NBL Пробиотик ATP

1,036 ден

Достапност: Нема на залиха

Бесплатна достава!

NBL Пробиотик АТП дополнителна храна 20 кесички:
Овие пробиотици можат да го подобрат дигестивното здравје, да го зајакнат имунолошкиот систем и да ја подобрат апсорпцијата на хранливи материи, промовирајќи ја целокупната благосостојба.

Шифра: PROBIO53
Availability: outofstock
Бренд:Nobel ilac
Сподели:

Нема на залиха

NBL PROBIOTIC АТР (НБЛ ПРОБИОТИК АТП)
ќесички
(пробиотски микроорганизми, влакна и витамини)

Внимателно прочитајте го упатството пред да започнете со употребата на граничниот производ.

1. ШТО ПРЕТСТАВУВА НБЛ ПРОБИОТИК АТП И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

Името на овој производ е НБЛ ПРОБИОТИК АТП.

НБЛ ПРОБИОТИК АТП претставува граничен производ кој содржи пробиотски микроорганизми . Пробиотските микроорганизми помагаат во регулација на дигестивниот систем и го поддржуваат имунолошкиот систем.

Секоја ќесичка содржи полидекстроза, фруктоолигосахариди, галактоолигосахариди, Lаскорбинска киселина (витамин Ц) , Lactobacillus casei, сув витамин Е, Lactobacillus rhamnosus, Lactobacil/us p/antarum, Bifidobacterium lactis, тиамин хидрохлорид (витамин Бl) , рибофлавин (витамин Б2), пиридоксин хидрохлорид (витамин Б6)

Фруктоолигосахаридите практично не се варат во човечкиот дигестивен систем, па поради тоа пристигнуваат во дебелото црево непроменети, обезбедувајќи добар извор на храна за корисните бактерии, ја зголемува популацијата на бифидобактерии во дебелото црево и делуваат како несварливи влакна во исхраната.

Пробиотските микроорганизми помагаат во регулирањето на дигестивниот тракт и го пода,ржуваат имунолошкиот систем.

Пробиотиците се живи микроорганизми, кои живеат во гастроинтестиналниот тракт и играат важна улога во варењето на храната и имунитетот. Овие пријателски бактерии помагаат во одржувањето на нормалната рамнотежата на цревната микрофлора.

2. ШТО МОРА ДА ЗНАЕТЕ, ПРЕД ДА ГО УПОТРЕБИТЕ НБЛ ПРОБИОТИК АТП

Не употребувајте го НБЛ ПРОБИОТИК АТП ако:

  • Ако сте алергични (хиперсензитивни) на активните супстанции или некоја од другите состојки на НБЛ ПРОБИОТИК АТП.

Консултирајте се со Вашиот лекар во случај на болест или употреба на други лекови или за време на бременост и доење.
Производот е соодветен за деца од 3-10 годишна возраст.
Може да содржи траги од соја.
Прекумерна употреба може да доведе до лаксативен ефект.
Овој производ не е лек.
Не се употребува за превенција или третман на болести.

Ве молиме известете го Вашиот лекар или фармацевт доколку земате или сте земале било кои други лекови, вклучувајќи ги и лековите кои се купуваат без рецепт.

3. КАКО ДА ГО УПОТРЕБУВАТЕ НБЛ ПРОБИОТИК АТП

За перорална употреба.

Не надминувајте ја препорачаната дневна доза.

НБЛ ПРОБИОТИК АТП се зема перорално.

Се препорачува да се зема по 1 ќесичка, два пати дневно, во комбинација со храна, млеко, вода или јогурт, после доручек или вечера.

Вашиот лекар ќе одлучи како да го употребувате НБЛ ПРОБИОТИК АТП.

Овој производ е наменет за деца од 3-10 годишна возраст.

Времетраење на користењето
Освен ако Вашиот лекар не препорача поинаку, Ве молиме следете го упатството.

Вашиот лекар ќе Ве информира за периодот на употреба на НБЛ ПРОБИОТИК АТП.

4. ЧУВАЊЕ НА НБЛ ПРОБИОТИК АТП

Чувајте го на температура под 25 °С, во оригиналното пакување.

Чувајте го на места кои се недостапни за деца.

Не користете го НБЛ ПРОБИОТИК АТП по истекот на рокот кој што е означен на пакувањето.

5. СОДРЖИНА НА ПАКУВАЊЕТО И ОСТАНАТИ ИНФОРМАЦИИ

Што содржи НБЛ ПРОБИОТИК АТП

Секоја ќесичка содржи: 630 mg полидекстроза (влакна, 74 %), 485,65 mg фруктоолигосахариди (влакна, 90 %), 100 mg галактоолигосахариди (влакна, 90 %), 25 mg L-аскорбинска киселина (витамин Ц, 100 %), 12 mg Lactobacil/us casei, 8000 mg сув витамин Е, 6000 mg Lactobacillus rhamnosus, 6000 mg Lactobacillus p/antarum, 6000 mg Bifidobacterium lactis, 0,45 mg тиамин хидрохлорид (витамин Бl, 78 %), 0,45 mg рибофлавин (витамин Б2, 100 %), 0,45 mg пиридоксин хидрохлорид (Витамин Бб, 82 %).

Другите состојки: декстроза (како засладувач), силикон диоксид (агенс против стврднување), соја (додаток).

Производител на граничниот производ
Cell Biotech Со . , Ltd., Кореа

Носител на одобрението за ставање во промет на граничниот производ
НОБЕЛ ИЛАЧ САНАЈИИ ВЕ ТИЏАРЕТ А.Ш.,
Претставништво Скопје, Р.С. Македонија

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.