ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ
Профилакса и терапија на хиповитаминоза Ц и скорбут.
Состојби и заболувања со зголемена потреба за витамин Ц (бременост, доење, растење, тежок физички напор, стрес, пушење, покачена телесна температура, инфективни заболувања, хемодијализа, неоплазми, рани кои тешко заздравуваат).
Кај предозирање со железо заедно со дефероксамин (за да се зголеми излачувањето на железото).
Терапија на идиопатска метхемоглобинемија.
ДОЗИРАЊЕ
Два до три пати во денот, по 1 до 2 таблети.
СОСТАВ
1 таблета за џвакање содржи 300 mg аскорбинска киселина.
ПАКУВАЊЕ
Кутија со 30 таблети за џвакање со вкус на лимон или мандарина, во пластичен контејнер.
Овој производ нема коментари.