4U Pharma Babytol D3 капки во капсули

(0 оценки и коментари)

581 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

BABYTOL D3 – витамин Д3 за деца

Почитувани родители,

Babytol D3 содржи витамин D3, кој е неопходен на вашите бебиња од нивното раѓање.

Витаминот D3 се применува превентивно од осмиот ден од животот, во согласност со европските и националните препораки на педијатрите, за здрав развој на коските и забите, во доза од 400 IЕ дневно.

Недостатокот на витаминот D3 може да предизвика кршливост на коските, деминерализација и кревки коски, односно болест наречена рахитис.

Со примена на една капсула дневно ќе бидете потполно сигурни дека вашето бебе прима неопходен витамин во точна дневна доза, за здрав раст и развој.

ЕДИНСТВЕНА ФОРМУЛА ЗА ЗДРАВ РАЗВОЈ НА КОСКИТЕ И ЗАБИТЕ:

Витамин D3 – витамин на сонцето
Важен и неопходен витамин, потребен за јаки и цврсти бебешки коски и заби, во препорачана дневна доза од 400 IЕ дневно во една капсула.

“Twist off” капсула – прецизно и едноставно дозирање на витаминот
Едноставно и прецизно дозирање. Едноставно, завртете, потоа повлечете и отстранете го горниот дел од капсулата.

Препорачана дневна доза
Една “Twist off” капсула содржи 400 IЕ витамин D3, препорачана од страна на Европското здружение на гастроентеролози, хепатолози и нутриционисти (ESPGHAN). Препораките од националните здруженија на педијатрите и неонатолозите се усогласени со препораките на европските здруженија.

Маслиново масло
Витамините се растворени во маслиново масло без алергени, кое овозможува подобра апсорпција и искористеност на овие витамини. Витаминот D3 е липосолубилен и се раствора во масло, па апсорпцијата и искористеноста се многу подобри.

Безбедна капсула за примена кај новороденчиња
Витаминот D3 е растворен во природно маслиново масло, без алергени, конзерванси и адитиви. Капсулата е од желатин што се јаде, потполно растворлива во вода, безбедна за примена кај новороденчиња.

Витаминот D3 е „витамин на сонцето“. Под влијание на сончевите зраци, неактивниот облик на витаминот D, преминува во активен облик – витамин D3. За децата, една од клучните улоги на витаминот D3 е што помага во апсорпцијата на важните минерали кои учествуваат во градбата на коските калциум и фосфор од дигестивниот тракт и со тоа овозможува нормален развој и раст на забите и коските.

Поради штетноста на сончевите зраци во текот на летото и слабата изложеност на децата на сонце со заштитните фактори, како и зимските услови без многу сончеви денови, се препорачува задолжително надополнување на витамин D3 во доза од 400 IЕ дневно.

Задолжителната суплементација според сите европски и национални препораки се применува од осмиот ден од животот, секојдневно, до навршување на една година. По навршување на една година се советува суплементација во доза од 400 IЕ дневно, во зимските месеци (од октомври до март).

ВИТАМИН D3 – ВАЖЕН ВИТАМИН ЗА ЗДРАВ РАЗВОЈ НА КОСКИТЕ И ЗАБИТЕ.
Задолжителна е суплементацијата со витамин D3 во доза од 400 IЕ дневно, во текот на првата година од животот, а потоа во текот на зимските месеци (од октомври до март) за правилен развој на коските и забите.

ПРЕПОРАЧАНА ДОЗА ВИТАМИН D3 ЗА БЕБИЊА Е 400 IЕ ДНЕВНО.
Педијатриските здруженија препорачуваат задолжителна суплементација со витамин D3 во првата година од животот, во дневна доза од 400 IЕ.

ЕДИНСТВЕНИОТ ОБЛИК НА TWIST-OFF КАПСУЛАТА ОВОЗМОЖУВА ПРАВИЛНО И ПРЕЦИЗНО ДОЗИРАЊЕ.
Twist – off капсулите се од желатин што се јаде, потполно растворливи во вода и безбедни за примена кај новороденчиња. Единствениот облик овозможува едноставна примена со прецизно дозирање!

Неопходен е за правилен раст и развој на коските и забите.
100 % препорачана дневна доза витамин D3 од 400 IЕ во една twist – off капсула.
Единствен облик ,,twist – off“ капсула – едноставна примена и прецизно дозирање.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “4U Pharma Babytol D3 капки во капсули”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120,00 ден.

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.