Форвита Витамин Б-12 100mcg сублингвални таблети

(0 оценки и коментари)

440 ден

Достапност: Нема на залиха

Бесплатна достава!

Cyanocobalamin

Сублингвални таблети 100 µg

Се издава без рецепт

Availability: outofstock
Бренд:Replek
Сподели:

Нема на залиха

ШТО ПРЕТСТАВУВА ФОРВИТА® Витамин Б12 И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

Витаминот Б12 е есенцијален витамин кој е растворлив во вода и кој во природата е присутен само во храна од животинско потекло и треба да се внесува со храна или со користење производи кои содржат витамин Б12.

Овој витамин е кофактор на два важни ензими неопходни за анаболните и катаболните процеси во организмот и има клучна улога во синтезата на ДНК, липидите и протеините, во клеточната делба, формирањето на еритроцитите и во миелинизацијата на нервните клетки.

Витаминот Б12 покрај тоа, е неопходен за одржување на нормалното ниво на хомоцистеинот во крвта, а со тоа и на структурата и функцијата на нервниот систем, особено за одржување на когнитивните функции (како концентрација, учење, меморија, резонирање), намалување на ризикот за нивно опаѓање со стареење и појава на Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, како и деменција. Нормалното ниво на хомоцистеинот е поврзано и со намален ризик од кардиоваскуларни и невроваскуларни болести, нарушување на функцијата на бубрезите, како и со можен намален ризик за појава на карцином.

Посебно внимание последниве години се посветува на проучување на неговата улога како имуномодулатор на целуларниот имунитет, пред сè во зголемување на бројот на CD8+ или NK клетките, кои се важни за уништување на канцер клетките.

Генерално, витаминот Б12 има улога во растот и одржувањето на здравјето на организмот, во сите фази на животот.

Ниското ниво на витаминот Б12 кај трудници е поврзано со зголемен ризик од дефекти на невралната туба. Одредени популациски групи со посебен животен стил, на пример вегани и вегетаријанци, се изложени на ризик од недостаток на витамин Б12, поради отсуство на витамин Б12 во нивната исхрана. Кај 10-30 % од постарите лица, како и лицата со одредени болести има намалена апсорпција на витамин Б12. За овие популациски групи се препорачува суплементација на витаминот Б12 за подобро општо здравје.

Најновите студии укажуваат на можни позитивни ефекти од примената на витамин Б12 при SARS-CoV-2 инфекција. Нивото на витаминот Б12 е поврзано со тежината на симптомите на SARS-CoV-2 инфекцијата, преку следниве проучувани механизми: намалување на оксидативниот стрес, подобрување на циркулацијата (со намалување на нивото на хомоцистеинот кој ја нарушува микроциркулацијата на кардиоваскуларниот систем, нервниот систем и бубрезите) и со противвоспалителното дејство.

За што се употребува граничниот производ ФОРВИТА® Витамин Б12

ФОРВИТА® Витамин Б12 придонесува за:

Нормална функција на имуниот систем;
Нормални психолошки и невролошки функции;
Нормално формирање на еритроцити;
Нормален метаболизам на хомоцистеинот;
Нормална клеточна делба;
Нормален енергетски метаболизам;
Намалување на замор и слабост.
ФОРВИТА® Витамин Б12 не претставува замена за стандардната пропишана терапија.

ПОДАТОЦИ ЗА ПРАВИЛНА УПОТРЕБА

ФОРВИТА® Витамин Б12 сублингвалната таблета се става под јазикот и се остава да се раствори неколку минути. Не се препорачува голтање, бидејќи со тоа значително ќе се намали нејзината апсорпција и ефикасност.

ФОРВИТА® Витамин Б12 сублингвалните таблети може да се земаат со или без храна.

Начин на употреба:

Возрасни и деца над 14 години: една таблета дневно се става под јазик. По потреба дозата може да се зголеми на 3 (три) таблети дневно.

Да не се надминува препорачаната дневна доза.

По препорака на лекар дозата може да се зголеми.

ФОРВИТА® Витамин Б12 не содржи глутен и лактоза.

Може да го употребуваат лица на вегетаријанска и/или веганска исхрана.

ПОДАТОЦИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗНААТ ПРЕД УПОТРЕБА

ФОРВИТА® Витамин Б12 не треба да се употребува при пречувствителност на витамин Б12 или на било која состојка на ФОРВИТА® Витамин Б12.

Пред употреба на ФОРВИТА® Витамин Б12 потребна е консултација со лекар или фармацевт.

СОСТАВ

Една сублингвална таблета содржи 100 µg витамин Б12 (Cyanocobalamin).

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 60 сублингвални таблети во пластичен контејнер со пластично капаче за индукциско затворање и внатрешно упатство.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Форвита Витамин Б-12 100mcg сублингвални таблети”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.