Natura Therapy Curcuma Extract Екстракт од Куркума

295 ден

Достапност: Нема на залиха

Бесплатна достава!

КУРКУМИН екстракт e додаток на исхраната кој содржи 500 мг чист куркумин, екстракт од билката Куркума (Curcuma longa) со над 95% биоактивни куркуминоиди, збогатен со екстракт од црн бибер за подобрена апсорпција.

Редовната употреба на екстрактот од куркума овозможува внесување на:

• куркуминоиди, биоактивни молекули кои во клинички студии и научни истражувања покажуваат анти-инфламаторно дејство за смирување на тегобите на болните и отечени зглобови. Согласно ЕФСА, куркуминот делува анти-инфламаторно и помага во ослободување на болките во зглобовите и мускулите (ЕФСА прифатено тврдење ИД 2598);

• научна студија спроведена од страна на Институтот по Биологија при ПМФ и компанијата Плант Инженеринг потврди антиоксидативен капацитет и силна анти-инфламаторна активност на куркуминот во производот; (елаборат)

• не содржи кортикостероиди, за 100% природно дејство, безбеден за долгорочна употреба.

Препаратот е нaменет за смирување и регулација на сите видови воспаленија, отоци и болки во организмот, особено воспаленија на сврзното ткиво, зглобовите или мускулите, го подобрува и антиоксидативниот капацитет на организмот и помага во борбата со малигни заболувања и воспаленија на сите органи пособно воспаленија на цревата, крвните садови и простатата.

Availability: outofstock
Бренд:Natura Therapy
Сподели:

Нема на залиха

Пакување: 30 капсули, пластично пакување.
Дозирање и начин на употреба: се зема по 1 до 2 капсули во денот со вода по оброк.

Прочитај повеќе

Постојат над 10.000 студии кои го потврдуваат широкиот спектар на здравствени ефекти на куркуминот. Куркуминот, со сите истражувања до денес е најсилниот природен анти-инфламаторен елемент кој дури има поефикасно дејство од соодветните лекови. Покрај примарното антиинфламаторно дејство научни истражувања покажуваат дека куркуминот покажува и силно анти-оксидативно дејство, анти-тумурогено, анти-улцеративно, хепато-протективно, хипо-гликемиски и анти-микробно, анти-вирално и анти-фунгално дејство. Важно е да се истакне дека Екстрактот од Куркума е одличен природен препарат кој има силно аналгетско дејство за смирување на болки и кај сите состојби со хронични болки и воспалнија може да се користи долгорочно, без прекин, што е многу подобра варијанта наместо нестероигните анти-инфламатори како ибупрофен, парацетамол, диклофен-ак, ибупрофен или кортико стероидните препарати, кои при долготрајна употреба можат да го оштетат желудникот и можат да имаат несакани штетни дејство на долг рок!

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 1500 ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 150 денари.

за сите нарачки во вкупен износ над 1500ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

1-3 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.