Uriprinol таблетите претставуваат уникатна комбинација на есенцијални витамини и внимателно одбрани билни екстракти, со докажан ефект во намалувањето на штетните концентрации на урична киселина и можат да бидат од голема помош кај пациентите кои боледуваат од ГИХТ.
Може да помогне во одржување на нормално ниво на урична киселина, може да ја намали болката во зглобовите,посебно во стапалата кое е и предоминантно место за ГИХТ и делува инхибиторно на инфламаторниот процес.
ГИХТ претставува инфламаторен артритис кој предизвикува неподносливи болки како резултат на депонирање и кристализација на урична киселина во зглобовите, предоминантно во зглобовите на екстремитетите но и во други ткива. Хиперурикемија, односно концентрација на урат во серумот над растворливоста на оваа супстанција, претставува најголемиот ризик фактор за појава на ГИХТ и тоа како резултат на зголемено создавањена урична киселина, попречена ренална екскреција на урична киселина или комбинација од овие три механизми.
Дополнително, пореметувањето во метаболизмот на пурини како и неадекватна концентрација на фолат во организмот може да биде ризик фактор во развојот на ГИХТ.
Сеуште не ни е позната поврзаноста на појавата на ГИХТ и недостатокот на витамин Ц, но многу клинички студии покажале дека суплементација на 500mg витамин Ц на ден и повеќе, допринесува во намалувањето на серумската концентрација на урична киселина.
Уште многу одамна, но посебно во последните неколку декади, црешите се предмет на се поголем интерес како од пациентите, така и од медицинските лица како потенцијално ефективен пристап во превенцијата и справувањето со ГИХТ. Екстрактот од монтморенси цреша содржи висока концентрација на антоцијани кои покажале потентни антиинфламаторни особини против серијата инфламаторни процеси кои се поттикнати од кристалите на мононатриумурат. Антоцијаните покажуваат и антиоксидантни особини со што делуваат инхибиторно врз циклооксигеназната активност. Поновите истражувања покажуваат дека екстрактот од цреша ја намалува концентрацијата на урат преку зголемување на гломеруларната филтрациона рата како и намалување на тубуларната реапсорпција. Конзумирањето на екстракт од монтморенси цреша можа да го намали ризикот од напад на ГИХТ кај веќе дијагностицирани пациенти.
Турмерик претставува полновреден екстракт од ризомот на растението Curcuma longa богат со голем број на куркуминоиди но доминантно со куркумин. Има потентно антиоксидантно и антиинфламаторно дејство.Може да има голема улога во намалувањето на воспалителниот процес и болката асоцирани со акутен напад на ГИХТ.
Екстрактот од зелено кафе претставува еден од најбогатите извори на хлорогенска киселина, полифенол кој е евидентиран и во Кинеската медицина по своите ефекти против ГИХТ. Студиите покажале дека хлорогенската киселина има потентен ефект во намалувањето на серумските концентрации на урична киселина преку инхибиција на активноста на ензимот ксантин оксидаза притоа без да ја зголеми концентрацијата на урична киселина во урината. Дополнително, хлорогенската киселина ги подобрува симптомите на инфламацијата, предизвикана од кристалите на мононатриумурат и тоа преку инхибиција на создавањето на проинфламаторни цитокини вклучувајќи ги IL-1β, IL-6 и TNF-α.
Екстрактот од лист на банаба се користел во народната медицина на Филипините уште многу одамна и тоа пред се за неговите антидијабетични ефекти. Содржи големи концентрации на танини, пред се елагни танини како икоросолна киселина. Коросолната киселина поседува значителни антиинфламаторни ефекти.
Танините и продуктите на нивната хидролиза кои се присутни во екстрактот од лист на банаба покажале потентно инхибитодно дејство врз ензимот ксантин оксидаза и тоа поголем од оној на алопуринол. Клиничните студии го докажуват дејството на екстрактот од лист на банаба во превенција и третман на хиперурикемија.
Екстрактот од семе од целер има докажано антивоспалително и антиоксидантно дејство и тоа поради присутството на фенолни соединенија како седанолид. Есктрактот од семе на целер има и инхибиторна циклоксигеназна активност на што се должи и неговото антиинфламаторно дејство.
Поседува и потентно инхибиторно дејство кон ксантин оксидаза и тоа со над 91% инхибиција, ензим кој го претвора ксантин во урична киселина.
Состав: Витамин Ц, екстракт од лист на банаба, екстракт од зелено кафе, екстракт од семе на целер, турмерик, екстракт од монтморенси цреша
Состав во две таблети: Vitamin C 250mg, Folate (L5 Methyltetrahydrofolate) 200μg, Montmorency Tart Cherry Fruit Powder (10:1) 1000mg, Celery Seed Extract (10:1) 80mg, Green Coffee Bean Extract (12:1) (Standardised for 50% Chlorogenic Acid) 200mg, Turmeric Extract (10:1) 100mg, Banaba Leaf Extract (10:1) (Standardised for 1% Corosolic Acid) 100mg.
За оние со високо ниво на урична киселина.
За оние кои конзумираат храна богата со пурини (црвено месо, морска храна, алкохол, шекерни пијалоци).
За оние кои страдаат од оток, болка и црвенило на палците или страдаат од гихт.
Може да помогне во одржување на нормално ниво на урична киселина.
Може да помогне во намалувањето на болката во зглобовите, особено на стапалата.
Може да помогне во спречување на воспалителните процеси.
Возрасни и деца над 14 год. една до две таблети на ден за време на оброк. Да не се надминува препорачаната дневна доза, освен ако не е така советувано од соодветно квалификувано лице.
Без глутен, брашно, млечни производи, шеќер, сол, вештачки бои, конзерванси и вкусови.
Додатоците во исхраната не треба да се користат како замена за разновидна исхрана.
Овој производ нема коментари.