Baby D3 е наменет како дневна доза на витамин Д кај предвремено родени бебиња, доенчиња и деца. Во својот состав содржи 10 мг витамин Д3 (400 IU) во една капсула со одвртување, што е препорачана дневна доза за правилен развој на коските и забите, во согласност со европските и националните препораки на педијатарот.
Baby D3 придонесува за нормална апсорпција на калциум и фосфати, за нормален развој на здрави коски, заби и мускули кај децата и правилна функција на имунолошкиот систем.
Чести прашања
– Кои се основните улоги на витамин Д кај бебиња и деца?
- Правилен раст и развој на коските, зачувување на коскената маса и спречување на рахитис.
- Правилна минерализација на забите и зачувување на нивната нормална структура и функција.
- Правилна функција на имунолошкиот систем.
- Правилна мускулна функција, зачувување на мускулниот тонус и спречување на развој на хипотонија.
- Намалување на заморот и раздразливост, подобар квалитет и подолг сон.
- Смирување на акутни и хронични воспалителни процеси.- Кои нарушувања можат да се појават кај деца поради недостаток на витамин Д?
Ризикот од недостаток на витамин Д кај доенчиња и деца е зголемен и најизразен е се додека детето не наполни 3 години, како и во периодот на интензивен раст кај деца од предучилишна возраст и во пубертет.
Најчеста последица од недостаток на витамин Д кај децата е рахитис. Рахитис е болест што се јавува поради несоодветна минерализација на коските, како резултат на нарушувања во метаболизмот на калциум и фосфат. Тогаш коскеното ткиво омекнува, а коските стануваат многу почувствителни, па затоа лесно се виткаат и се кршат. Во клиничката слика на рахитис доминираат деформации на скелетот, коските на черепот омекнуваат, фонтанелата се затвора подоцна, растењето на млечни заби доцни и подоцна се склони кон кариес поради недоволен развој на забната глеѓ и дентинот. Кога детето почнува да седи, се забележуваат деформитети на ‘рбетниот столб, а при првите чекори се забележуваат и деформитети на нозете во форма на буквата О или Х.
Рахитис кај доенчиња, исто така, доведува до одложен развој на психомоторот.
Други симптоми на недостаток на витамин Д се намалена мускулна сила и намален мускулен тонус, што дополнително го отежнува развојот на моторните вештини кај децата и совладување на секојдневни активности како што се седење, стоење и одење.
Децата кои имаат недостаток на витамин Д имаат зголемена подложност на инфекции, како и замор, раздразливост и немирен сон.
– Дали на децата треба да им се дава витамин Д и по 1 година?
Да, особено во текот на годината со помалку сончеви денови, есенски и зимски месеци. Континуирано дополнување на витамин Д се препорачува и кај деца со слаб имунитет (деца склони кон чести заболувања), како и кај деца кои имаат генетска предиспозиција за развој на алергии или појава на некои од автоимуните болести.
Индикации
Препорачливо е да се користат капсулите со одвртување Baby D3 кај:
Доенчиња од 8-ми ден по раѓањето до 1-ва година, со цел правилно да им растат и развиваат коски, мускули и заби
Бебиња и деца во месеци со помалку сончеви денови (период октомври-март)
Деца кои одат во градинка, особено во текот на годината кога се почести вирусни инфекции
Деца кои имаат генетска предиспозиција за развој на алергии или појава на автоимуни болести
Состав
Пакување: 30 капсули со одвртување
Начин на употреба: 1 капсула дневно, од 8-ми ден по раѓањето до една година.
Внимателно извадете ја капсулата од блистерот. Фатете го долниот дел од капсулата со едната рака и горниот дел од капсулата (капачето) со другата. Свртете го горниот дел од капсулата (капачето), повлечете го и извадете го. Држете ја отворената капсула исправена за да не се истури содржината на капсулата. Ако содржината ви се подистури, капсулата може да биде лизгава и може да ви се лизне од раката. Притиснете ја отворената капсула и исцедете ја содржината на капсулата во лажица или измешајте со млеко.
Никогаш не ставајте ја целата капсула во устата на детето. Стиснете ја неговата содржина во лажица и дадете му ја на бебето/детето.
Состав на производот
Активна состојка | 1 капсула | Нутритивна референтна вредност |
Витамин Д (холикалциферол) | 10 мг/ 400IU | 200%* 143%** 100%*** |
*НРВ/ПДВ – нутритивна референтна вредност за возрасно лице
** НРВ/ПДВ – нутритивна референтна вредност формула за доенче
*** НРВ/ПДВ – нутритивна референтна вредност храна за доенче и мали деца
Овој производ нема коментари.