Витаминот Д3 е витамин растворлив во масти кој придонесува за нормална функција на имуниот систем, апсорпција / искористување на калциум и фосфор, одржување на нормални коски, нормална функција на мускулите, одржување на нормални заби и исто така придонесува за нормално ниво на калциум во крвта. Заедно со калциумот, витаминот Д исто така помага при намалување на загубата на минералите во коските кај жени во пост-менопауза.
За што служат капсулите Vitamin D3 5000iu?
Придонесуваат за нормална апсорпција/искористување на калциум и фосфор.
Придонесуваат за одржување на нормални заби, коски и функција на мускулите.
Придонесуваат за нормално ниво на калциум во крвта.
Витаминот Д3 има улога во процесот на поделба на клетките.
Vitamin D3 5000 iu капсулите може да бидат корисни за:
Луѓе кои сакаат да ги одржуваат коските и забите здрави и цврсти.
Оние кои имаат ограничена изложеност на сонце.
Повозрасни луѓе кои се склони кон слабост на коските.
Луѓе чиј организам не може да апсорбира соодветна количина на витамин Д3.
Луѓе со несоодветна исхрана или на кои им недостасуваат витамини растворливи во масти како што е витаминот Д3.
Немојте да ги употребувате Vitamin D3 5000 iu капсулите доколку:
сте преосетливи (алергија) на било која составна компонента на Витамин Д3 5000iu капсулите
Мерки на претпазливост:
Досега непознати,
Предупредување:
Овој производ користете го според упатството кое е наведено на пакувањето. Производот не смее да се користи како замена за разновидна исхрана. Ве молиме пред да го земете овој производ да се консултирате со вашиот лекар доколку боледувате од некоја болест, доколку земате лекови, ако сте бремени или доите или пак сте алергични на нешто. Не го користете овој производ по истек на рокот за употреба.
Употреба со други лекови и медицински производи:
Нема податоци за можни интеракции.
Бременост и доење
Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост.
Влијание врз способноста за возење автомобил или за ракување со машини
Не е забележано влијание на Vitamin D3 5000 iu капсулите врз способноста за возење или ракување со машини.
ПРЕПОРАЧАНА ДНЕВНА ДОЗА
Возрасни една капсула на ден или како е советувано од соодветно квалификувано лице. Да не се пречекорува препорачаната дневна доза освен доколку тоа не е препорачано од соодветно квалификувано лице.
Можни несакани дејства
Како и сите медицински производи и Vitamin D3 5000 iu капсулите може да има несакани дејства, иако истите не се јавуваат кај сите пациенти.
Многу ретко може да се јават локални реакции на преосетливост.
** Без додаток на сол
** Без квасец, глутен, пченица и млечни производи
** Без додаток на вештачки бои
** Погоден за вегетаријанци
Овој производ нема коментари.