MaxMedica Vitamin D3 400IU таблети

431 ден

Availability: Нема на залиха
  • Обезбедува максимален внес на витамин Д
  • Спречува настанување на инфекции
  • Ги олеснува тегобите на мултипла склероза

 

100 таблети / 1 таблета дневно

Availability: Нема на залиха
Сподели:
Brand:

Нема на залиха

За производот

За што е наменет MaxMedica Витамин Д3

Витамин Д3 на MaxMedica е формулиран да содржи 10mcg витамин Д3 (400IU) во една таблета.

Витаминот Д3 е витамин што се раствора во масти и придонесува за нормалната апсорпција на калциумот и фосфорот во организмот, и нормално ниво на калцуим во крвта. Неопходен е за правилна минерализација на коските и забите, како и за нормалното функционирање на мускулите и имунолошкиот систем. Витаминот Д3 има имуномодулаторно дејство и утврден е помал број на инфекции кај луѓето кои го внесуваат овој витамин како додаток

Чести прашања

Во која храна се наоѓа витаминот Д?

  • Витамминот Д го има во млекото кое е збогатено со витамин Д, а се содржи и во рибата, жолчка, житарки, додека пак кај животните најмногу го има во црниот дроб. Но тие количини не ја покриваат дневната потреба на организмот. Диетите според кои јадеме само белки и немасни меса, исфрлање на зивотински масти и жолчка може да доведат до проблеми затоа што витаминот Д неможе да се најде во храна со мала количина на масти. Се’ ова во комбинација со поминување на поголем дел од времето во канцеларија во затворен простор и седечка положба, доведува до недостаток на витамин Д кај дури 60% од светската популација.

Зошто витаминот Д е уште познат како витамин на сонцето?

  • Кога сме изложени на сончева светлина,клетките на нашата кожа апсорбираат УВ Б зраци и тогаш 7-дехидрохолестеролот се претвора во витамин Д3. Сепак, денешниот начин на живот честопати доведува до намалена синтеза на витамин Д3 во нашето тело. Недостатокот на витамин Д3 е здравствен проблем денес ширум светот.

Што се подразбира под недостаток на витамин Д3?

  • Витаминот Д3 е неопходен за нормален метаболизам на калциум и фосфор, што е предуслов за здравјето на нашите коски. Исто така, недостаток на витамин Д3 може да доведе до низа други здравствени проблеми како што се автоимуни болести, инфективни болести, дијабетес тип 1 и 2, хипертензија и срцеви заболувања, па дури и карцином, а и е неопходен во третманот на мултиплекс склероза. Додатокот на витамин Д3 особено се препорачува за жени кои страдаат од дебелина и инсулинска резистенција.

Бројни анализи укажуваат на тоа дека витаминот Д е значаен и во намалување на смртноста кај возрасните. Со други зборови , истражувачите дошле до заклучок дека лицата кој секојдневно конзумирале додаток на витаминот Д живееле подолго од оние кое не конзумирале витамин Д. Додека пак кај децата витаминот Д го намалува ризикот од грип, кај постарите го подобруваат здравјето на коските и го намалуваат ризикот од настинки и скршеници.

Индикации

Се препорачува примена на таблетите со витамин Д3:

  • За одржување на здравјето на коски и заби
  • Стари лица
  • Лица кои не се доволно изложени на сончева светлина
  • Превентивно за зајакнување на имунитетот
  • За одржување на нормална функција на мускулите

Состав

Пакување: 100 таблети

Начин на употреба: Препорачливо е да се конзумира 1 таблета дневно, со оброк

Состав на производот

Активна состојка 1 таблета Препорачан дневен внес
Витамин Д3 (холекалциферол) 10мг 200%

 

Состојки: витамин Д3 (холекалциферол), лактоза-монохидрат, средство против згрутчување: микрокристална целулоза, магнезиум стеарат, талк.
Земја на потекло: Република Србија

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “MaxMedica Vitamin D3 400IU таблети”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *