Becutan инстант чај од сладок анасон и камилица

(0 оценки и коментари)

119 ден190 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Инстант чај за подобрување на варењето на храната со смирувачко дејство

Исчисти

Инстант–чајот Becutan од сладок анасон и од цвет од камилица е приготвен од специјално одбрани билки со потврден квалитет. Неодоливо слатка и вкусна напивка, приготвена со особено внимание за нашите најмили.

Слаткиот анасон и камилицата имаат карминативно и спазмолитично дејство. Тие го поттикнуваат лачењето желудочен сок и ја подобруваат перисталтиката, со што го подобруваат варењето на храната (таа подобро се разградува и се ресорбира). Воедно, го помагаат и отстранувањето гасови од системот за варење, при што се намалува надуеноста на цревата и се смируваат грчевите. Цветовите од камилица, поради компонентите што ги содржат во етеричното масло, имаат и противвоспалително и антимикропско дејство. На камилицата ѝ се препишуваат и својства за олеснување на искашлувањето, а, исто така, таа дејствува благопријатно и при несоница и при состојби на вознемиреност.

Производот не содржи:

вештачки бои;

aроми;

конзерванси;

млечни протеини и

глутен.

Достапен е во пакување од 200 g, во мерач со практичен начин на отворање, како и во пакување од 20 кесички со приспособена доза од 5 g за уште поедноставна употреба.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Becutan инстант чај од сладок анасон и камилица”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *