MAGNEVITAL DIRECT, ПРАШОК ЗА ДИРЕКТНА ПРИМЕНА 20 x 400 mg

(0 оценки и коментари)

239 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Magnevital Direct, прашок за директна примена содржи оптимален однос на магнезиум, цинк, витамини Б1, Б6, Б12 и витамин Ц. Придонесува за намалување на чувството на умор и исцрпеност, правилно функционирање на мускулниот, нервниот и имунолошкиот систем и заштита на клетките од оксидативен стрес. Производот има пријатен вкус, збогатен со арома на грејп. Не содржи шеќер и глутен. Како засладувачи се користени: сорбитол, сукралоза и неохесперидин ДЦ, па можат безбедно да го користат и дијабетичарите.

Магнезиумот е есенцијален минерал, неопходен за оптимално функционирање на човековиот организам – потребен е на мускулите, на нервите и на срцето. Учествува во  повеќе од 300 различни метаболички процеси во организмот, првенствено оние во кои се создава енергија. Истражувањата покажуваат дека голем број возрасни луѓе не ги внесуваат дневните потреби на овој минерал (слаба апсорпција, земање диуретик, неправилна исхрана, конзумирање на алкохол, неконтролиран дијабетес). Симтомите од недостаток на магнезиум вклучуваат замор, несоница, дисфункција на мускулите, биење на срцето. Магнезиумот учествува во изградба на коските и забите. Придонесува за правилност на мускулните контракции, синтеза на протеините, овозможува нормална невротрансмисија која влијае на квалитетот на сонот, процесот на опуштање, одржување на менталниот фокус и острина. Може да придонесе за намалување на појавата на дијабетес тип 2 кај гојазните лица.

Состав:

  • магнезиум (магнезиум-оксид)
  • Витамин Ц (Л-аскорбинска киселина)
  • цинк (цинк-цитрат)
  • витамин Б6 (пиридоксин-хидрохлорид)
  • витамин Б1 (тиамин-мононитрат)
  • витамин Б12 (цијаноколабамин)

Магнезиумот е есенцијален минерал, неопходен за оптимално функционирање на човековиот организам – потребен е на мускулите, на нервите и на срцето. Учествува во  повеќе од 300 различни метаболички процеси во организмот, така што придонесува за претворање на јаглените хидрати, протеини и масти во енергија. Истражувањата покажуваат дека голем број возрасни лица не ги внесуваат дневните потреби од овој минерал (слаба апсорпција, земање диуретик, неправилна исхрана, конзумирање на алкохол, неконтролиран дијабетес). Симптомите за недостаток на магнезиум вклучуваат замор, несоница, дисфункција на мускулите, биење на срцето.

Магнезиумот учествува во изградбата на коските. Придонесува за правилност на мускулните контракции, синтеза на протеините, овозможува нормална невротрансимисија која влијае на квалитетот на сонот, процесот на опуштање, одржување на менталниот фокус и острина. Може да придонесе за намалување на појавата на дијабетес тип 2 кај гојазните лица.

Цинкот е олигоелемент кој придонесува за оптималната функција на имунолошкиот систем, одржување на правилната функција на коските, правилната когнитивна функција, придонесува за плодност и репродукција, здрав изглед на кожата, косата и ноктите. Има значајна улога во превенција на настинка и грип како и кај хроничните инфекции, бидејќи го поттикнува имунолошкиот систем и има антиоксидативна улога.

Витамините од Б групата се неопходни за производство на енергија, како и за поделба и обновување на клетките.

Витаминот Б1 придонесува за правилна функција на нервниот систем, нормалната психолошка функција и нормалната функција на срцето.

Витаминот Б6 придонесува за правилен метаболизам и создавање на енергија, правилна функција на нервниот и имунолошкиот систем, нормална психолошка функција како и намалување на уморот и исцрпеноста.

Витаминот Б12 е хидросолубилен витамин кој има клучна улога во правилното функционирање на нервниот систем и создавање на црвените крвни клетки. Вклучен е во метаболизмот на сите клетки во човековиот организам, влијае на синтезата на генетскиот материјал (ДНК и РНК) и на метаболизмот на јаглените хидрати, амино и масните киселини. Ја подобрува способноста за концентрација, памтење и рамнотежа и поволно дејствува на изгледот на кожата и косата.

Витаминот Ц придонесува за правилната функција на имунолошкиот систем, заштита на клетките од оксидативен стрес, како и за намалување на уморот и исцрпеноста. Директно влијае на намалување на траењето на симптомите што се јавуваат кај инфекциите со вируси и бактерии.

Придонесува за:

  • намалување на чувството на умор и исцрпеност
  • нормална функција на имунолошкиот систем
  • нормална функција на мускулниот систем
  • нормално функционирање на нервниот систем
  • ги заштитува клетките од оксидативен стрес

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “MAGNEVITAL DIRECT, ПРАШОК ЗА ДИРЕКТНА ПРИМЕНА 20 x 400 mg”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.