Метилкобаламинот се смета како најдостапна био-форма на витамин Б12 (кобаламин) и кога се раствора под јазикот, тој не се губи во дигестивниот процес, туку директно стигнува во крвотокот, со што значително се зголемува неговата апсорпција и ефективност. Витаминот Б12 е апсолутно важен за доброто ментално и физичко здравје. Тој е најголемиот и структурно најкомплицираниот витамин и може да биде синтетизиран само од страна на одредени пробиотски бактериски видови. Витаминот Б12 е суштествен за ДНК (генетски материјал на клетката) и дејствува со другите Б витамини за да се формираат сите типови на крвни клетки. Тој ја потпомага функцијата на мозокот (помнење и фокусирање), имунолошкиот систем, производството на енергија и метаболизмот на мастите, јаглехидратите и протеините. Тој ја помага нормалната работа на кардиоваскуларниот систем со одржување на нормални нивоа на хомоцистеин. Витаминот Б12 игра важна улога за плодноста и бременоста. Тој е круцијален за одржување на нервниот систем и за спречување на оштетувањето на миелинските обвивки, изолацискиот материјал кој што ги обвиткува нервните клетки. Исто така, на децата им е потребно постојано снабдување со витамин Б12 за здрав развој на нивниот имунолошки и нервен систем и за одржување на апетит. За жал, заради бројни различни прехрамбени, физиолошки и животни фактори недостатокот од витамин Б12 е вообичаен и е се поголем проблем денес, што може да доведе до анемија и бројни непријатни симптоми, вклучително ментална замагленост, слабо помнење и концентрација, замор, иритација, чувство на апатија и недостаток на мотивација, променливо расположение, слабост во мускулите или проблеми со спиењето. Недостатокот од овој витамин исто така може да придонесе за слабеење на имунитетот и повторени инфекции, оштетување на миелинските обвивки на нервните клетки, дефекти при раѓањето, губење на слухот поврзано со стареењето или зголемени нивоа на хомоцистеин и зголемен ризик од кардиоваскуларни проблеми.
Состав: Methylcobalamin (Vitamin B12) 1000μg.
Лица со мегалобласта анемија
Лица со гастректомија и тенкоцревна ресекција
Лица со недостаток на интризинг факторот
Вегани и вегетаријанци
Лица кои употребуваат ампуларна форма на Б12
Лица со малнутриција и малапсорпција
Оние кои често чувствуваат замор или исцрпеност и сакаат да ја зголемат енергијата
Вегани, вегетаријанци и сите оние кои што не користат извори на витамин Б12 во својата исхрана
Луѓе над 50 годишна возраст и особено повозрасните (како резултат од зголемувањето на недостатокот од гликопротеин заради стареењето)
Поединци со високи нивоа на хомоцистеин кои што сакаат да го подобрат здравјето на кардиоваскуларниот систем
Повозрасните лица и сите оние на кои што им треба подобрување на помнењето, концентрацијата и менталната бистрина
Поединците на кои што им треба помош за намалување на зачестеноста на повторени инфекции
Луѓето кои што имаат пониска желудочна киселина како резултат на редовна употреба на антациди или други фактори
Оние кои што земаат терапија за намалување на холестеролот како што се статини
Паровите кои што планираат бременост и бремените жени кои што имаат недостаток од витамин Б12
Луѓе кои што консумираат големи количини алкохол
Секој што сака да обезбеди правилни серумски нивоа на витаминот Б12
Лечење на мегалобластна анемија
Невропатии
Пернициозна анемија
Деца и возрасни над 12 години: по една таблета дневно по појадок, по потреба дозата може да се зголеми на две таблети. Таблетата се става под јазикот и се остава да се раствори најмалку неколку минути или се додека потполно не се раствори, бидејќи ако ја голтнете значително ќе се намали нејзината апсорпција и ефективност. Да не се пречекорува препорачаната дневна доза освен доколку тоа не е препорачано од соодветно квалификувано лице.
Овој производ нема коментари.