Spiranto patch – Спиранто лепенка за деконгестија

(0 оценки и коментари)

350 ден

Достапност: Нема на залиха

Бесплатна достава!

ЛЕПЕНКА ЗА ДЕКОНГЕСТИЈА ЗА ДЕЦА И ВОЗРАСНИ, 5

Лепенката Spiranto е потполно природен и безбеден препарат кој содржи единствена комбинација од етерични масли од еукалиптус, нане и лаванда. Наменет е за инхалација при назални конгестии, го олеснува дишењето и ослободува од нелагодноста, за носињата на децата да дишат слободно.

Availability: outofstock
Сподели:

Нема на залиха

Зошто Spiranto Patch?

  • Го одзатнува носот и го намалува течењето на носот
  • Го олеснува дишењето
  • Активен до 8h – го покрива периодот во текот на ноќта

Пакување: 5 лепенки

 

Што е Spiranto Patch?
Лепенките Spiranto се потполно природен и безбеден препарат кој содржи единствена комбинација од етерични масла од еукалиптус, нане и лаванда, наменет за инхалација кај инфекции на горните респираторни патишта и алергиски ринитис. Лепенките се изработени од три различни слоеви кои ги содржат овие исклучително лековити и делотворни етерични масла. Дејствуваат така што етеричните масла лесно испаруваат и го одзатнуваат носот, го намалуваат течењето на секрет од носот, го олеснуваат дишењето и ја намалуваат кашлицата.

 

Предности на Spiranto Patch
Лепенките Spiranto имаат голема предност во однос на други инхалациони масти, бидејќи се лепат на облеката и не се нанесуваат директно на кожата, и поради тоа не предизвикуваат алергиски реакции на кожата. Исто така, не содржат додаток на ментол и камфор, состојки кои можат да бидат потенцијално штетни за детето. Лепенката Spiranto е активна 8 часа и дејствува речиси преку целата ноќ, што овозможува нормално дишење со помош на природна инхалација – вашето дете нема да кашла и ќе има мирни соништа.

Етеричното масло од еукалиптус е силен деконгестив – многу брзо го одзатнува носот. Допонително дејствува како експекторанс (за искашлување), противвоспалително и како силен антивиротик.

Етеричното масло од нане е традиционално познат лек. Дејствува како деконгестив и експекторанс, но и дополнително ги отпушта мускулите, ја намалува напнатоста, главоболката, кашлицата, настинката, засипнатоста, ја намалува телесната температура, ги редуцира симптомите на алергија.

Етеричното масло од лаванда е традиционално лековито и смирувачко масло. Има деконгестивни и експекторантни својства, како и моќно антибактериско и антивирусно дејство. Го подобрува сонот, благотворно дејствува на нервниот и мускулниот систем, ја намалува кашлицата, спречува инфекција на кожата и слузокожата и ја забрзува регенерацијата на ткивото.

 

За кого е Spiranto Patch?
Лепенките Spiranto се препорачуваат за возрасни и за деца постари од 2 години, при настинка, грип, алергиски ринитис и синузитис, течење на носот, затнат нос, болно грло, акутен и хроничен бронхитис. Се препорачуваат со терапија за вирусни и бактериски инфекции на горните респираторни патишта, за да се покрие периодот во текот на целиот ден и ноќ, при првите симптоми на настинка и грип, отежнато дишење и упорна кашлица.

 

Употреба
Лепенката се лепи на облеката (пижама и сл.) во пределот на градите. Дејството на природните испарувања од етеричните масла трае до 8 часа, па се препорачува примена на лепенките и пред спиење за да се покрие периодот на ноќта. Да не го користат оние кои се пречувствителни на етерични масла, како и астматичари.

Состав
Една лепенка во својот состав има три различни слоеви на самолеплив мартикс кој содржи етерично масло од еукалиптус, нане и лаванда.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Spiranto patch – Спиранто лепенка за деконгестија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 1500 ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 150 денари.

за сите нарачки во вкупен износ над 1500ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

2-5 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.