За производот
Ефективноста на MaxMedica Ферофол
Ферофол содржи хелатно железо (железо бисглицинат) што овозможува максимална апсорпција со одлична гастроинтестинална толеранција.
Наменети за жени во репродуктивна возраст, жени кои планираат бременост, бремени жени, спортисти, крводарители, луѓе кои не внесуваат доволно железо во исхраната.
Состав на капсулите Ферофол
Железото е основен микроелемент во исхраната на човекот. Учествува во целиот процес на дишење, вклучително и транспортот на кислород и електрони. Главната улога на железото е во функционирањето и синтезата на хемоглобинот. Железото исто така учествува во синтезата на миоглобин, Л-карнитин и аконитаза, кои се вклучени во производството на енергија во организмот. Покрај горенаведеното, железото учествува и во синтезата на ДНК, колаген, серотонин, допамин и норадреналин. Може да игра значајна улога во нормалниот развој на функциите на мозокот и имунитетот. Улогата на суплементација на железо е во превенција и третман на анемија предизвикана од недостаток на железо. Железото позитивно придонесува за нормален когнитивен развој на децата и за нормална функција на имунолошкиот систем.
Витаминот Б12 придонесува за нормално производство на црвени крвни зрнца, нормална функција на имунолошкиот систем, намалување на заморот и исцрпеност и нормално функционирање на нервниот систем. Витаминот Б12 игра улога во процесот на поделба на клетките.
Витаминот Б6 придонесува за нормално производство на црвени крвни клетки, нормална функција на имунолошкиот систем, намалување на заморот и исцрпеност, одржување на нормалниот енергетски метаболизам и нормалниот метаболизам на хомоцистеинот.
Фолната киселина придонесува за раст на ткивото на мајката за време на бременоста, нормална синтеза на аминокиселини и нормално формирање на крв. Фолната киселина игра улога во процесот на поделба на клетките. Дополнително внесување на фолна киселина го зголемува нивото на фолати кај мајката. Ниските нивоа на фолати кај мајката се фактор на ризик за развој на оштетување на невралната туба кај фетусот. Корисниот ефект е добиен со дополнителен дневен внес на 400 мг фолна киселина најмалку еден месец пред и три месеци по зачнувањето.
Витаминот Ц ја зголемува апсорпцијата на железо, придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, го намалува заморот и исцрпеноста, ги штити клетките од оксидативен стрес и ја одржува нормалната функција на имунолошкиот систем за време и по интензивна физичка активност.
Чести прашања
Што е железо бисглицинат?
Железо бисглицинат или хелатно железо е форма на железо што овозможува максимална апсорпција и не предизвикува запек, затоа е идеален додаток на железо за сите луѓе на кои им е дијагностициран недостаток на железо, без несакани ефекти.
Кои се симптомите на недостаток на железо во организмот?
Недостаток на железо предизвикува анемија, што се манифестира со замор, главоболки, опаѓање на косата и зголемена подложност на инфекции. Исто така, има негативно влијание врз здравјето на бремените жени и фетусот.
Индикации
- На жени во репродуктивна возраст
- На жени кои планираат бременост
- Бремени жени
- Спортисти
- Крводарители
- Луѓе кои не внесуваат доволно железо во исхраната
Состав
Пакување: 30 капсули
Начин на употреба :
Возрасни, трудници, доилки и деца до 12 години: 1 капсула дневно, независно од оброкот
Третманот трае 3-5 месеци додека не се постигне нормална вредност на хемоглобинот. Примената треба да се продолжи уште неколку недели со цел да се складира повеќе железо. Трудниците во текот на целата бременост, со консултација со доктор.
Состав на производот:
Активни состојки | 1 капсула | % Нутритивна референтна вредност |
Сув екстракт од плод на ацерола Од кој витамин Ц | 200 мг
50мг | **
62,50% |
Железо (во облик на железо (II) бисглицинат) | 20 мг | 143% |
Витамин Б6 (во облик на пиридоксин-хидрохлорид) | 2,8 мг | 200% |
Фолна киселина (во облик птероилмоноглутаминска киселина) | 400 мг | 200% |
Витамин Б12 (во облик на цијанокобаламин) | 5 мг | 200% |
Состојки: сув екстракт од плод на ацерола (стандардизиран на 25% витамин Ц), малтодекстрин, железо (II) бисглицинат, желатинска капсула ( желатин, боја- титан-диоксид), средство против згрутчување – магнезиум стеарат, пиридоксин-хидрохлорид, средство против згрутчување – сицилиум- диоксид, птероилмоноглутаминска киселина, цијаноколабамин.
Земја на потекло: Република Србија
Овој производ нема коментари.