Bionika Фортикс железо со витамин Ц

387 ден

Availability: Нема на залиха

Капсули со железо и витамин Ц без да предизвикаат непријатности на дигестивниот систем

Availability: Нема на залиха
Сподели:
Brand:

Нема на залиха

СОСТАВ

Една капсула содржи:

18 mg железо во облик на железо пирофосфат и 66 mg витамин Ц.

Други состојки: пченкарен скроб, магнезиум стеарат, желатин и титан диоксид (E171).

ДЕЈСТВО

ФОРТИКС капсулите содржат витамин Ц и 216,9 mg (Lipofer®) активна супстанција која содржи микроинкапсулирано железо пирофосфат што одговара на 18 mg железо. Вака обработеното железо има намален метален вкус, зголемена биорасположивост, намалена оксидативна способност со што се намалува неговата интеракција со останатите компоненти особено со витаминот Ц, не предизвикува иритација на дигестивниот тракт.

Придонесуваат за нормален енергетски метаболизам

Намалуваат замор и исцрпеност

Обезбедуваат нормална функција на имунолошкиот систем

Обезбедуваат нормалнo формирање на црвените крвни клетки и хемоглобин

Обезбедуваат нормален транспорт на кислород во телото

Обезбедуваат нормална когнитивна функција

Придонесуваат во процесот на делба на клетките

Обезбедуваат нормална функција на нервниот систем

Обезбедуваат нормална психолошка функција

Обезбедуваат нормалнo формирање на колаген за нормално функционирање на крвните садови, коски, рскавица, гингиви, кожа и заби

ги заштитуваат клетките од оксидативен стрес

Витаминот Ц допринесува за зголемена апсорпција на железото

ЗОШТО ДА УПОТРЕБУВАТЕ ФОРТИКС

Железото е неопходно за нормалнo формирање на црвените крвни клетки и хемоглобинот и нормален транспорт на кислород во телото. Витаминот Ц допринесува за зголемена апсорпција на железото и има улога во фукцијата на повеќе системи во организмот. Човековото тело не може да ги синтетизира железото и витаминот Ц и затоа треба да се внесуваат со храна и додатоци на исхрана.

Со употребата на ФОРТИКС капсулите се намалува можноста за настанување на недостаток од овие компоненти а со тоа и појава на анемии при бременост, хронични заболувања, при обилно губење на крв за време на менструалниот циклус и друго.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Не употребувајте ФОРТИКС доколку сте чувствителни на некоја од неговите состојки.

ПРЕДУПРЕДУВАЊА И НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА:

Нема пријавени несакани ефекти или појава на токсичност поврзана со употреба на прeпоpaчаните дози.

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Возрасни и деца постари од 14 години: една капсула дневно, најдобро со утринскиот оброк. Не ги употребувајте додатоците на храна како замена за разновидна исхрана. За дополнителни информации обратете се кај Вашиот фармацевт или лекар.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Bionika Фортикс железо со витамин Ц”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *