Imuno Beta Glukan – Имуно Бета Глукан

(0 оценки и коментари)

448 ден

Достапност: Нема на залиха

Бесплатна достава!

СИРУП ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ ЗА ДЕЦА И ВОЗРАСНИ, 200g

Сирупот Imuno Beta Glukan во својот состав содржи бета-Д-глукан изолиран од буковка, витамин Ц и цинк – комбинација на состојки што придонесува во подобрување на имунолошкиот одговор и одбрамбената реакција од вируси, бактерии, габички и сите останати микроорганизми и токсини кои претставуваат закана врз здравјето на организмот. Се препорачува при состојби на ослабен имунитет, чести инфекции на респираторниот тракт и хронични воспаленија, а позитивно делува и во намалување на нивото на LDL-холестеролот и нормализирање на гликемијата.

Availability: outofstock
Сподели:

Нема на залиха

Зошто Imuno Beta Glukan?

  • Содржи ß-глукан, цинк и витамин Ц
  • За зајакнување на имунитетот кај деца и возрасни
  • Со вкус на јагода

Пакување: 200g

 

Што е Imuno Beta Glukan?
Сирупот Imuno Beta Glukan е додаток во исхраната за деца и возрасни на база на природен ß-глукан, витамин Ц и цинк. Помага кај сите состојби кои можат да доведат до нарушување на рамнотежата на функционирање на имунолошкиот систем, како и вирусни и бактериски инфекции и периоди на зголемен стрес, замор и исцрпеност. Корисен е и по хируршки интервенции како додаток во терапија со антибиотици, за брзо заздравување на рани, како и при изложеност на разни видови на зрачења.

 

Предности на Imuno Beta Glukan
Сирупот Imuno Beta Glukan во својот состав содржи потполно природен биоактивен полисахарид бета-Д-глукан изолиран од печурката буковка (Pleurotus ostreatus), витамин Ц и цинк. Едноставното дозирање и добриот вкус на јагода овозможуваат примена сирупот и кај деца од 3 години.

β-глукан припаѓа на групата диетски влакна растворливи во вода, полисахарид кој не се разградува во организмот и има многубројни поволни ефекти на човечкото здравје. Во тенкото црево се врзува за рецепторите на имуните клетки (макрофаги, моноцити и неутрофили) и ја зголемува нивната активност во препознавањето и уништувањето на причинителите на болеста. Со стимулација на имунолошкиот систем (имуномодулаторнта активност), β-глуканот придонесува во заштита од разни бактериски, вирусни и габични инфекции. Потврдено е дека може да влијае и на снижување на нивото на вкупниот ЛДЛ-холестерол, на подобрување на функцијата на ГИТ и на нормализирање на гликемијата.

Витаминот Ц е најважен антиоксиданс кој се раствора во вода и е силен редукциски агенс. Придонесува за правилна функција на имунолошкиот систем, за заштита на клетките од оксидативен стрес, како и за смалување на заморот и исцрпеноста. Исто така учествува во синтеза на колагенот.

Цинкот е есенцијален елемент во човековата исхрана кој учествува во разни биолошки процеси. Неопходен е за правилен раст и развој, полово созревање и репродукција, прилагодување на видот во темница, олфакторни и густативни активности, складирање и ослободување на инсулин. Цинкот се користи и за превенција од настинка и грип, како и кај хронични инфекции, бидејќи го стимулира имунолошкиот систем и има антиоксидативна улога.

 

За кого е Imuno Beta Glukan?
Сирупот е наменет за возрасни и за деца над 3 годишна возраст, при состојби во кои има потреба од зајакнување на имунитетот, како помош кај вирусни, бактериски и габични инфекции, во периоди на зголемен стрес, замор и исцрпеност, како додаток во терапија со антибиотици, за брзо заздравување на рани, како и при изложеност на разни видови на зрачења.

 

Употреба

Се препорачува да се земаат следните дози, еднаш дневно, во рок од 2 до 4 недели, на празен желудник, наутро или навечер, според возраста:

  • Деца постари од 3 години: 1ml на 5kg телесна маса
    (за 10kg телесна маса 2ml сируп, за 15kg телесна маса 3ml сируп, за 20kg телесна маса 4ml сируп, за 25kg телесна маса 5ml сируп, за 30kg телесна маса 6ml сируп)
  • Возрасни: 15ml

Се препорачува консултација со лекар за употреба кај деца под 3 годишна возраст, бремени жени и доилки.

 

Нутритивни вредности

Типични вредностиВо 100gВо доза од 1ml (1,15g)Во доза од 15ml (17,25g)
Енергетска вредност468,9kJ / 110,3kcal5,39kJ / 1,27kcal80,85kJ / 190,05kcal
Масти<0,1g<0,001g<0,015g
  -од кои заситени<0,1g<0,001g<0,015g
Јаглехидрати26,8g0,31g4,65g
  -од кои шеќери26,3g0,31g4,56g
Протеини0,79g0,01g0,15g
Сол<0,2g<0,002g<0,03g
Активни состојки:
Витамин Ц891,34mg10,25mg (12,8% ПВ*)154mg (192,5% ПВ*)
Цинк65,22mg0,75mg (7,5% ПВ*)11,2mg (112% ПВ*)
Сув екстракт од буковка5130mg59mg440mg

*ПВ – препорачан дневен внес

 

Состав

Пречистена вода, кристална фруктоза, сув екстракт од печурката буковка (Pletorus ostreatus) стандардизиран на минимум 35% бета-Д-глукан, хумектант (глицерол), Л-аскорбинска киселина (витамин Ц), цинк глуконат, арома на јагода, згуснувач (ксантан гума), козерванс (натриум бензоат).

Овој производ нема коментари.

Бидете први и оценете го “Imuno Beta Glukan – Имуно Бета Глукан”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со секоја нарачка добивате ФИСКАЛНА СМЕТКА

Начини на плаќање

- На врата при достава во готово;

- На врата при достава со платежна картичка;

- Онлајн со платежна картичка (Visa, MasterCard). Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Халк Банка. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска потврда на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт. При испораката ќе добиете фискална сметка.

Достава

eVit.mk испорачува на територија на целата држава и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака.

Моменталната цена на испораката е транспарентно наведена како посебна ставка во вкупната сума при купувањето:

за сите нарачки во вкупен износ до 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 120 денари.

За плаќање при достава се наплаќа надомест од 30 денари

за сите нарачки во вкупен износ над 800ден. цената за достава на целата територија на државата изнесува 0,00 ден, односно доставата е бесплатна.

Испрораката се извршува на територијата на цела држава од понеделник до петок и тоа:

на територија на Скопје и околината:

Нареден работен ден – за сите нарачки кои ќе се извршат претходниот работен ден до 13:00 часот

На територија надвор од Скопје

1-2 работни денови.

Имајте во предвид дека во сабота и недела и на државни празници не испорачуваме поради тоа што и нашите добавувачи не работат, па така и ние ги користиме празниците и викендите да се релаксираме и празнуваме.

Доколку курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде доставено писмено известување во електронска форма за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.