Зошто Immun Action?
- Поддршка на природната одбрана на организмот
- Го намалува времетраењето на настинката и грипот
- Природен препарат на база на растителни екстракти
- Во растителна капсула погоден за вегетаријанци
Што е Immun Action?
Immun Action е додаток во исхраната за помош на природната одбрана на организмот базиран на ехинацеа (Echinacea angustifolia), табебуја (Tabebuia avellanedae), андрографис (Andrographis) и мачкина шепа (Uncaria tomentosa), состојки кои се користат за лечење на многу здравствени нарушувања, меѓу кои и настинки и грип, и кои служат за природно подобрување на имунитетот. Ферментираната папаја и грејпфрут го комплетираат производот благодарение на нивното антиоксидативно дејство. Физиолошките ефекти врз природната одбрана на додатокот Immun Action беа тестирани на Универзитетот во Торино и објавени од престижното научно списание „Colorectal desease“ и достапни во базата на податоци на Pubmed.
Предностите на Immun Action
Immun Action е природен препарат за поддршка на природната одбрана на телото. Ги активира природните одбранбени механизми на организмот, особено против болести и воспаленија на дишните патишта. Исто така го намалува времетраењето на типичните зимски заболувања, го поттикнува побрзото закрепнување од грип и има позитивен ефект во случај на вирусни релапси. Ја подобрува отпорноста на организмот од агресија на сите патогени во превентивен клуч (неспецифична имунолошка индукција) и ја зголемува имунолошката одбрана на балансиран начин. Покрај тоа заштитува од оксидативно оштетување и ги неутрализира вишокот на слободни радикали со оптимизирање на функциите на ендогениот антиоксидантен систем.
За кого е Immun Action?
За оние кои сакаат да го заштитат организмот, особено во постудената сезона, како и во периоди на интензивен физички стрес, и да ја поддржат природната одбрана на телото и функционалноста на горниот респираторен тракт. Може да се зема и подолго време, но не повеќе од 3 непрекинати месеци. Не се препорачува за бремени жени.
Употреба
Препорачуваме да се зема помеѓу оброците со многу вода:
– 2 капсули дневно, како поддршка за организмот;
– 3 капсули дневно, во постудените периоди и пероиди на интензивен физички стрес.
Нутритивни вредности
Количини за препорачани дневни дози: | 2 капсули | 3 капсули |
Сув екстракт од кора од табебуја | 159,1mg | 238,6mg |
нафтокинони | 4,8mg | 7,2mg |
Кора од мачкина шепа во прав | 159,1mg | 238,6mg |
Корен на ехинацеа во прав | 118,1mg | 177,1mg |
Сув екстракт од изданок од | 118,1mg | 177,1mg |
андрографолиди | 11,8mg | 17,7mg |
Сув екстракт од корен на ехинацеа | 77,1mg | 115,6mg |
ехинакозиди | 77,1µg | 115,6µg |
Сув екстракт од семе од грејпфрут | 75,4mg | 113,2mg |
биофлавоноиди | 37,7mg | 56,6mg |
Ферментиран плод од папаја во прав | 36,1mg | 54,1mg |
Сув екстракт од кора од мачкина шепа | 36,1mg | 54,1mg |
алкалоиди | 1,1mg | 1,6mg |
Состав
Сув екстракт од кора од табебуја (Tabebuia avellanedae) титриран до 3% нафтокинони, прав од кора од мачкина шепа (Uncaria tomentosa), прав од корен од ехинацеа (Echinacea angustifolia), сув екстракт од изданок од андрографис (Andrographis) титриран до 10% андрографолиди, сув екстракт од корен на ехинацеа (Echinacea angustifolia) титриран до 0,1% ехинакозиди, сув екстракт од семе од грејпфрут (Citrus paradisi) титриран до 50% биофлавоноиди, цредство против згрутчување (магнезуим стеарат), прав од ферментиран плод од папаја (Carica papaya), сув екстракт од кора од мачкина шепа (Uncaria tomentosa) титритан до 3% алкалоиди, обвивка (растителна капсула – хидроксипропилметил целулоза).
Овој производ нема коментари.