NBL Имуно формула

1,225 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

Таблет NBL Immuno Formula 30:
Овој додаток за храна ја подобрува урамнотежената исхрана со додавање на повеќе хранливи материи и енергија, промовирање на подобро здравје и помагање во физичкиот и менталниот раст.

Шифра: IMUNOZ15
Availability: instock
Бренд:Nobel ilac
Сподели:

Граничен производ кој содржи селен и бета глукан

Внимателно прочитајте го упатството пред да започнете со употребата на граничниот производ. Секогаш употребувајте го овој производ како што е опишано во ова упатство или како што Ви препорачал Вашиот лекар, фармацевт или здравствен работник.

  • Чувајте го упатството. Можеби ќе треба да го прочитате повторно.
  • Обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт за совет или доколку имате дополнителни прашања.
  • Доколку Ви се појават било какви несакани ефекти, или несакани ефекти кои не се наведени во ова упатство, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт (погледнете во делот 4).
  • Разговарајте со лекар доколку не се чувствувате подобро или се чувствувате полошо

Упатството за пациентот содржи:

  1. Што претставува НБЛ ИМУНО ФОРМУЛА и за што се употребува
  2. Што мора да знаете, пред да го употребите НБЛ ИМУНО ФОРМУЛА
  3. Како да го употребувате НБЛ ИМУНО ФОРМУЛА
  4. Можни несакани дејства
  5. Како да го чувате НБЛ ИМУНО ФОРМУЛА
1. ШТО ПРЕТСТАВУВА НБЛ ИМУНО ФОРМУЛА И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

Името на овој граничен производ е НБЛ ИМУНО ФОРМУЛА.
НБЛ ИМУНО ФОРМУЛА е производ кој го подржува имуниот систем .

2. ШТО МОРА ДА ЗНАЕТЕ, ПРЕД ДА ГО УПОТРЕБИТЕ НБЛ ИМУНО ФОРМУЛА

Не употребувајте го НБЛ ИМУНО ФОРМУЛА:

  • Ако сте алергични (хиперсензитивни) на активните супстанции или некоја од другите состојки на НБЛ ИМУНО ФОРМУЛА.

Консултирајте се со Вашиот лекар во случај на болест, употреба на лекови и доење .
Овој производ е наменет за возрасни.
Овој производ не е лек.
Не се употребува за превенција или третман на болест.

Ве молиме известете го Вашиот лекар или фармацевт доколку земате или сте земале било какви лекови, вклучувајќи ги и лековите купени без рецепт.

Употреба на НБЛ ИМУНО ФОРМУЛА со храна, пијалаци и алкохол

Не консумирајте алкохол пред или по употреба на НБЛ ИМУНО ФОРМУЛА.

Бременост и доење

Ве молиме известете го Вашиот лекар или фармацевт пред употреба на лекови.

  • Ако сте бремени или доите, разговарајте со Вашиот лекар или фармацевт за совет пред да почнете со употребата на овој производ.

Доколку забремените за време на употребата на овој производ, веднаш консултирајте се со Вашиот лекар.

Возење и употреба на машини

Не се изведени испитувања за влијанието врз способноста за возење и управување со машини. Ве молиме внимавајте додека возите или управувате со машини додека не дознаете како овој производ влијае на Вас.

3. КАКО ДА ГО УПОТРЕБУВАТЕ НБЛ ИМУНО ФОРМУЛА

За перорална употреба.

Не надминувајте ја препорачаната дневна доза.
НБЛ ИМУНО ФОРМУЛА се зема перорално.
Се препорачува да се зема 1 таблета дневно со оброк (за возрасни).
Вашиот лекар ќе одлучи како да го употребувате НБЛ ИМУНО ФОРМУЛА.

Времетраење на употреба

Освен ако Вашиот лекар не препорача поинаку, Ве молиме следете го упатството.
Вашиот лекар ќе Ве информира за периодот на употреба на НБЛ ИМУНО ФОРМУЛА.

Ако сте земале повеќе НБЛ ИМУНО ФОРМУЛА отколку што е потребно

Ако сте земале повеќе НБЛ ИМУНО ФОРМУЛА отколку што е потребно, треба да му кажете на Вашиот лекар или фармацевт.

Ако сте заборавиле да земете НБЛ ИМУНО ФОРМУЛА

Ако сте заборавиле да земете доза, земете ја веднаш штом се сетите, не земајте двојна доза за да се надоместите заборавената индивидуална доза.

4. МОЖНИ НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ

НБЛ ИМУНО ФОРМУЛА може да предизвика несакани ефекти, кои не се јавуваат кај сите кои го употребуваат овој производ.

Сите несакани ефекти пријавени за НБЛ ИМУНО ФОРМУЛА не се вклучени во ова упатство. Ако Вашето општо здравје се влошува или ако Ви се појави некој несакан ефект додека го земате овој производ, веднаш прекинете со употребата и консултирајте се со Вашиот лекар, фармацевт или друг здравствен работник за совет.

5. КАКО ДА ГО ЧУВАТЕ НБЛ ИМУНО ФОРМУЛА
Чувајте го на температура под 25°С, во оригиналното пакување .
Чувајте го на места кои се недостапни за деца.
Не го користете НБЛ ИМУНО ФОРМУЛА по истекот на рокот на употреба кој што е означен на пакувањето.

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.