DOC Vitamin D3 x 30 таблети

258 ден

Availability: На залиха

Doc Vitamin D3 1000 IU– 30 таблети додаток во исхраната кој содржи витамин Д3, за силни коски и јак имунолошки систем.

Храна за посебни медицински намени – Диететски производ

Количина: 30 таблети
Без шеќер, сол и скроб

Availability: На залиха
Сподели:
Brand:

Витаминот Д3 е познат и како витамин на сонцето, бидејќи нашето тело може да го синтетизира со разумно изложување на сонце. Сепак, често се забележува дека значителен дел од популацијата има намалено ниво на витамин Д, со што употребата на додатоци може да биде корисна за организмот.

Doc Vitamin D3 1000 IU– 30 таблети додаток во исхраната кој содржи витамин Д3, за силни коски и јак имунолошки систем. Храна за посебни медицински намени – Диететски производ.

Витаминот Д придонесува за:

Одржување здрави коски.
Нормална мускулна функција.
Нормална функција на имунолошкиот систем.
За регулирање на исхраната кај лица со остеопенија, остеопороза, автоимуни, кардиоваскуларни, малигни заболувања и други состојби и болести во кои е неопходна замена на витамин Д.
Витаминот Д го намалува ризикот од фрактури, ја подобрува невромускулната функција и може да го намали ризикот од пад кај мажи и жени на возраст од 60 години и постари. Паѓањето е фактор на ризик за фрактури.

Активни состојки                               Количество во сервирање(1 таблета)                 Количество во 100 g               %ПДВ* во сервирање
Витамин Д3 (холекалциферол)     25 mcg (1000 ИЕ)                                                     6,25 mg                                        500%
*%ПДВ – Препорачана дневна доза

Дозирање: една таблета дневно по јадење или како што ќе Ви препорача лекар.

Производот треба да се користи под медицински надзор. Производот е нутритивно непотполна намирница и не е погоден да се користи како единствен извор на храна. Не ја надминувајте препорачаната дневна доза. Производот не служи како замена за разновидна исхрана. Не го употребувајте производот доколку сте чувствителни на некоја од состојките. Производот не е наменет за деца, лица помлади од 18 години, бремени жени и доилки. Производот не е за парентерална употреба. Да се ​​складира надвор од дофат на деца во оригиналното пакување, во суво опкружување и на собна температура (максимум 25 °C).

Производите на Doc Pharma се дизајнирани со целосно почитување на човековата природа и врз основа на потребите на современите луѓе. Во процесот на производство засновано врз строги фармацевтски стандарди и протоколи GMP, се користат внимателно избрани суровини со висок квалитет, одлична чистота и секогаш во концентрации идеални за потребите на современите мажи и жени.

Научно заснованиот избор на вистински хранливи материи, во вистинска комбинација и во идеална содржина, создава високо квалитетни додатоци во исхраната кои ги поддржуваат потребите на современиот начин на живот.

Doc Vitamin D3 е произведен во Грција и ги исполнува сите креитериуми за квалитет и веродостојност на производи од групата на додатоци во исхрана, а компанијата Doc Pharma S.A. е сертифицирана со ISO 9001:2008, а производниот капацитет со GMP (Good Manufacturing Practices) и GDP (Good Distribution Practices) сертификати и стандарди.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “DOC Vitamin D3 x 30 таблети”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *