SYNERGY VITAMIN B6 50mg 60 капсули

(0 оценки и коментари)

440 ден

Достапност: Нема на залиха

Бесплатна достава!

ДИРИГЕНТ НА СИТЕ ВИТАЛНИ ФУНКЦИИ

Availability: outofstock
Бренд:Synergy
Сподели:

Нема на залиха

Што претставува B6 50mg?

Хидросолубилен витамин чијашто активна форма е пиридоксин хидрохлорид, неопходен за метаболизмот на протеините. Учествува во метаболните процеси на аминокиселините (декарбоксилација, дезаминација, трансаминација итн). Има важна улога во метаболизмот на мастите, формирањето хем, како и на нијацин од триптофанот.

Витамин Б6 овозможува создавање на неколку неуротрансмитери кои пренесуваат пораки во нервниот систем. Неопходен е за нормален развој и функционирање на нервниот систем, за создавање на хормони кои го регулираат расположението (серотонин и норепиефрин) и биоритамот (мелатонин). Придонесува за нормална синтеза на хомоцистеин и учествува во формирање на црвените крвни клетки. Го намалува заморот и исцрпеноста и учествува во регулирање на хормонската активност.

Витамин Б6 учествува во одржување на здрав имунолошки систем преку негово учество во создавање на антитела.

ДЕЈСТВО на B6 50mg

  • При недостаток од витамин Б6 како терапија и превентива: микроцитна и хипохромна анемија, конвулзии кај новороденчиња, полиневритиси и невропатии при терапија со лекови кои содржат изонијазид, пенициламин, хидралазин и циклосерин.
  • При намалени концентрации на витамин Б6 присатни кај диети, уремија, алкохолизам, цироза, хиперпаратиреоидизам, малапсорптивен синдром, кај пациенти со срцева слабост, долготрајна хемодијализа, како и при генетски нарушувања во метаболизмот на аминокиселините.
  • Зголемени потреби од витамин Б 6 се јавуваат при долготрајна употреба на хормонални контрацептиви, кај геријатриски пациенти и при бременост и лактација,
  • Други индикации: вертиго, акни, себореичен дерматитис, хиперлипидемија, озрачување, хиперемезис гравидарум, предменструален синдром, хиперкинетски синдром кај деца, хипероксалурија, зависност од пиридоксин кај деца

Се препорачува: идиопатска сидеробластична анемија, предменструален синдром, повраќање за време на бременост, пореметување во метаболизмот на пиридоксин кај жени кои употребуваат контрацептиви со естрогени, невропатија, полиневрит кај алкохоличари, пореметување во метаболизмот на аминокиселини (цистинурија, конвулзии на новороденче предизвикани со дефицит на витамин Б6, радијациска болест, терапија со изониазид, хидралазин, циклосерин и пенициламин и др.

Предности на Synergy Vitamin B6 50mg

  • Една капсула содржи 50mg Витамин B6

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “SYNERGY VITAMIN B6 50mg 60 капсули”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 1500 ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 150 денари.

за сите нарачки во вкупен износ над 1500ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

1-3 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.