NBL Гинобиотик

1,192 ден

Достапност: Нема на залиха

Бесплатна достава!

NBL Gynobiotic капсула

Пробиотските микроорганизми помагаат во регулирањето на дигестивниот систем и го поддржуваат имунолошкиот систем.
2 различни видови на пробиотици
екстракт од боровинки
Пробиотските микроорганизми помагаат во регулирањето на дигестивниот систем и го поддржуваат имунолошкиот систем.
Се зема еднаш до два пати на ден, наутро или навечер, со храна.

Availability: outofstock
Бренд:Nobel ilac
Сподели:

Нема на залиха

NBL GYNOBIOTIC (НБЛ ГИНОБИОТИК)

капсули, тврди

Екстракт од брусница, влакна (фруктоолигосахариди), пробиотски микроорганизми (Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus rhamnosus)

1. ШТО ПРЕТСТАВУВА НБЛ ГИНОБИОТИК И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

Името на овој граничен производ е НБЛ ГИНОБИОТИК.

Една тврда транспарентна капсула содржи Vaccinium macrocarpon (екстракт од брусница), фруктоолигосахариди (влакна, 90 %), Lactobacillus acidophilusLactobacillus rhamnosus.

Екстрактот од брусница може да биде ефективен против инфекции на уринарниот тракт затоа што спречува појава на Escherischia coli, бактеријата која што предизвикува најчесто инфекции на уринарниот тракт, преку прикачување за ѕидовите на мочниот меур.

Фруктоолигосахаридите практично не се варат во човечкиот дигестивен систем, па поради тоа пристигнуваат во дебелото црево непроменети, обезбедувајќи добар извор на храна за корисните бактерии, ја зголемува популацијата на бифидобактерии во дебелото црево и делуваат како несварливи влакна во исхраната.

Пробиотиците се живи микроорганизми, кои живеат во гастроинтестиналниот тракт и играат важна улога во варењето на храната и имунитетот. Овие пријателски бактерии помагаат во одржувањето на нормалната рамнотежа на цревната микрофлора.

Исто така, Lactobacillus acidophilusLactobacillus rhamnosus помагаат во обновувањето на вагиналната микрофлора.

НБЛ ГИНОБИОТИК го поддржува здравјето на дигестивниот, имуниот и уринарниот систем.

НБЛ ГИНОБИОТИК е погоден за обновување на цревната микрофлора и превенција на инфекции на уринарен тракт.

2. ШТО МОРА ДА ЗНАЕТЕ, ПРЕД ДА ГО УПОТРЕБИТЕ НБЛ ГИНОБИОТИК

Не употребувајте го НБЛ ГИНОБИОТИК:

  • Ако сте алергични (хиперсензитивни) на активните супстанции или некоја од состојките на НБЛ ГИНОБИОТИК.

Не надминувајте ја препорачаната дневна доза.

Чувајте го на места кои се недостапни за деца.

Консултирајте се со Вашиот лекар во случај на болест, употреба на лекови или за време на бременост или доење.

Овој производ не е лек.

Не се употребува за превенција или третман на болест.

Не содржи генетски модифицирани организми.

Ве молиме известете го Вашиот лекар или фармацевт доколку земате или сте земале било кои други лекови, вклучувајќи ги и лековите кои се издаваат без рецепт.

3. КАКО ДА ГО УПОТРЕБУВАТЕ НБЛ ГИНОБИОТИК

За перорална употреба.

Не надминувајте ја препорачаната дневна доза.

НБЛ ГИНОБИОТИКсе зема перорално.

Се препорачува да се земаат 2 капсули дневно, по можност со доручек или вечера.

Вашиот лекар ќе одлучи како да го употребувате НБЛ ГИНОБИОТИК.

Овој граничен производ е наменет за возрасни.

4. ЧУВАЊЕ НА НБЛ ГИНОБИОТИК

Чувајте го на температура под 25°C, во оригиналното пакување.

Чувајте го на места кои се недостапни за деца.

Не го користете НБЛ ГИНОБИОТИКпо истекот на рокот кој што е означен на пакувањето.

5. СОДРЖИНА НА ПАКУВАЊЕТО И ОСТАНАТИ ИНФОРМАЦИИ

Како изгледа НБЛ ГИНОБИОТИК и содржина на пакувањето

НБЛ ГИНОБИОТИКсе испорачува во кутија со 10 тврди транспарентни капсули.

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 1500 ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 150 денари.

за сите нарачки во вкупен износ над 1500ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

2-5 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.