AboCeLux Витамин Ц (400мг) + Цинк (10мг) капсули со продолжено дејство

415 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

При првите симптоми на настинка и грип.

Бренд:ABOPharma
Сподели:

АБОЦЕЛУКС – капсулите со продолжено дејство, обезбедуваат постепено ослободување на активните состојки во текот на целиот ден. На тој начин во телото се обезбедува достапност на витамин Ц во мали дози за подолг временски период, со што се овозможува комплетна апсорпција од страна на организмот. Состојките се апсорбираат побрзо од телото, плазма концентрацијата е повисока, а излачувањето од телото е побавно.
Витаминот Ц е еден од најмоќните и најважни антиоксиданси. Л-аскорбинската киселина (витамин Ц) не се синтетизира од телото и затоа мора да се внесува преку храна или додатоци во исхраната. Препорачаните дневни дози се од 200 – 500мг за здрави особи. Дозата на витамин Ц треба да е зголемена кога телото е изложено на инфекции (бактериски или вирусни), повреди, сериозен физички и ментален напор (стрес).

Витаминот Ц во комбинација со Цинк придонесуваат во:
– нормална функција на имунолошкиот систем;
– заштита на клетките од оксидативен стрес;
– намалување на чувството на замор и изнемоштеност;
– нормална функција на коските, капиларите и ‘рскавицата.

Состав во една капсула:
Витамин Ц (Л-аскорбинска киселина) – 400 мг;
Цинк (цинк сулфат) – 10 мг.

Препорачано дозирање: 1 капсула на ден со повеќе течност.

Пакување со 30 капсули