Health Aid Haemovit plus таблети

1,039 ден

Availability: На залиха

Haemovit plus се капсули кои се специјално формулирани да ги овозможат сите неопходни материи за одржување на нормално ниво на железо и хемоглобин во крвта, како и здрави крвни клетки, а воедно го подобрува и имунитетот. Лица кои страдаат од железо дефицитарна анемија, жени со обилни менструални крварења, лица со крваречки хемороиди, бремени жени избираат Haemovit plus.

Availability: На залиха
Сподели:
Brand:

Haemovit plus се капсули кои се специјално формулирани да ги овозможат сите неопходни материи за одржување на здрави крвни клетки, а воедно го подобрува и имунитетот.

Анемијата претставува состојба во која има недостаток на железо како и на хемоглобин, односно на здрави црвени крвни клетки. Хемоглобинот е протеин за кој се врзува кислородот и кој преку црвените крвни зрнца се пренесува до сите ткива во организмот. Најчеста причина која доведува до анемија е недостатокот на железо во организмот а железото пак, е неопходно за нормалната синтеза на хемоглобинот. При недостаток на хемоглобин, се намалува снабденоста на крвта со кислород, што доведува до развој на хипоксија (глад за кислород) која се манифестира со бројни симптоми и знаци. Главно анемијата се карактеризира со слабост, малаксаност, бледило, вртоглавици.

Анемијата може да се појави и кај мажи и жени, со тоа што кај жените често може да биде поврзана со менструален циклус или пак со бременост.

При состојба на анемија потребно е да се примени третман со препарати на железо кои ќе ја потпомогнат синтезата на хемоглобин и ќе ги наполнат резервите за железо во организмот.

Haemovit plus капсулите содржат:

Железо – Fe 2+ (железо фумарат) – редуцирана форма на железо која не прави иритација на желудочната лигавица и е полесна за апсорпција;
Витамин Ц – е неопходен при апсорпцијата на железо а воедно и ја одржува двовалентната форма на железото (Fe2+);
Витамин Б6 – помага да се преработат амино-киселините, потребен е да се создаде серотонинот, мелатонинот и допаминот, помага во создавање на невро-трансмитерите, па поради тоа помага во регулирањето на умствените процеси;
Фолна киселина – учествува во клеточната репликација и клеточната синтеза на протеини во целото тело. Многу е важен при состојба на брза клеточна репликација, како што е бременоста;
Витамин Б12 – има клучна улога во ДНК и РНК репликацијата и овозможува нормална клеточна активност;
Цинк – го одржува имунитетот, многу е моќен при борба со вирусните инфекции. Го одржува метаболизмот на ДНК и РНК и учествува во правилната генска експресија;
Бакар – ја подобрува ресорпцијата на железото и е кофактор во бројни ензимски реакции;
Манган – претставува кофактор во ензимски реакции.
Состав: Vitamin C 75mg, Vitamin B6 5mg, Folic Acid 500μg, Vitamin B12 100μg, Iron 47mg, Zinc 4mg, Copper 2.5mg, Manganese 2.5mg.

Сите лица кои страдаат од железо дефицитарна анемија
Жени со обилни менструални крварења
Луѓе со хемороиди кои крварат
Бремени жени
За третман на железо дефицитарна анемија
Лица со слаб имун одговор
По една капсула дневно со храна за возрасни и деца над 12 год. За промена на дозирањето, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Производот содржи од алергени: соја

Без глутен, брашно, млечни производи, шеќер, сол, вештачки бои, конзерванси и вкусови.

Додатоците во исхраната не треба да се користат како замена за разновидна исхрана.

Состав: Vitamin C 75mg, Vitamin B6 5mg, Folic Acid 500μg, Vitamin B12 100μg, Iron 47mg, Zinc 4mg, Copper 2.5mg, Manganese 2.5mg

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Health Aid Haemovit plus таблети”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *