1.Што содржи АРТРОН Актив
Состав на три таблети (препорачан дневен внес)
Глукозамин сулфат . 2KCl | 1 500 mg |
Хондроитин сулфат | 300 mg |
Сератиопептидаза | 30 mg |
Манган Manganese gluconate | 3 mg |
Исполнувачи: микрокристална целулоза , скроб, лактоза монохидрат, натриум кроскармелоза антислепувачки агенти: силициум диоксид, магнезиум стеарат, талк; стабилизатор: желатин ; Глазирачки агенси анјонен метакрилат кополимер, боја- титаниум диоксид, прочистена вода.
2.Каква е намената на АРТРОН Актив и за што се користи
АРТРОН актив е иновативна комбинација за здрави зглобови, ткива и рскавици
- Глукозамин / Glucosamine / влијае на активноста на мускуло-скелетниот систем. Ја одржува структурата на зглобовите, зглобните обвивки и тетивите. Глукозамин придонесува за градење на ‘рскавичното ткиво, ја помага функцијата на скелетот и покажува благопријатен ефект за нормалната заштита на зглобовите, тетивите и’ рскавичното ткиво.
- Хондроитин / Chondroitin / е гликозамингликан, кој под форма на протеогликан е една од најважните состојки на сврзното ткиво, тетивите и зглобовите. Хондроитин сулфат е важна компонента на основното средство на коската и на ‘рскавицата. Придонесува за одржување на интегритетот на ‘рскавичниот матрикс.
- Сератиопептидаза / Serratiopeptidase / e протеолитички ензим со протеинска структура добиен од ентеробактеријата Serratia marcescences. Придонесува за природно обновување на ткивата.
- Манган / Mn / е минерал кој учествува во многу ензимски системи во организмот и е важна компонента во исхраната. Манганот придонесува за развојот на коскеното ткиво и за одржување во нормална состојба на зглобната течност. Според Европската Агенција за Безбедност на храната / EFSA – European Food Safety Authority / внесувањето на манган придонесува за:
- Заштита на ДНК, протеини и липиди од оксидативна штета;
- Одржување на нормални коски;
- Нормално одвивање на метаболизмот и производството на енергија;
- Има придонес кон нормалното формирање на сврзното ткиво.
4.Пред да земете АРТРОН Актив
Не го користете АРТРОН Актив ако сте чувствителни на активните материи или на некој од помошните состојки. Додаток во исхрана. Не треба да се користи како замена за разновидна исхрана. Да не се пречекорува препорачаната доза!
5.Како да го користите АРТРОН Актив
За возрасни и деца над 15 години – по 1 таблета 3 пати на ден пред јадење. Таблетата да се земе цела без да се крши(цртата на таблетата не е наменета за кршење на истата)
6.Како се чува АРТРОН Актив
На собна температура, на места недостапни за деца.Не користете АРТРОН Актив после истекот на рокот кој е означен врз картонската опаковка или кесичката