Бекутан Kids Vits Б-комлекс

(0 оценки и коментари)

274 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Б-комплекс сируп со вкус на ананас

Availability: instock
Бренд:Alkaloid, Becutan
Сподели:

Производот содржи комбинација на 7 витамини од групата Б-комплекс (витамин Б1, витамин Б2, витамин Б3, витамин Б6, витамин Б12, пантотенска киселина и биотин).

Дејство

Сирупот Becutan KIDS VITS Б-комплекс е дизајниран како поткрепа на разновидната исхрана кај децата. Помага за нормално искористување на енергијата во организмот и за намалување на заморот и на исцрпеноста.

Витаминот Б1 придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, нормална психолошка функција и за нормална функција на срцето.

Витаминот Б2 придонесува за нормална функција на нервниот систем, како и за заштита на клетките од оксидативен стрес.

Нијацинот придонесува за нормално функционирање на нервниот систем и за нормална психолошка функција.

Витаминот Б6 придонесува за нормална функција на нервниот систем и за нормална психолошка функција; придонесува за нормален метаболизам на протеините и на гликогенот; придонесува за нормално создавање црвени крвни клетки и за нормална функција на имунолошкиот систем.

Витаминот Б12 придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, за нормална психолошка функција, како и за нормално функционирање на имунолошкиот систем; придонесува и за нормално создавање црвени крвни клетки.

Пантотенската киселина придонесува за нормална ментална функција.

Биотинот придонесува за нормално функционирање на нервниот систем, за нормален метаболизам на макронутриентите, како и за нормална психолошка функција; придонесува за одржување нормална коса, кожа и мукозни мембрани.

Употреба

Производот е наменет за перорална употреба.

Препорачана дневна доза:

Деца од 1 до 3 години: ½ кафена лажичка (2,5 ml).

Деца над 4 години: 1 кафена лажичка (5 ml).

Сирупот Becutan KIDS VITS Б-комплекс се зема по оброк.

По потреба може да се раствори во вода или во овошен сок.

Да се протресе пред употреба.

Пакување:

Картонската кутија содржи шише од 100 ml, упатство за употреба и лажичка за полесно одмерување.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Бекутан Kids Vits Б-комлекс”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 1500 ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 150 денари.

за сите нарачки во вкупен износ над 1500ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

1-3 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.