттаму што овој грав е богат со растителни влакна кои помагаат за подобрување на чувствителноста на инсулинот и намалување на висок шеќер во крвта по оброците.

Го подобрува здравјето на срцето
Соединенијата кои ги има во гравот азуки помагаат при намалување на високиот крвен притисок, како и нивоата на холестерол и триглицериди, што придонесува за поздраво срце.

Кој треба да ги користи?
• сите кои сакаат рамнотежа на организмот
• вегани и вегетаријанци

Кои состојки ги содржат?
100% органски азуки грав (Vigna Angularis)

Како и зошто се добри?
Азуки гравот е богат со хранливи материи, како растителни влакна, протеини и манган.
Тие се поврзуваат со многу придобивки за здравјето, вклучувајќи намалување на тежината, подобрување на варењето и низок ризик од тип 2 дијабетес и срцеви заболувања.

Пробајте грав денес, за да го подобрите вашето здравје

Употреба
Може да го направите како паста од црвен грав, да го проникнете или едноставно да го сварите.

Во случај да го варите, ставете го гравот во цедалка и измијте го со студена вода.
Ставете го гравот во голем сад, покријте го со неколку сантиметри вода и оставете го да кисне во водата околу осум часа.
Исцедете го гравот и повторно ставете го во садот со најмалку три пати повеќе количество вода од количеството на грав.
Оставете го да врие околу 45-60 минути, или додека да омекне.

Уживајте!

 

Хранлива вредност на 100гр
Енергија 359 Kcal/ 1520 kJ
Масти 0-2гр
(од кои заситени масти 0-1гр)
Јаглехидрати 55,2-71,2гр
(од кои шеќери 0-2гр)
Протеини 16-24гр
Растителни влакна 8,6-12,8гр
Сол 0.01гр

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “VITANA Органски азуки грав – хранлив извор на енергија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.