За производот
МаксоМуцил 600 е формулиран врз основа на Н-ацетилцистеин (NAC), прополис, ехинацеа и витамин Ц.
Н-ацетилцистеин е силен муколитик, кој го разредува густиот, вискозен секрет и овозможува негово полесно исфрлање, што го враќа нормалниот проток на воздух низ дишните патишта и го олеснува дишењето. Н-ацетилцистеин, исто така, покажува антиоксидантна активност, со тоа што ги штити клетките од штетните ефекти на слободните радикали кои ја нарушуваат нивната структура и функција.
Прополисот придонесува за нормалната функција на имунолошкиот систем и благодарение на неговото природно антимикробно дејство, ја штити мукозната мембрана на респираторниот тракт од развој на бактериски, вирусни и габични инфекции. Прополисот содржан во МаксоМуцил е стандардизиран на 10% флавоноиди. Флавоноидите како основни активни принципи на прополисот се одговорни за неговото имуностимулаторно дејство и зајакнување на одбраната на организмот. Поради неговиот специфичен состав, не може да се развие отпорност на прополис.
Ехинацеата има имуностимулативно, антиинфламаторно и антисептично дејство. Ја зголемува одбраната на организмот со активирање на клетките на имунолошкиот систем одговорни за препознавање и елиминирање на патогени (бактерии, вируси) и придонесува за зајакнување на неспецифичниот имунитет.
Витаминот Ц придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес, нормален метаболизам на енергијата и намалување на заморот и исцрпеноста.
Чести прашања
Што се експекторанси, а што муколитици?
Експекторантите се агенси кои го олеснуваат и забрзуваат отстранувањето на бронхијалните секрети (слуз) од дишните патишта.
Муколитиците се еден од трите типа на експекторанси кои работат со разредување на густата, вискозна секреција во дишните патишта и го олеснуваат неговото искашлување.
Која е функцијата на секретот (мукус) во дишните патишта?
Мукусот е е провидна вискозна секреција на мукозните мембрани (слузница) која се состои од муцин, десквамирани епителни клетки, леукоцити и разни неоргански соли растворени во вода. Тоа е заштитен слој, кој ги обложува мукозните мембрани на респираторниот тракт и ги штити од хемиски и механички оштетувања.
Редовното исфрлање на слуз (мукоцилијарен клиренс) е природен, физиолошки процес со кој дишните патишта се штитат од негативното влијание на надворешната средина (инфективни агенси, алергени, непожелни макромолекули).
Како резултат на дејството на инфективните агенси, густината и вискозноста на слузот се зголемуваат и го спречуваат нормалниот процес на прочистување и како такво претставува добра основа за развој на бактерии и ширење на инфекција.
Како прополисот и ехинацеа придонесуваат за зајакнување на имунитетот?
Имуностимулаторниот ефект на прополисот се заснова на стимулација на синтезата на интерферон при контакт со патоген (обично вирус). Прополисот во помали дози има бактериостатско дејство, додека неговите повисоки дози имаат и бактерицидно дејство. Дејствува и на грам-позитивни и на грам-негативни бактерии, во помали дози и има посилен ефект врз грам-позитивни бактерии.
Ехинацеа ја зголемува одбраната на телото со зголемување на бројот на леукоцити, зајакнување на неспецифичен имунитет, активирање на макрофаги кои уништуваат патогени (бактерии и вируси) во процесот на фагоцитоза и стимулирање на синтезата на интерферон.
Прополисот и ехинацеа, заедно, го забрзуваат закрепнувањето, спречуваат понатамошно ширење на инфекцијата, развој на суперинфекција и повторување.
Индикации
- Продуктивна кашлица
- Зголемена секреција во дишните патишта и отежнато дишење
- Бактериски и вирусни респираторни инфекции придружени со кашлица
Состав
Пакување: 10 кесички
Начин на употреба: еднаш дневно содржината се раствора во пола чаша вода, се промешува и се пие веднаш. Се препорачува внес на поголема количина на вода во текот на денот.
Состав на производот:
Активни состојки | 1 кесичка | Препорачан дневен внес |
Н-ацетилцистеин | 600 мг | / |
Витамин Ц ( во облик на Л-аскробинска киселина) | 120 мг | 150% |
Сув екстракт од корен од ехинацеа (Echinacea purpurea), 6:1 | 80 мг | / |
Сув екстракт од прополис стандардизиран на минимум 10% флавоноид | 30 мг | / |
Вкус на портокал.
Овој производ нема коментари.