Natura Plus BioBran MGN-3 Подобар Имунитет

(0 оценки и коментари)

3,548 ден

Достапност: На залиха

Бесплатна достава!

BioBran MGN -3 претставува додаток во исхраната( функционална храна) добиен со разложување на оризовите влакна со помош на ензими од шитаке печурки. Биобран МГН – 3 содржи природна мешавина на хемицелулози, од кои најважен е арабиноксилан комплексот. Иако во процесот на производство се користат ензими од шитаке печурки, Биобран МГН – 3 како финален производ не содржи печурки и е безбеден за лица со алергија на печурки.

Биобран МГН – 3 претставува оригинален јапонски производ, произведен од страна на Daiwa Pharmaceutical Co.Ltd, во Токио.

Биобран МГН – 3 е достапен како таблети и во форма на прав, во ќесички:

  • Биобран МГН- 3 250 арабиноксилан комплекс 250 мг./табл; 50 таблети и
  • Биобран МГН – 3 1000 арабиноксилан комплекс 1000 мг во прав/ ќесичка; 30 ќесички.

Дозирање : 4 таблети на ден или 1 ќесичка( 1 грам) , половина час после оброк.

Шифра: BIOBRA10
Availability: instock
Бренд:Natura-Plus
Сподели:

BioBran MGN -3 е нетоксичен , глуконутритивен додаток во исхраната добиен со разложување на оризовите влакна со помош на ензими од Шитаке печурки и со над 50 базични и клинички стидии е докажано дека ја подобрува активноста на одбранбените клетки во организмот. Овој уникатен, патентиран MGN- 3 арабиноксилан комплекс е толку успешен во подобрувањето на активноста на имунолошкиот систем, што проф. M.Ghoneum од Drew University of Medicine and Science тврди : “Повеќе од 30 години истражувам имуномодулатори и BioBran MGN – 3 е еден од најмоќните имунолошки комплекси што сум ги тестирал досега.”
Ензимите и дигестивните сокови ја разложуваат храната што ја внесуваме во дигестивниот систем на помали состојки, за да можат потоа да се ресорбираат низ ѕидот на тенкото црево во крвотокот. Протеините се разградуваат на пептиди и аминокиселини, јаглехидратите на олигосахариди и декстроза( глукоза), додека мастите на глицерол и масни киселини. Растителните влакна , од друга страна пак, остануваат како нерастворливи и недигестирани само минуваат низ диг. систем. Растителните влакна со помала молекуларна маса, сепак можат да се ресорбираат низ ѕидот на тенкото црево во циркулацијата. BioBran MGN – 3 целосно се ресорбира во тенкото црево и непроменет влегува во крвотокот каде што делува врз одбранбените клетки( НК кл., Т и Б лимфоцитите, макрофагите), односно ги активира.
BioBran MGN – 3 е оригинален јапонски производ, произведен од страна на Daiwa Pharmaceutical во Токио, која има развиено уникатен и патентиран процес при кој оризовите лушпи се парцијално хидролизирани, користејќи ензими од Шитаке печурки и при тој процес се добива природна мешавина од хемицелулози, од кои најважен е арабиноксилан комплексот или b – 1,4 xylophyronase hemicellulose. BioBran MGN – 3 содржи полисахариди со пократки синџири, што му овозможува на организмот полесно да ги ресорбира, без несакани или токсични ефекти.Иако во процесот на производство се користат ензими од печурки, крајниот производ не содржи печурки и е со таква чистота, што е безбеден за употреба од страна на лица со алергија или нетолеранција на печурки.

ФУНКЦИЈАТА НА БИОБРАН ВО ОРГАНИЗМОТ :

BioBran MGN – 3 ја подобрува активноста на одбранбените кл( НК кл., Т и Б лимфоцитите, макрофагите и др.) преку зголемување на продукцијата на цитокини( интерферони, интерлеукини и тумор некрозис фактор). Преку многубројни испитувања, докажано е дека БиоБран ја зголемува активноста на НК- клетките за 300 % и повеќе, на Т и Б лимфоцитите за 200 – 250 % и сето тоа без несакани ефекти.
Ефикасноста на БиоБран МГН – 3 е потврдена во многубројни клинички испитувања во познати светски универзитети во САД, Европа и Јапонија.

КАКО ПРАВИЛНО СЕ УПОТРЕБУВА БИОБРАН МГН – 3?

Бидејќи во организмот не содава резистентност, овој додаток во исхраната може сосема безбедно и ефикасно да се користи подолг временски период, без потреба да се зголемува постепено дозата.
Се препорачува да се зема минимум 500 мг на ден, 30 минути после оброк, додека поголемите дози потребно е да се поделат на 3 дози( после појадок, ручек и вечера).
Препорачуваме да го известите Вашиот доктор доколку го користите овој суплемент, за да може истиот да се интегрира во Вашиот третман.

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Natura Plus BioBran MGN-3 Подобар Имунитет”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.